3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
ЗдравјеРамен стомак по 40-тата – Славните дами откриваат проверен рецепт!Годините не се пречка, пробајте ги овие трикови на познатите жени и резултатите нема да изостанат.На многу жени рамниот стомак им делува како невозможна мисија, особено по 40-тата, кога метаболизмот природно станува побавен, а масните наслаги полесно се таложат. Сепак, овие познати дами докажуваат дека годините не се пречка за затегнат изглед, со правилни навики и дисциплина може да се задржи витката става и после 40-тата година. Целта не е да се има совршено рамен стомак, како во 20-тите, туку да го намалите салото што се таложело низ годините поради неправилната исхрана. Клучот е во прилагодената исхрана и редовното вежбање, а токму тоа го практикуваат и познатите актерки и пејачки кои со децении изгледаат беспрекорно на црвениот тепих. Ева Лонгорија Американската актерка Еве Лонгорија, позната по улогата на Габриел Солис во серијата „Очајни домаќинки“, и во 50-тата година изгледа одлично. Нејзината тајна е во исфрлањето на рафинираниот шеќер и јаглехидрати како леб, тестенини и ориз, од исхраната. Наместо тоа, нејзината исхрана изобилува со свеж зеленчук, како брокула, спанаќ и прокељ. Иако целосното исфрлање на шеќерот не се препорачува, намаленото консумирање слатки, газирани пијалаци, преработена храна, значително помага во намалување на масните наслаги на стомакот. Џулијан Мур Славната добитничка на Оскар, Џулијан Мир, и во 64-тата година изгледа привлечно. Во помлади години секојдневно јадела масна храна и пица, но со текот на годините поминала на лесна избалансирана исхрана базирана на риба, свеж зеленчук и салати. Покрај тоа, таа редовно вежба, практикува јога 2-3 пати неделно, а покрај тоа изведува вежби за сила. Оваа комбинација ѝ помага нејзиното тело да остане силно и издржливо без преголем напор. Пенелопе Круз Шпанската актерка, Пенелопе Круз, која денес има 51 година, се придржува до антиинфламаторна диета. Нејзиното мени секогаш вклучува свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки, немасни протеини и здрави масти, а рафинираниот шеќер, газираните пијалаци и преработените грицки ги избегнува. Ваквиот начин на исхрана ги намалува воспаленијата во организмот и помага масните наслаги брзо да се топат. Гвен Стефани Американската пејачка, Гвен Стефани, изгледа подобро од кога било, а многумина тврдат дека сега, во 50-тите, има подобра линија отколку во младоста. Нејзината тајна е во тренингот со отпор (TRX-Тotal Resistance Еxercise) вежбите со отпор, вежбањето на специјална справа која го обликува целото тело, а особено мускулите на стомакот. Покрај тоа, таа работи и кардиовежби за да го согори вишокот калории и да се одржи во форма. Скарлет Јохансон Холивудската актерка и ѕвезда, Скарлет Јохансон практикува високопротеинска исхрана. Нејзините оброци се богати со пилешко, мисиркино и риба, избира печени намирници за да го намали внесувањето на калории, а пржената храна ја избегнува. Редовно вежба пилатес за да го обликува телото и да ја задржи витката фигура. Овие познати дами имаат различни методи, но доследноста и балансот им се заеднички. Комбинирањето здрави оброци, намаленото консумирање шеќер и редовното вежбање се клучни за да имате рамен стомак и по 40-тата година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter