Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
2Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
3ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го спаси Филипче за пожарот во модуларните, Абази ја доработува задачата како пион на СДС и ДУИ
РакометРакометниот клуб „Пелистер“ во сопственост на општина БитолаГрадоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска соопшти дека локалната самоуправа 100 процентно го презеде управувањето и раководењето со ракометниот клуб „Пелистер“. На денешната прес конференција Талески посочи дека општината има законска можност да го помага професионалниот спорт и имајќи ја предвид независната финансиска и други состојби во клубот, локалната самоуправа одлучи да формира акционерско друштво со кое се обезбедува 100 процентна сопственост на РК „Пелистер“-Битола. - Историски наназад, единствено и најмногу најголеми резултати во спортот имал РК „Пелистер“. Во изминатите години имаше повеќе обиди да се стимулира работењето на клубот, но за жал ветуваната поддршка до клубот не стигна до мера каква што беше ветена. Клубот е во непријатна ситуација и затоа општина Битола одлучи да формира акционерско друштво чиј 100 процентен сопственик е општината, истакна Талески. Талески потврди дека локалната самоуправа ги подмирила сите финансиски обврски на клубот и од денес за главен координатор на РК „Пелистер“ назначен е истакнатиот ракометен голман, репрезентативец и поранешен селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, Стевче Стефановски. - Почнуваме процес за трајна изградба на силен ракометен клуб. Првиот чекор е во насока на формирање на играчки кадар, формирање на пионерска, кадетска, младинска и сениорска екипа. Имаме нов управен одбор, а почнавме и со реконструкција на просториите кои клубот ќе ги користи во спортската сала „Младост“. Како координатор на клубот предност ќе дадам на домашните ракометари но ќе ангажираме и ракометари од странство со цел да создадеме силна екипа и да успее овој градски проект со кој ќе помогнеме на нашите деца да продолжат да го сакаат спортот, истакна Стефановски. Од општина Битола информираа дека е почната реконструкцијата на парното греењето во спортската сала „Младост“ со што ќе се создадат услови за непречени спортски активности во салата и во зимски услови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
СветПродолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел АвивАнкара вчера го осуди обидот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што рече, да „ја претстави Турција како нова закана“.Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавено на платформата X, се вели дека Турција ги осудува „ситните политички тактики“ на Нетанјаху. Кабинетот на Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ во соопштение откако Турција издаде меѓународна потерница по него поради пресретнување на активистичка флотила што се упатуваше кон Појасот Газа. Израел бомбардираше воздухопловна база во северозападна Сирија оваа недела, тврдејќи дека Турција го проширува своето воено присуство во областа, тврдење што Анкара го негираше.Тагови: Анкара Тел Авив Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/чВчера (21.08.2026) во 13:15 часот, на Граничен премин Табановце, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле проверка на патничко моторно возило „порше“, со холандски национални ознаки управувано од М.А.(35), државјанин на Холандија.При извршената проверка, преку системот „Safe City“ било констатирано дека лицето е евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувало со возилото со брзина од 168 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. М.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело.Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го спаси Филипче за пожарот во модуларните, Абази ја доработува задачата како пион на СДС и ДУИЗа пожарот кој се случи во модуларната болница во Тетово на 8 септрмври, на 10 септември 2021 година беше оформен предмет, кој потоа со години стоеше во фиока.Предметот за 19-те модуларни болници, кои беа поставени за време на ковид кризата, и каде во модуларната болница во Тетово животите ги изгубија 14 лица, а за време на Венко Филипче како министер за здравство, беше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска, од криминалното СЈО, па кај трета обвинителка, за сега Абази да каже дека Филипче не бил виновен. Одговорноста на Филипче во овој случај произлегува од начинот на кој биле регулирани модуларните болници уште пред нивното поставување. Тогашниот Закон за градење бил изменет, со што модуларните болници биле ставени во категоријата „урбана опрема“, а надлежноста за издавање одобрение за нивното поставување била префрлена на Министерството за здравство, односно на тогашниот министер Венко Филипче. Овие објекти не биле запишани во катастар, немале одлука од Владата за трајно користење и немале одобрение за употреба согласно Правилникот за простор, опрема и кадар. За овие околности постои документација во проектната единица на Министерството за здравство, која на 12.12.2023 година била предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал. Каков цинизам треба да поседувате за да заклучите дека за 14 лица кои ги изгубиле животите, а притоа немало никакво исполнување на технички стандарди и објект подигнат над над бензиска станица, никој не е одговорен. Ова е буквално учебнички пример како СДС и ДУИ го контролираат Абази, за сега Филипче да излегува на прес-конференции и самиот да се тапша по рамо и да се фали дека бил одличен министер. Па еден куп скандали се случија за време на времето на Филипче како министер. Овој случај е токму пример за злоупотреба на службена положба и овластувањата. Топката пак на крај застана кај Ислам Абази, затоа што како најверниот послушник на Заев, Филипче и Ахмети, пред да си ги спакува куферите мора да си ја доработи својата задача и да испорача уште овој пат ,,нема основано сомнение за злоупотреба на службена положба“, за Венко Филипче. Како мислат дека ова народот не го гледа? ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05