Рама им испратил предлог- статут на Шолц и Макрон за изгледот на ЗСО на Косово - Канал 5

Рама им испратил предлог- статут на Шолц и Макрон за изгледот на ЗСО на Косово

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека предлог-статутот на Заедницата на српските општини им го испратил на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц.

Рама им испратил предлог- статут на Шолц и Макрон за изгледот на ЗСО на Косово

Тој на прес-конференцијата изјави дека не ја разбира неподготвеноста на косовските власти да ја деескалираат ситуацијата на северот.

- Ситуацијата на северот добива размери на политичка трагедија за Република Косово. Изјавите на нашите стратешки сојузници за оваа ситуација се сè поалармантни и неразбирлива е причината за неподготвеноста на косовските власти да ја деескалираат ситуацијата во која е очигледно дека Косово секојдневно прави големи загуби - рече Рама.

Тој нагласи дека ЗСО ќе биде „Гордиев јазол“ до крајот на дијалогот.

- Србија го прави она што многупати досега го правела, додека Косово прави нешто што никогаш досега не го направила и за што универзално го обвинуваат сите стратешки сојузници на албанскиот народ. Во услови кога односите на сојузниците со Косово добиваат сè поултимативни тонови, доколку Косово, а се надевам дека тоа нема да се случи, биде санкционирано поради неговиот став, тука сум да споделам со вас еден непознат факт до денес. . Одамна знам дека Гордиевиот јазол на дијалогот ќе биде Заедницата на општини со српско мнозинство и убеден сум дека ниту една од страните не ја сака Заедницата и ќе се потруди да ја турне до бесконечност со држење на кризата отворена. – рече Рама.

Тој посочи дека верува оти создавањето на ЗСО е клучот за конечно отворање на вратата за меѓународна афирмација на Косово.

- Нејзиното признание од сите, нејзин пласман на меѓународни форуми и меѓусебно признавање со Србија. Тоа е план одамна разработен од врвни американски и европски експерти, за секој случај да дојде овој ден. За мене незаборавна е позицијата на Косово, а не на Србија. Партиите не можат да се договорат кој да го напише овој текст, ниту што треба да содржи текстот – додаде Рама.

Како што нагласи, нацртот што им го испратил на Макрон и Шолц за ЗСО можеби не е идеално решение, но ги почитува сите причини за создавање на ЗСО.

– Тоа е доверлив документ кој не претендира да биде идеално решение, туку е документ од највисоко меѓународно ниво кој ги почитува сите причини за создавањето на Здружението – рече Рама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

 Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. 

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година.

Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош.

За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање:

- лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош )

- трансакциска сметка на име на подносителот на барањето)

- наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост.

За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година).

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. 

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Дел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво.

На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување.

Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер