Рама до Курти: Не победуваш со тоа што се однесуваш како Дон Кихот - Канал 5

Рама до Курти: Не победуваш со тоа што се однесуваш како Дон Кихот

Албанскиот премиер Еди Рама за Еуроњуз Албанија изјави дека не може да го разбере Албин Курти во ситуацијата создадена со Косово во однос на меѓународната заедница.

Рама до Курти: Не победуваш со тоа што се однесуваш како Дон Кихот

Тој рече дека француско-германскиот план не може да остане таму засекогаш и дека премиерот на Косово не може сам да ја добие оваа дипломатска битка како Дон Кихот.

- Албин е личност која ја ценам, пријател што го почитувам, но во овој случај тој е премиер на Косово кого не го разбирам, рече Рама, нагласувајќи дека се работи за интерес на албанската нација и неговиот став многу демократски.

Според него, Курти, Владата на Косово, полицијата и сите авторитети мора да работат напорно за да успеат да го направат големиот чекор за конечно ослободување од сенката на непризнавањето и пред се да успеат да ги нормализираат односите со Србија.

- Откако стигна до оваа точка, ставајќи ја Србија во тесен квадрат, евроатлантската заедница не може ниту да го разбере, ниту да го оправда, ниту да го толерира однесувањето на косовските власти и пристапот на премиерот Албин, што е однесување како евроатланската заедница да не постои, како да бевме којзнае колку години претходно и да не се случил целиот овој процес, рече тој.

Додава дека не може да разбере зошто косовските власти се против.

- Во време кога ја имаме целата евроатлантска заедница подготвена да ја притисне Србија, конечно да прифати, ако не и формално признавање, да прифати де факто откажување од Косово и отворање на патот за признавање на Косово од сите останати што тогаш ќе доведе до формално признавање од Србија, необјасниво е што бараат косовските власти кои се против овој процес, рече Рама.

Според него, оваа пречка на патот на процесот несвесно ја помага играта на Кремљ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Американскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е  кинески шпион.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг.

Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“.

Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца.

Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер