Ракометарките на Вардар го пречекуваат Будуќност во меч од Лигата на шампионките - Канал 5

Ракометарките на Вардар го пречекуваат Будуќност во меч од Лигата на шампионките

Македонскиот ракометен првак Вардар, која е единствената екипа сезонава во Лигата на шампионките без пораз, попладнево пред својата публика ќе игра против црногорскиот шампион Будуќност.

Ракометарките на Вардар го пречекуваат Будуќност во меч од Лигата на шампионките
Ова е натпревар од 4. коло на втората фаза во ракометната Лига на шампиони, која црвено-црните ја стартуваа токму со победа над денешниот противник кој на гостувањето во Подгорица го совладаа со 31-28.

Мечот меѓу Вардар и Будуќност, кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“, ќе започне од 17.30 часот.

Вчера се одиграа две средби од групата 1, во кои победи остварија домашните екипи. Астраханочка го победи Турингер со 26-24, а унгарскиот Ференцварош славеше во дуелот против Мец со 29-23.

На првите две места во оваа група со по 13 бодови се Вардар и Ференцварош, пред Будуќност кој има 8, а потоа следуваат Мец 6, Турингер 4 и Астраханочка 2.

Во втората група вчера се одиграат натпреварите, Ларвик – ЦСМ Букурешт 35-33 и Крим Љубљана – Ѓер 17-34, додека денеска ќе се сретнат Есбјерг – Митјиланд.

Ѓер е лидер на табелата со 13 бодови, пред Ларвик со 10 и Митјиланд со 8, а по нив следуваат ЦСМ Букурешт 7, Крим Љубљана 6 и Есбјерг 2.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфантино се кандидираше за четврт мандат на чело на ФИФА, нема противкандидати

Џани Инфантино (56) повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА на изборите во март 2027 година. 

Инфантино се кандидираше за четврт мандат на чело на ФИФА, нема противкандидати

Светската фудбалска организација потврди дека Инфантино, кој е на чело на ФИФА од 2016 година, се бори за четврти мандат. Неговата одлука доаѓа по турбулентен период во кој се соочи со силен отпор поради планот за продажба на удели во натпреварувањата на ФИФА на приватни инвеститори.

Во официјално соопштение, ФИФА ја цитираше најавата на Инфантино во април дека повторно ќе се кандидира. „Секако, ништо не се променило. Г-дин Инфантино ќе се кандидира“, рече ФИФА. Ова е прва официјална потврда за неговата намера по контроверзиите што следеа по Светското првенство ова лето.

Конфликт со УЕФА

Односите меѓу ФИФА и УЕФА се влошија во последните недели. ФИФА го обвини европското тело за „кампања за оцрнување на федерацијата и нејзиното раководство“ како одговор на правната постапка што ја покрена УЕФА. Минатата недела, УЕФА поднесе правни документи во САД барајќи пристап до докази и документи на ФИФА и предупреди дека може да поднесе кривични пријави во Швајцарија.

Поради спорниот финансиски план, УЕФА претходно се закани дека ќе ги бојкотира сите натпреварувања на ФИФА, вклучително и Светското првенство. Иако европската организација се откажа од обидот да гласа за недоверба на Инфантино, тие се уверени дека можат да му спротивстават на друг кандидат. Гласањето за недоверба би барало промена во статутот на ФИФА, што бара поддршка од три четвртини од членовите, односно 159 гласови, па таквото сценарио во моментов не се смета за реално.

Потрага по противкандидат

Кандидатурата бара поддршка од најмалку 106 од 211 национални асоцијации, а апликациите се примаат до 18 ноември. Досега нема други официјални кандидати за претседател на ФИФА. Претседателот на КОНКАКАФ, Виктор Монтаљани, неофицијално се споменува како можен противник на Инфантино.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се 17 возачи, 12 од нив возеле без дозвола

Лишени од слобода 17 возачи за „безобѕирно управување возило“, 12 возеле без положен возачки испит.

Уапсени се 17 возачи, 12 од нив возеле без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од КЗ. Од нив, 12 управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.И.(31) од тетовско, 17- годишник и 16- годишник од Скопје, С.Ј. (35) од Виница, Д.Г.(29) од Скопје, Б.Ј.(33) од скопско, Б.И.(19) од скопско, К.Ј.(24) од Скопје, 17-годишник од кочанско, M.Ш. (44) од Скопје, М.М.(21) од Тетово и 16-годишна малолетничка од Виница. Исто така лишени се од слобода и Б.Б. (50) од струшко, Р.Д.(51) од Прилеп, Р.Ј. (56) од тетовско и А.Н. (39) од Прилеп, бидејќи возеле под дејство на алкохол. Од слобода е лишен и П.Р. (27) од Гостивар, затоа што управувал возило во спротивен правец на еднонасочна улица.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер, по Путин се сретнаа и со Зеленски

Со воз преку Полска од Москава во Киев пристигнаа претставниците на Трамп испратени да посредуваат за крај на војната меѓу Русија и Украина. 

Виткоф и Кушнер, по Путин се сретнаа и со Зеленски

Откако на Централната железничка станица во Киев беа пречекани од високите претставници на Зеленски потоа и тој лично ги пречека специјалните претставници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои пристигнаа во Киев, што е нивна прва посета на Украина од почетокот на руската инвазија.

Оваа посета беше овозможена со договорот меѓу Русија и Украина за 72 часа целосен прекин на нападите и воените дејствија за да може безбендо да пристигни делегацијата испратена од американскиот претседател Трамп.

Нивната посета на Киев доаѓа во време кога Украина ја нагласува важноста на конструктивните и суштинските разговори со САД, според претседателот Володимир Зеленски. Пристигнувањето на специјалните претсавници на Трамп доаѓа по исклучително значајната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Москва.

Детали од средбата и планот за прекин на 4 годишната војна не се објавуваат никаде а на самиот почеток на средбата Путин изрази благодарност до Трамп за неговите заложби за прекин на војаната.

Специјалниот претставник Стив Виткоф се заблагодари за приемот и за овозможувањето на прекин на воените дејства.

Специјалните претставници беа во Москва вчера, каде што се сретнаа со Путин. Разговорите траеја повеќе од три часа, што укажува на сложеноста и важноста на дискусиите што се водат во контекст на сегашните геополитички тензии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер