Нови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода
2Нови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода
Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
2Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
3Тргнал на патување околу светот пред речиси три децении - Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
БалканРама: Бугарија ја блокира Македонија за свои интересиАлбанскиот премиер Еди Рама изјави дека Бугарија го блокирала процесот на евроинтеграција на Македонија за свои интереси.Ваква оценка тој изнел гостувајќи во телевизиска емисија кога зборувал за очекувањата на меѓувладината конференција. – Погледнете што се случува сега, во моментот кога нештата се готови, туп излегува Бугарија и ја блокира Македонија таму. Зошто Бугарија ја блокира Македонија? А? Ја блокира за свои интереси. Ја блокира заради своја внатрешна динамика таму и ја држи Македонија во заложништво. И, сега, ќе видите што ќе се случи, друга држава, која не затоа што не ја сака Македонија или не нè сака нас, туку затоа што нивниот народ не го сака тоа проширување, другите не сакаат, изјавил Рама во интервју за „Визион плус", пренесуваат медиумите. Но, Рама оди понатаму, велејќи дека доколку Швајцарија го имаше името Албанија или Македонија и нејзе ли ќе и беше кажано: „не можете да влезете побрзо" -Ако Швајцарија е именувана како Албанија или Македонија и доколку сè што има Швајцарија донесе тука, сè, но вие сте Албанија и Македонија, не можете да влезете побрзо, изјавил Рама. Рама вели дека постои на мапа во врска со промената на границите на земјите од регионот на Западен Балкан. Тој изјавил дека мапата ја видел и претходно и оти му ја покажал неговиот словенечки колега Јанез Јанша. -Разговарав со него одамна. Го видов и овој документ што излезе. Немам коментар, додал Рама. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
СветХитлер Мусолини е избран за градоначалник во Перу Хитлер Мусолини Симеон Флорес е новиот градоначалник на перуанскиот град Керопалка.Кандидатот на централно-левичарската партија Ахора Насион освои 34 проценти од гласовите, пишува Политико. Според извештаите на локалните медиуми, разликата меѓу првите тројца кандидати била само 42 гласа. Неговата кандидатура не дава многу детали, ниту објаснување за необичното име. Постои само информација дека Симеон Сак управува со инвестициската група. 🚨🇵🇪 BREAKING — Hitler Mussolini: Hitler Mussolini Flores elected Mayor of Queropalca, Peru, securing 34.54% of the vote. https://t.co/hchskpwYBI — Pamphlets (@PamphletsY) October 9, 2026 И други политичари со името Хитлер Ова не е прв пат политичар со тоа име да се појави на избори. Во Перу во 2018 година, Хитлер Гесклин Алба Санчез го победи Ленин Владимир Родригез Валверде на изборите за градоначалник на округот Јунгар. „Јас сум добриот Хитлер“, изјави Алба за медиумите за време на кампањата. Во Намибија, од друга страна, Адолф Хитлер Уунона беше избран по петти пат по ред на локалните избори минатата година. „Како дете, тоа име ми изгледаше сосема нормално“, изјави Уунона за Би-Би-Си.Тагови: Мусолини Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела ВодаГрадоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес изврши увид во градежните активности за доградба на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“. Проектот во моментов се наоѓа во напредна фаза на реализација.Карабината на новата доградба е целосно завршена, поставени се потребните инсталации, а во моментов активно се работи на уредување на внатрешноста на просторот. Новиот училишен простор се простира на околу 560 квадратни метри и опфаќа шест нови училници и современи санитарни јазли. Проектот се реализира со поддршка од Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука преку програмата за капитални инвестиции во општините, како дел од успешната и континуирана соработка помеѓу локалната и централната власт. - Доградбата на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ напредува со навистина одлична динамика. Градежните работи на карабината се комплетирани, инсталациите се поставени, а сега фокусот е целосно насочен кон внатрешното уредување на новите простории. Oвој проект е најубав доказ за тоа какви резултати можеме да постигнеме кога постои заедничка визија и силна поддршка од централната власт. Заедно инвестираме во она што е најсуштинско, во подобри услови за настава, во квалитетно образование и во сигурна иднина за нашите деца-изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
ЕвропаМеланшон; „Бастилја повторно освоена“ по големиот студентски митинг во ПаризЖан-Лук Меланшон, лидер на екстремно левичарската партија „Непокорна Франција“, изјави дека бастилја е „повторно освоена“, откако студентите организираа демонстрации низ целата земја - вклучително и голем митинг на озлогласениот плоштад Бастилја воВо меѓувреме, подоцна истиот ден, францускиот министер за образование, Едуар Жефри, објави дека 3.000 заменски наставници ќе бидат распоредени во училиштата што се соочуваат со недостиг на кадри. Главните протести во четвртокот беа дел од движењето предводено од студентите кое започна на 17 септември во предградијата на Париз, пред постепено да се развие во поширока кампања за решавање на проблеми, вклучувајќи ги долгите училишни денови, преполните училишта и отсуствата на наставниците.лидерот на „Непокорна Франција“ и неговите сојузници беа обвинети од нивните противници за поттикнување немири и манипулирање со младите луѓе за политичка корист. Меланшон ги отфрли овие критики, нагласувајќи дека и покрај фактот дека неговата партија ги поддржува протестите, тие беа независно започнати од студенти. Коалицијата на студенти и професионални синдикати повика на уште еден ден протести и штрајкови на 13 октомври, а понатамошна голема мобилизација е планирана за 17 октомври.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook