Рамапоса: Односите со САД се важни, но одлуката за амбасадорот е за жалење - Канал 5

Рамапоса: Односите со САД се важни, но одлуката за амбасадорот е за жалење

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамапоса изрази жалење за одлуката на САД да го протераат јужноафриканскиот амбасадор Ебрахим Расул, оценувајќи ја како „достојна за жалење“ и повика на воздржаност во дипломатските односи, пренесе ДПА.

Рамапоса: Односите со САД се важни, но одлуката за амбасадорот е за жалење

„Јужноафриканската Република останува посветена на градење взаемно корисни односи со САД“, се наведува во соопштението на Рамапоса.

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера објави на социјалната мрежа Икс дека Расул е прогласен за „персона нон грата“ и дека повеќе не е добредојден во САД. Одлуката следува по обвинувањата дека јужноафриканскиот дипломат „поттикнува расизам на меѓународно ниво“, поради негови изјави во кои го критикувал претседателот Доналд Трамп.

Односите меѓу Вашингтон и Преторија се веќе затегнати, особено откако Трамп во февруари замрзна финансиска помош за Јужна Африка, обвинувајќи ја владата во Преторија за „неправични и неморални политики“ во однос на земјишните реформи./МИА

ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на последната свој седница донесе одлука да го намали бројот на клубови во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) од 12 на 10.

ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10

Управниот одбор го усвои предлогот за промена на системот на натпревари од натпреваривачката сезона 2026/27.

Ќе има намалување и во второто ниво на македонски фудбал (ВМФЛ), откако од другата сезона ќе се натпреваруваат 14 клубови од досегашните 16.

Комисија во состав Агим Ибраими, Игор Франговски и Сашо Здравевски ќе спроведе дополнителна анализа и ќе предложи конечни насоки за системот на натпреварување и начините на промоција и испаѓање.

Сиљановска-Давкова го достави предлогот Трајко Славески да биде гувернер на Народната банка

Ве информираме дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.

Сиљановска-Давкова го достави предлогот Трајко Славески да биде гувернер на Народната банка

При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, стои во соопштението од кабинетот на претседателката.

Пакистан ја обвини Индија за напад врз училиштен автобус, при што загинаа пет лица

Пет лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени при напад на училиштен автобус во градот Хуздар, во пакистанската провинција Белуџистан. Помеѓу загинатите се три ученички и две возрасни лица.

Пакистан ја обвини Индија за напад врз училиштен автобус, при што загинаа пет лица

Премиерот на Белуџистан, Сарфраз Бугти изјави дека неговата Влада има разузнавачки извештаи дека индискиот советник за национална безбедност Аџит Довал планирал нешто во Белуџистан, но „не очекував тој да ги таргетира невини деца“.

- Откако Индија се соочи со понижувачки пораз на бојното поле прибегна кон презриви и кукавички дела. Планерите, поттикнувачите и извршителите на овој кукавички напад спонзориран од Индија ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, а гнасното лице на Индија ќе биде разоткриено пред целиот свет“, се наведува во соопштението на пакистанската армија.

Бунтовничката група Белуџистанска ослободителна армија (БЛА), која се бори за независност на пакистанскиот регион, претходно соопшти дека нападнала автобус со кој се превезувале пакистански војници. Исламабад тврди дека БЛА има поддршка од Индија./МИА

притисни ентер