ТенисРаониќ го откажа учеството на УС ОпенКанадскиот тенисер со црногорско потекло Милош Раониќ преку социјалните мрежи соопшти дека нема да учествува на УС Опен поради повреда на левата рака. -Како што е познато изминатиот период имав проблеми со зглобот на левата рака. Тоа беше причината да се повлечам од Мастерсот во Синсинати. Не успеав да ја санирам повредата и во консултација со мојот лекар одлучив да го откажам учеството на УС Опен, објави Раониќ. Претходно, исто така поради повреда, своите настапи на Отвореното првенство на САД ги откажаа Новак Ѓоковиќ, Стен Вавринка и Кеи Нишикори. Главниот турнир во двете конкуренции на Грен слемот во Њујорк почнува в понеделник (28 август) и ќе трае до 10 септември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИсториски меч за фудбалската селекција на БиХ на СП2026Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина вечерва во Санта Клара ќе го одигра најзначајниот натпревар во својата историја. Во осминафиналето на Светското првенство, популарните „змејови“ ќе се сретнат со еден од кодомаќините на Мундијалот, Соединетите Американски Држави. Победникот од овој натпревар ќе обезбеди место меѓу 16-те најдобри репрезентации во светот. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Левис“, со почеток во 17:00 часот по локално време, односно ноќта меѓу 1 и 2 јули во 2-00 часот по наше време. БиХ стигна до нокаут фазата како една од најдобрите третопласирани селекции, со четири освоени бода, по нерешениот резултат против Канада и големата победа над Катар во Сиетл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Георгина на Роналдо во бикини без филтери Вереницата на најплатениот свтески фудбалер Кристијано Роналдо, атрактивната Георгина Родригез е „уловена“ од папараците на плажа во Мајами. Бујната Георгина Родригез е фатена во одлично беше расположение како ужива на сонцето со група пријатели на плажите во Мајами за време на Светското првенство на кое настапува нејзиниот сакан. Георгина која со Кристијано има големо семејство од пет деца изгледаше шармантно во црн бикини горен дел што го врза околу вратот, додека околу колковите врзала розова марама. Сите забележаа дека бујната Георгина на фотките изгледа природно, бидејќи тие не се обработени за објавување на социјалните мрежи. Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Најпознатата српска екс снајка во секси бикини Младата српска пејачка Милица Јокиќ работи напорно и настапува речиси секој ден, а сега реши малку да забави и да си даде одмор.Атрактивната пејачка која во јавноста е позната и како екс снајка на српскиот министер Ивица Дачиќ, отпатува на море за да ги наполни батериите пред напнатата летна сезона, а нејзините фотографии од плажа предизвикаа општа возбуда на мрежите. Убавата Милица ги воодушеви фановите со фотки на кои блеска во секси бикини. Долго време, Милица беше во емотивна врска со синот на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ. Милица започна врска со Лука во 2020 година, и иако на почетокот ги криеја своите емоции од јавноста, подоцна се појавуваа заедно на настани и се поддржуваа еден со друг. Милица постојано нагласуваше дека Лука е голема поддршка за неа, додека редовно присуствуваше на нејзините настапи и важни настани во нејзината кариера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter