БалканРама: Нов рекорд за туризмот, 1,7 милиони туристи ја посетија нашата земја во првите три месеци Во првите три месеци од годинава Албанија ја посетиле над 1,7 милиони туристи, што е рекорден број за прв квартал од годината.Ова го соопшти премиерот Еди Рама преку објава на социјалните мрежи каде вели дека е „поставен нов рекорд во туризмот на нашата земја“. - Над 1,7 милиони странски туристи не посетија во првите три месеци од 2024 година, поставувајќи нов рекорд за нашата млада туристичка индустрија. Во Албанија само во текот на месец март уживаа 734 илјади посетители, или 91 отсто повеќе од март минатата година, што во бројки бележи голем напредок, на кој мора да одговориме со се повисоки стандарди на гостопримство, здружувајќи ги силите за јавни и приватни услуги на најдобро ниво, напиша Рама. Историски рекорд, по бројот на туристи, на годишно ниво, Албанија забележа лани, кога во земјата престојувале 10,1 милион туристи што е за над 2,5 милиони туристи повеќе во однос на претходната година. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаЖерновски: Кој ќе сноси одговорност за промашеното знаме и понижувањето на државниот симбол?Почитувани граѓани на денешен ден или во 1992 година, Македонија го усвои своето знаме и Македонија ја усвои својата химна. Ете точно кога Владата на Мицкоски го направи скандал, овој дебакл со нашето македонско знаме. На нивната официјална организирана прослава по 35 години од независноста на државата, платена со милиони евра народни пари, Мицкоски и неговата Влада ги понижаа државата и ги понижија граѓаните. И наместо да кажат кој е одговорен, наместо да објаснат колку пари чини ова понижување, и наместо да што е најважно да им се извинат на граѓаните што ги понижија нивните чувства, вчера се обидоа со едно таргикомично објаснување да се оправдаат дека всушност тоа што го видовме со така нареченото македонско знаме било, верувале или не, „уметничка инсталација“. Значи за Мицкоски, за ВМРО, за Владата, државното знаме не е свет државен симбол, туку е цитирам „уметничка инсталација“. И сега повторно, како рефлекс, се вратија на омилена тема - на народот, на СДСМ, односно на талогот. Кога ќе направат грешка, виновен е СДСМ, виновен е народот. Кога ќе понижат државата и државен симбол, повторно виновни се граѓаните и талогот. Кога немаат резултати, повторно некој друг им е виновен. Тендер патриотите не знаат како изгледа знамето на државата, но многу добро знаат како изгледаат бугарските пасоши и како се прават фирми во Бугарија. Тие многу добро знаат што е патриотизам, кога патриотското крадење на патриотските пари, преку патриотските тендери, си го организират перфектно. Меѓутоа, она што сакаме денеска да го истакнеме на прес-конференцијата е следно. Додека Мицкоски една екскурзија се одвива едно срамно обележување на независноста на нашата држава, недостасуваат клучни факти. Недостасува членството во НАТО, недостасува членството во ОН, недостасува кандидатскиот статус во Европската Унија. Значи се прави ревизија на клучните историски факти, што е многу важно да го напоменеме. Зошто се прави оваа ревизија? Затоа што всушност ВМРО го нема во ниту еден од државните успеси кои што ги постигнала Македонија. Напротив, токму СДСМ ги има направено сите најважни државнички чекори. И ова што беше објавено како спот и целиот тој проект е потврда за тоа што денеска го кажуваме. Каде денес ќе беше Македонија, каде денес ќе беше нашата држава, ако ВМРО беше цело време на власт? Немаше да имаме држава. Да потсетиме дека токму тие го газеа македонското знаме на Мечкин Камен. Значи, ова не е прв инцидент. Наназад се случува од патриотите да имаме такви инциденти. Или газење, или понижување на македонското знаме. Она што сакаме денес кај исто така да го соопштиме и да го отвориме како тема е дека за ова мора да има последици. За срамната прослава со понижување на македонските државни симболи за знамето, законот јасно предвидува санкција. Според член 4 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната, исто така јасно е наведено како може да се употребува државното знаме. Има и казнени одредби, тоа е член 30, од овој закон за прекршочна одговорност доколку организаторот на јавен настан по грешка или незнање, истакне погрешно знаме. Денеска бараме Владата да го прекине молкот и конечно да излезе пред граѓаните. Да каже, која фирма го направи погрешното знаме? Кој беше задолжен за визуелниот перформанс? Колку народни пари чини оваа прослава и кој ќе сноси одговорност за ова понижување на Македонија, на нејзините државни символи и на нејзините граѓани? Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрагедија во напуштен рудник: Најмалку 14 загинати и десетици повредени рудари Најмалку 14 рудари се пронајдени мртви, а десетици се повредени во напуштен рудник во близина на Рустенбург, Јужна Африка. Причината за инцидентот засега е непозната. Полицијата денеска соопшти дека најмалку 14 рудари се пронајдени мртви, а десетици се повредени во напуштен рудник во близина на градот Рустенбург во Јужна Африка. Телата на рударите се пронајдени во напуштен рудник во близина на Рустенбург, на околу 130 километри северозападно од Јоханесбург, пренесе АП. Засега, полицијата не соопшти повеќе детали за околностите на нивната смрт или за причината за инцидентот. Во Јужна Африка, десетици илјади рудари работат нелегално во напуштени рудници за злато и платина што рударските компании престанале да ги користат. Ваквите рудари често работат без соодветна заштитна опрема и во многу опасни услови. Рустенбург е еден од главните центри на индустријата за платина во Јужна Африка. Јужна Африка ги поседува најголемите познати резерви на платина во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Елизабет Харли воодушевува и во седмата деценија од живототБританската актерка и манекенка 61 годишната Елизабет Харли уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните жени во светот на шоу-бизнисот. Популарната кралица на бикини со серија фотки покажа зошто ја оправдува оваа титула. Ѕвездата на бројни филмови ужива во летните денови, а своите следбеници ги воодушеви со нова објава на социјалните мрежи. Познато е дека нејзината колекција на костими за капење и други додатоци за плажа секогаш привлекува внимание, а главна ѕвезда во секоја реклама е прекрасната Лиз. Тагови: елизабет харли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09