Ракометни пресметки во Суперлигата за титулата, Вардар – Металург на 2 и 8 мај - Канал 5

Ракометни пресметки во Суперлигата за титулата, Вардар – Металург на 2 и 8 мај

Македонските ракометни гиганти шампионот Вардар и вицепрвакот Металург по долги преговори ги договорија термините за двете дерби средби во Суперлигата кои ќе го одлучат новиот шампион на Македонија.

Ракометни пресметки  во Суперлигата за титулата, Вардар – Металург на 2 и 8 мај
Нашите претставници во четврт-финалето од Лигата на шампионите дефинитивно најголемата битка сезоната и покрај дуелите со силните ривали од Европа ќе ја водат во домашното првенство.

Според договореното првото дерби во Супер лигата во кое Вардар ќе биде во улога на домаќин ќе се одигра на 2 мај во арената Борис Трајковски , Металург пак ќе му биде домаќин на Вардар само шест дена подоцна на 8 мај.

Тимот од Автокоманда засега се уште објавил во која сала ќе го дочека Вардар.

Инаку македонскиот шампион вардар денеска отпатува за Нови сад каде викендов ќе игра на фајнл фор турнирот во СЕХА лигата.
Црвено црните битката за трофејот во регионалното друштво ја започнуваат во полуфиналето против хрватскиот првак Загреб, за вториот финалист ќе одлучува дуелот меѓу Татран и Брест Мешков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Болсонаро избега на Флорида по изборниот пораз, ќе бара политички азил од САД

Сенаторот од крајната десница Флавио Болсонаро наводно го напуштил Бразил за САД, откако загуби од левичарскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на претседателските избори во недела.

Болсонаро избега на Флорида по изборниот пораз, ќе бара политички азил од САД

Според новинскиот портал „Метрополс“, повикувајќи се на извори блиски до семејството на политичарот, Болсонаро бил на пат кон САД.

„Авионот е во лет“, објави порталот, без да прецизира од каде полетал авионот.

Сојузниците на Болсонаро му рекле на „Метрополс“ дека тој треба да слета во Флорида во вторник попладне и дека планира да побара политички азил.

„Администрацијата на Трамп е информирана“, се додава во извештајот.

Неговите сојузници потврдија за весникот „Фолха де С. Паоло“ дека тој е на пат кон САД, велејќи дека планот за неговото заминување бил „организиран и олеснет од адвокат близок до семејството Болсонаро“.

CNN Brasil објави дека Болсонаро избегал во САД рано во вторник со сопругата и двете ќерки.

Болсонаро не е виден од понеделник и го пропуштил рокот во 11 часот наутро во вторник за да го предаде пасошот на федералната полиција. Тоа ги поттикна шпекулациите дека тој избегал од Бразил по поразот на изборите во недела.

Според бразилскиот весник „О Глобо“, за време на состанокот со пријатели и адвокати во понеделник, поразениот кандидат изгледал „опседнат“ и јасно ставил до знаење дека се плаши од апсење.

Судија на Врховниот суд му го одзеде пасошот на Болсонаро неколку минути по објавувањето на резултатите од изборите, како дел од случајот против сенаторот. Тој имаше рок до 11 часот наутро да го предаде документот на федералната полиција, но не се појави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: Разговарав со Макрон, верувам дека се враќаме на власт по две години

Лидерот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ, разговараше за ТВ Информер по парламентарните избори во Србија.

Вучиќ: Разговарав со Макрон, верувам дека се враќаме на власт по две години

Вучиќ изрази загриженост за синоќешниот упад во ТВ Информер:

„За 14 години не сме забраниле ниту една телевизиска станица, иако тие кажаа сто пати полоши работи отколку што кажавте вие ​​за нив.“

Потоа откри дека разговарал со многу високи европски функционери, меѓу кои Виктор Орбан, Емануел Макрон, Ѓорѓа Мелони и Антонио Коста, а потоа најави средба со Виктор Орбан, објави Телеграф.

„Верувам дека ќе го видам Виктор Орбан во наредните денови во Белград, бидејќи ќе се бориме заедно.“

Вучиќ се осврна и на постапките на полицијата.

„Ако полицијата не сака да ги заштити, денес ситуацијата е нешто поповолна во овој поглед отколку вчера. Ќе се организираме, ќе можеме да ги заштитиме луѓето“, рече Вучиќ, додавајќи дека очекува СНС да се врати на власт за две години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илија Срдановиќ разговарал со претседателот на Европскиот совет: на Србија местото ѝ е во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска разговараше со лидерот на листата Студентска листа - Студентите победуваат, Илија Срдановиќ, на кого му ја честиташе победата на листата на парламентарните избори во Србија.

Илија Срдановиќ разговарал со претседателот на Европскиот совет: на Србија местото ѝ е во ЕУ

„Приоритет сега е да се конституира парламент и да се формира нова влада без одложување, преку мирна транзиција и со целосно почитување на резултатите од изборите. Србија има место во Европската унија“, напиша Коста на мрежата X, наведувајќи дека имал добар разговор со Срдановиќ, додавајќи:

„Подготвени сме да го поддржиме нејзиниот европски пат, со јасен фокус на реформите што ги побара српскиот народ: владеење на правото, борба против корупцијата и слобода на медиумите.“

На парламентарните избори одржани во неделата во Србија, листата Студентска листа - Студентите победуваат освои 141 место со 53 проценти од гласовите, додека листата Александар Вучиќ - Обединета Србија беше втора со 38,8 проценти од гласовите, или 103 места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер