Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
БалканРама: Косово еднаш засекогаш се ослободи од стегите на БелградАлбанскиот премиер Еди Рама зборуваше по повод најавата на Србија за враќање на илјада војници и полицајци на Косово.Рама рече дека Косово никогаш повеќе нема да биде под управа на Белград и го оцени српското барање како нереално. Тој додаде дека состојбата со барикадите на северот на Косово е длабоко вознемирувачка. „Ова не е добар крај на годината за процесот на нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Зголемувањето на тензиите на северот на Косово не само што е бескорисно, туку е и длабоко вознемирувачко. Неверојатно е што постојано мораме да се соочуваме со барикади , одложување на процесот на нормализација и отпуштање на тимови од САД- и ЕУ, кои трчаат да го спасат дијалогот од пламенот на тешката политичка реторика“, рече Рама, пишува Нова.рс. „Неодамна слушнавме барања српските трупи да дојдат на северот на Косово за да ги заштитат етничките Срби. Разбирам дека ова можеби е уште една посебна политичка реторика, но невидено е колку би било надреално доколку Косово побара НАТО да испрати албански војници на југот на Србија за заштита на етничките Албанци“, рече тој. Рама истакна дека Косово е ослободено од Белград еднаш засекогаш и дека „нема враќање“ на старата состојба. „Влеговме во третата деценија откако Косово еднаш засекогаш беше ослободено од Белград и никогаш повеќе нема да да биде според белградскиот закон“, беше јасен. Албанскиот премиер. Тој повтори дека Албанија секогаш ќе биде цврсто со Косово, додавајќи дека дијалогот е единственото решение за Косово и Србија. Тој заклучи дека балканските земји треба да се навикнат на соживот, односно да работат заедно и да си помагаат, бидејќи тоа е во најдобар интерес на сите страни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПрво место за Дивна Пешиќ Грозданов на натпреварот за најдобри апстрактни експресионистиНајдобри апстрактни експресионисти во светот: Пешиќ Грозданов, Чуан, Мофат, Ривас, Џон, Скопелити, Филичкин, Орантас, Бренан И Александрова / 2026 Американски уметнички наградиУметници од 69 земји се натпреваруваа на АМЕРИКАНСКИТЕ НАГРАДИ ЗА УМЕТНОСТ 2026, каде што на 20 од најценетите галерии во САД им беа испратени слики преку интернет за да ги оценуваат во цртеж, сликарство, скулптура, дигитална уметност и фотографија. Над 300-те победнички дела, од 1-во до 6-то место (и нерешени) во сите 50 категории, ќе бидат прикажани во претстоен филм и 75 статии. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаОд ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаницаНа почетокот на следнава недела од Европска Унија пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница заради која досега се угинати околу 10 илјади овци.Веднаш ќе се поделат по ветеринарните амбуланти за на територијата на цела Македонија да започне вакцинацијата која нема да донесе забрана за извоз на нашето јагне за пазарите на Европската Унија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПредизборен молк во Србија пред клучните избори во недела Завршни предизборни митинзи во соседна Србија која во недела се подготвува за најнеизвесните избори во последните 14 години. Под реден број еден на гласачкото ливче е коалицијата предводена од владеачката Српска народна партија, насловена „Александар Вучиќ - Обединета Србија“. Својот завршен митинг Вучиќ го оддржа во спортската сала „Ранко Жеравица„ во Белград, а негови поддржувачи вчера излегоа на улиците и во други градови низ Србија. „Да се подготвиме во недела, пенкало во раката, да го заокружиме она што е потребно и да ги победиме. Да ги победиме и да им пружиме рака вечерта после тоа, но никогаш да не заборавиме она низ кое поминавме. Да не заборавиме како ни ја рушеа државата, и секогаш да ја чуваме и браниме и да ги учиме нашите поколенија за тоа. Напред Белград, да живее Белград. Да живее Србија. Одиме да ги победиме!“ Околу 150 000 граѓани вчера вечер се собраа на централниот градски плоштад во Белград – Славија, во поддршка на протестното младинско движење кои на гласачкото ливче настапуваат под број 3 - „Студентска листа - Студентите победуваат“.Голем дел од 250-те кандидати на Студентската листа кои се кандидираат за парламентот се дел од српската академска и научна фела, или пак се сметаат за политички аутсајдери. „Пратеничката функција е одговорна јавна функција. Оној што ја добива мора да знае кому му одговара. Знаеме кому ќе одговараме. Нашите мандати ќе бидат во вашите раце, во рацете на народот! Затоа, едно е без сомнение – 25 октомври Србија победува, бидејќи знаете зошто. Затоа што кој победува – студентите победуваат!“ 18 изборни листи се натпреваруваат за 250 места во српскиот парламент. Гласањето ќе се одвива на вкупно 8.392 избирачки места, од кои 93 се во странство во 37 земји, меѓу кои и Македонија, 60 избирачки места се на територијата на она што Србија го нарекува автономна покраина Косово и Метохија, додека пак во Босна и Херцеговина ќе бидат отворени 27 избирачки места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05