БалканРама: Тие што го критикуваат предлог-статутот за ЗСО, се плашат да не го загубат непријателотТие што го критикуваат предлог-статутот за ЗСО без да знаат што содржи, се плашат да не го загубат непријателотАлбанскиот премиер Еди Рама реагираше на критиките добиени за нацрт-статутот предложен од него за формирање на Заедницата на српски општини. Преку објава на „Твитер“, Рама оценува дека "оние кои критикуваат се плашат да не го загубат непријателот што им создава егзистенцијален услов да зборуваат и да се однесуваат како да се во ровови". Додава дека војната завршила во 1999 година и дека непријателот бил поразен. -Оние кои критикуваат и обвинуваат без да знаат што содржи предлог-статутот за ЗСО се плашат само од едно: да не го изгубат непријателот кој им создава егзистенцијален услов да зборуваат и да се однесуваат како да се во ровови, иако војната заврши во 1999 година и непријателот е поразен, напиша Рама. Премиерот Рама пред два дена објави дека на францускиот претседателот Макрон и на германскиот канцелар Шолц им доставил нацрт за Заедницата на српските општини, за што ги информирал и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и американската страна. Рама тогаш изјави дека „создавањето асоцијација на српски општини на Косово е клучот за конечно да се отвори вратата за меѓународна афирмација на Република Косово и нејзино признавање од сите, членство во Обединетите нации и сите меѓународни форуми и меѓусебно признавање со Србија“. Тој вчера изјави дека Предлог-статутот за ЗСО е "придонес на Албанија како братска држава со Косово".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамМазда вгради звучник што му овозможува на возачот да им се обрати на пешацитеНовите автомобили од „Mazda CX-6e“ е опремена со необична функција која му овозможува на возачот да испраќа гласовни пораки до пешаците и велосипедистите преку надворешен звучник. Сепак, системот дозволува и внесување на сосема произволен текст. Функцијата, наречена „External Announcement“ (Надворешно соопштение), е дизајнирана како начин возачот да ги предупреди другите учесници во сообраќајот. Меѓу претходно дефинираните пораки се вклучени опции како „Еј пријателе, тука сум“ и „Те молам, погледни нагоре и внимавај на патот; чувај се“. Проблемот е во тоа што системот им овозможува на корисниците и сами да креираат пораки. Возачите го внесуваат текстот преку големиот централен дисплеј од 26,45 инчи, без очигледен филтер што би спречил употреба на навредлива или несоодветна содржина. Како резултат на тоа, функцијата наменета за добронамерна комуникација лесно може да се претвори во алатка за провоцирање на пешаците, пренесува *Revija HAK*. Оваа функција е преземена од кинескиот пазар, каде што се продава технички сродниот модел Deepal S07. Како што пренесува B92, Mazda можеби ќе го реши проблемот преку софтверско ажурирање. На одредени пазари, CX-6e користи литиум-железо-фосфатна батерија со капацитет од 78 kWh, која поддржува брзо полнење со моќност до 200 kW. Неговиот деклариран досег изнесува до 484 км според WLTP циклусот. Достапен е во една конфигурација на погонскиот систем, која вклучува електромотор со моќност од 255 КС и погон на задните тркала. Сè уште не е потврдено дали функцијата за надворешен звучник е достапна кај европската верзија на CX-6e.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Чудо од Англија: Тиква тешка речиси 1.300 кг Чудо на нива во Англија. Ако мислите дека сте виделе сè во градинарството, оваа глетка од Англија може целосно да ве разубеди. Британецот Јан Патон повторно го собори својот личен светски рекорд одгледувајќи огромна тиква тешка неверојатни 2.856,8 фунти, што изнесува речиси 1.295 килограми. Како што пренесува „БроБајбл“ (BroBible), овој џин, кој тој го нарече „Багира“, го надмина неговиот минатогодишен рекорд за речиси 18 килограми. Колку труд е потребен за да се одгледа ваква џиновска тиква? Одгледувањето на таков џин воопшто не е едноставна задача. Според информациите што Јан Патон ги сподели со „Би-би-си њуз“ (BBC News), на тиквата ѝ биле потребни дури шест часа интензивна нега секој ден, а „пиела“ околу 130 галони вода дневно. Зачудувачки е фактот дека тиквите со оваа големина, во фазата на најбрз раст, можат да добијат и до 22 килограми тежина за само 24 часа. Иако со години учествувал на овие натпревари заедно со својот брат близнак Стјуарт, оваа година Јан одлучи да настапи самостојно и победи. Откако официјално беше потврдено дека е најтешка во светот, „Багира“ е изложена на фармата „Санифилдс“ во близина на Саутемптон. https://www.instagram.com/p/DeEui7Pqsqs/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again Сепак, судбината на овој рекордер е веќе запечатена. По завршувањето на изложбата, тиквата ќе биде исечена и искористена како храна за крави. Тиквите се сметаат за високохранливи, што ги прави идеален оброк за добитокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛинекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“ Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да ја прифати паричната казна, со цел да се зачува угледот на клубот и на Премиер лигата.Богатиот англиски фудбалски великан, Манчестер Сити се соочува со обвиненија за 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот меѓу 2009 и 2018 година. Клубот ги оспорува обвиненијата и настојува да докаже дека не ги прекршил правилата. Линекер, кој сега работи како спортски коментатор, смета дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуалните санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот. „Оваа ситуација секако изгледа лошо за ’Сити‘ и лошо за фудбалот. Би сакал ’Манчестер‘ да излезе во јавноста и да каже: ’Да, згрешивме. За доброто на играта и на Премиер-лигата, ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму‘“, изјави Линекер. Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој смета дека е малку веројатно оти клубот ќе се одлучи на таков чекор. „Мислам дека тоа би било добра работа и донекаде би ја зачувало нивната репутација, како и угледот на лигата. Сепак, такво нешто изгледа малку веројатно. Разочарувачки е; ми е жал за играчите и за нивните навивачи“, додаде поранешниот англиски напаѓач. Линекер зборуваше и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата. „Не би се изненадил доколку дојде до таква казна. Но, повторувам, на крајот на краиштата, кој најмногу страда поради тие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter