ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?
1СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на Михаилова
2ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?
Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
2Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
БалканРама: Ова не се и никогаш не можат да бидат раце на студентиПремиерот Еди Рама реагираше од зградата на колеџот во Тирана, кojа беше оштетена од пожар, по актите на насилство за време вчерашните студентски протести. Преку порака од зградата, Рама го осуди демолирањето на институцијата, нагласувајќи дека студентите ја претставуваат иднината и дека насилството не може да ги претставува нивните аспирации. „До вчера, ова беше канцеларијата на Колеџот на Европа, училиштето на обединета Европа, кое европските лидери заеднички го отворија во Албанија. Денес, ова е пропаст на раце кои не се и никогаш не можат да бидат раце на студенти“, рече Рама. Студентските демонстрации во Тирана излегоа од контрола вчера откако демонстрантите се судираа со полицијата повеќе од 10 часа, при што палеа згради, влегуваа во владини институции и ограбуваа.Иако Албанија е сведок на секојдневни протести од крајот на мај, поттикнати од плановите за изградба на луксузно одморалиште на Јадранскиот брег, пред два дена и студентите излегоа на улиците за да протестираат против условите во универзитетите и студентските домови и трошоците за живот.Тагови: Албанија Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Тавче гравче со колбасиВо четврток (08.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Саш Мишевски.Состојки за денешниот рецепт: 2 големи конзерви грав 1 пиперка 1 главица кромид 3 парчиња колбаси масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на МихаиловаНаместо одговорност за пуштањето на Ива Михаилова, граѓаните повторно гледаат како Мицкоски го штити Тошковски.Нема одговори како обвинета, со одземени македонски и бугарски пасош успеала да ја напушти државата. Тошковски на телевизија јавно признава дека границата е „швајцарско сирење“. А кој е надлежен за границата? Тошковски. Срамота е министерот што ја води полицијата, која ја обезбедува границата, да каже дека границата е швајцарско сирење. Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Никој не одговара. Нема правда. А кој раководи со полицијата? Тошковски. Ама Мицкоски го штити Тошковски. Сега на сите им е јасен договорот под „радар“ за пуштање на Михаилова. Затоа наместо одговорност и оставка од Тошковски сега народот гледа театар. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?Случајот со Ива Михаилова ја потврдува тезата дека Филипче и Зоран Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев.Го прашуваме директно Венко Филипче дали тој и Зоран Заев имале каква било комуникација или договор со лица блиски до Румен Радев за насочување на лекувањето на Ива Михаилова во Бугарија? Дали имало политички притисоци, посредувања или ветувања поврзани со медицинската документација и одлуката за продолжување на нејзиното лекување надвор од Македонија? Ива Михаилова, е осомничена во кривично правен настан, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според информациите што се изнесуваат во јавноста, на 19 март 2026 година бил изготвен медицински извештај од доктор Иван Барбов, другар на Филипче и Заев, во кој се наведува дека лекувањето треба да продолжи во Бугарија. Како е донесена одлуката, врз основа на кои стручни медицински процени и дали врз неа влијаел каков било надворешен фактор? Ова се прашања што мора да добијат одговори врз основа на документи и факти, а не на политички препукувања. И додека надлежните институции и политички субјекти јавно реагираат на постапките и односот на официјална Софија, Филипче и СДС молчат за улогата на бугарските власти во овој случај. Македонија не смее да биде заложник на политички долгови на Заев и Филипче на нивните лични релации или задкулисни договори. Ниту една медицинска состојба не смее да биде инструмент за политички манипулации, а уште помалку повод за поткопување на довербата во домашните институции. Затоа, ги повикуваме надлежните институции да ги испитаат сите околности околу изготвувањето на медицинскиот извештај, евентуалните контакти со политички претставници и постапките на сите инволвирани лица. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter