Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада
2Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада
3 Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ во „Само вистини со Видиновски“
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
РакометРакометните легенди ѝ приредија спектакл на публиката во „Јане Сандански“ Македонските ракометни легенди и гостите од Европа приредија ракометно уживување и спектакл во салата „Јане Сандански“.Ракометните легенди беа на сцена, а целиот настап беше во организација на „Спортско радио 90,3 ФМ“, кое слеваше 20 години од своето постоење. Спортскиот настан беше поздравен со околу 4.000 навивачи, а резултатот беше во втор план и дуелот заврши нерешено 30:30. Публиката имаше убава можност да се потсети на мајсториите и да ги поздрави мајсториите на Лазаров, Пепи Манасков, Миркуловски, да види нова атракција на голот од популарниот Диви (Ангелов), но тука беа и гостите, а дел од нив во изминатиов период настапувале и за македонските екипи, како Штербик, Кањелес, Карачиќ, Чупиќ, Вугринец, … сите оние кои како играчи настапувале на највисоко ниво. На клупите беа оние кои во Скопје имаа незаборавни пресметки Лино Червар и Веселин Вујовиќ, двајцата во одреден период и селектори на македонскиот национален тим. За да биде настанот комплетен дуелот го судеа Марјан и Драган Начевски, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, како и Силвана Карбевска и Марија Илиева. Натпреварот имаше три периоди, по првиот водеа странците со 9:7, по вториот предност имаше Македонија 20:18. На крајот беше 30:30. Ова беше ретка можност на едно место да има толку многу ѕвезди, а многу од нив додека беа активни играчи ги радуваа македонските фанови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес променливо облачно со повремени локални врнежиВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени. Од вторник ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи од дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска владаПоразот синоќа го призна и самиот Вучиќ, кој за тоа ги обвини европските земји и како што рече, длабоката американска држава.Студентската изборна листа „Студентите победуваат“ синоќа прогласи победа на предвремените парламентарни избори во Србија, откако првите процени на ЦЕСИД и ИПСОС покажаа дека освоила околу 52 проценти од гласовите и дека би можела да обезбеди самостојно мнозинство во народното собрание. Според проекциите, студентската листа би освоила приближно 138 пратенички мандати, додека листата на александар Вучиќ околу 104. За парламентарно мнозинство во Србија се потребни најмалку 126 од вкупно 250 пратеници. Поразот синоќа го призна и самиот Вучиќ, кој за тоа ги обвини европските земји и како што рече, длабоката американска држава.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 26. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 26. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот. Кариера Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома. Кариера На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите. Здравје и совет Бидете поодговорни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол. Кариера Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити. Здравје и совет Бидете она што сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа. Кариера Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни. Здравје и совет Искажете го она што другите ги интересира. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност. Кариера Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се. Здравје и совет Изразете се. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот. Кариера Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни. Здравје и совет Нема другите ништо да одработат наместо вас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции. Кариера Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време. Здравје и совет Бидете нежни. Рак 22.6-22.7. Љубов Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво. Кариера Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози. Здравје и совет Покажете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден. Кариера Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза. Здравје и совет Верувајте во себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација. Кариера На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас. Здравје и совет Кашлица или вироза. Вага 24.9.-23.10 Љубов Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат. Кариера Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи. Здравје и совет Постојано нешто очекувате. Опуштете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter