Лефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанин
1Лефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанин
РакометРакометарките на Норвешка изборија полуфинале на Европското првенство Ракометната репрезентација на Норвешка е првата која избори пласман во полуфиналето на Европското првенство што се одржува во Унгарија и Хрватска. Норвешка синоќа во натпреварот од 2.коло од главната фаза во групата 1 постигна победа над Полска со 26:24 и е единствената селекција со максимален учинок. Во дербито на колото во Дебрецин ко-домаќинот Унгарија загуби од Данска со 23:20 и со тоа ги намали шансите за пласман во полуфиналето, а победа од 22:20 оствари и Романија во дуелот со Шпанија. На чело на табелата е Норвешка со 8 бодови, Данска има 5, Шпанија и Унгарија по 4, Романија 3, а Полска е без бод. Денеска се играат натпреварите од 2.коло од групата 2 во Загреб, а двојките се: Холандија – Црна Гора, Шведска – Словачка и Германија - Франција. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаКошаркарите ги започнаа подготовките за важниот дуел со АвстријаМашката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија од синоќа, ја започна завршната фаза од подготовките за претстојниот натпревар со Австрија, кој на 30 август ќе се одигра во Виена, со почеток во 16:05 часот.Во пресрет на важниот дуел, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе го реализираат целокупниот подготвителен период во Скопје, во „Т Арената“, каде во наредните денови ќе ги одработат планираните тренинзи и тактички подготовки. Програмата во Скопје продолжува со две тренинг-сесии во вторник, од 10:00 и од 18:00 часот. Во среда е предвиден еден тренинг, од 12:00 часот, со дел од програмата посветен на видео-анализа и опоравување. Во четврток следуваат теретана, видео-анализа и тренинг, а ден подоцна македонската репрезентација ќе замине за Виена. Летот е предвиден за 12:35 часот, по што во попладневните часови ќе биде реализиран и првиот тренинг во австриската престолнина. Во Виена ќе следи уште една тренинг-сесија во сабота од 15:45 часот, по што во недела доаѓа главниот предизвик – натпреварот со Австрија, со почеток во 16:05 часот. Програмата во денот на натпреварот предвидува утринска активација, видео-анализа и последни подготовки пред заминувањето кон арената. Пред македонските репрезентативци е важен предизвик во втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029. Наредните денови во „Т Арената“ во Скопје ќе бидат искористени за максимална подготовка и фокус пред заминувањето за Виена. По мала пауза, Ненад Димитријевиќ повторно е дел од македонската сениорска репрезентација. Еден од најдобрите македонски кошаркари повторно ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува важен дуел против Австрија во Виена. Повратникот во сениорскиот национален тим со големи амбиции го очекува новиот репрезентативен циклус. Противникот добро го познава, но верува дека Македонија има доволно време за квалитетна подготовка и заедничка работа пред гостувањето во Виена. „За селекцијата на Австрија знаеме дека е сериозна екипа која игра ‘ран ен ган’ кошарка. Мислам дека е незгоден ривал, но имаме осум до девет дена да се спремиме заедно за мечот и да одиме во Виена на таа посакувана победа.„Наша цел е настап на следното Европско првенство, за мене тоа ќе биде последна шанса да играм на еден евро-шампионат со Македонија и ќе дадам сè од себе да го оствариме тоа.““, вели Димитријевиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Џенифер Лопез подготвена за тренинг Светската музичка ѕвезда, 57 годишната Џенифер Лопез е фотографирана во Калифорнија при пристигнување на тренинг. За таа прилика, таа избрал спортска црна комбинација, тесни бициклистички и топ, што дополнително ја истакна нејзината совршена фигура. Со овој аутфит атрактивната Џеј Ло уште еднаш потврди дека е жена со тело на кое може да и позавидат и двојно помладите девојки. Jennifer Lopez in a black jumpsuit is the reason half the internet just booked a gym membership and a therapist. pic.twitter.com/nHyBjPpKCX — ohana (@yumiaesthe) August 23, 2026 Сите веднаш забележаа колку е мускулеста латино-дивата, а за нејзината страст кон фитнесот веќе е зборувано толку многу пати. Познатата пејачка со години го вклучува вежбањето како важен дел од својот животен стил, а нејзиното најново појавување во јавноста уште еднаш ги покажа резултатите од таа посветеност.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаМицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија МакедонијаПретседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дека не се исти, дадена од претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче, истакна: „Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат можам да се сложам дека не сме исти и точно граѓаните можат да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ кое што го води куклата на оние кои што ја уништија и ограбија Македонија, и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30