СДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари
1СДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
БалканРама: Албанците од Македонија на протестите во Тирана се жртви на политички караваниАлбанскиот премиер Еди Рама, го критикуваше учеството на Албанците од Косово и Македонија на протестите организирани против него на движењето „Фламинго револуција“.Митинг беше обележан со масовно учество на Албанци од дијаспората, кои во голем број се придружија на маршот кон зградата на владата во Тирана. Рама ги критикуваше организаторите кои, според него, донеле Албанци од Приштина и од Тетово на протестите, а учесниците ги нарече „жртви на политички каравани“. „Албанците од Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа територија. Заедно со Македонците, тие се составен народ во својата земја. Дијаспората се емигранти кои живеат во странски земји, а не тие, ниту Албанците од косово, кои имаат своја независна држава“, напиша Рама во објава на социјалните мрежи. Албанија 20-на дена се соочува со континуирани протести, предизвикани од контроверзен проект поврзан со планираната изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со зетот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Лидерот на албанската опозиција, Сали Бериша, последните протести ги нарече викенд на албанската дијаспора и ги повика граѓаните на нови собири се до конечно соборување на премиерот Рама.Тагови: Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни париУште еднаш се потврди дека арамијата Мицкоски штом отвори уста лаже.Вчера, дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски туку за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари. Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говореа од самиот почеток. Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што. Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски јавно да објави каде завршија парите на граѓаните. Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми? Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти? Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови. Бараме Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во МакедонијаВрховниот суд ја укина пресудата за Ласкарци, каде загинаа 16 лица, и Стевчо излегува на слобода – сè што треба да знаете за судството под контрола на СДС и ДУИ, со 2 отсто доверба.Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај Ласкарци, каде загинаа 16 лица. 16 лица загинаа, а нема одговорни. Исто како што во правосудниот систем нема одговорност и за запалената модуларна болница на Венко Филипче, каде живи гореа луѓе. Во која друга држава и при кое друго судство може да загинат над 30 луѓе, а да нема виновни? Во исто време, на слобода е пуштен и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал. Ова е сè што треба да знаете за судството водено од ДУИ и СДС, со 2 отсто доверба. Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во Македонија. Сега е јасно дека инсталациите на СДС и ДУИ во правосудниот систем сè уште се активни. Затоа талогот останува најдолу. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет Пет лица загинаа, а 67 други се ранети, руски дрон погодил трговски центар во ПавлоградУкраинските власти соопштија дека пет лица загинале, а 67 други се ранети кога руски дрон погодил трговски центар во Павлоград, град во регионот Дњепропетровск.Продавници и возила беа погодени во нападот, кој се случи вчера „кога улиците беа полни со луѓе“, рече министерот за внатрешни работи Иван Вихивски. Според украинските медиуми, уште два трговски центри - во градовите Запорожје и Суми - беа цел на руски воздушни напади претходно оваа недела. Русија пријави украински поморски напад со беспилотно летало врз туристичкиот град Сочи во текот на ноќта во средата, во кој беа повредени 28 лица,а имаше и три смртни случаи. Новите мировни напори на претставниците испратени од американскиот претседател Доналд трамп за време на викендот се чини дека дадоа малку конкретни резултати, по разговорите во Москва со Путин и во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тагови: дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook