Ракетен напад во Израел , Нетанјаху евакуиран од митинг (ВИДЕО)

Телохранителите го спасуваа израелскиот премиер Бенјамин Нертанјаху , кога се огласија сирените за ракетен напад во јужниот дел од Израел.

Бенјамин Нетанјаху држеше предизборен митинг , кога се огласија сирените за ракетен напад од појасот Газа.

Нетанјаху не беше повреден, а неколку минути подоцна го продолжи својот говор, кој се пренесуваше во живо на социјалните мрежи на десничарската партија Ликуд на Нетанјаху.

Сепак, една недела пред изборите, отстранувањето на премиер од сцената оди во корист на политичките противници кои тврдат дека Нетанјаху не сторил доволно за да ги спречи честите ракетни напади врз Израел.

Израелската армија соопшти дека биле истрелани две ракети од појасот Газа кон Ашдод, каде се одржувал предизборниот митинг, и кон друго пристаниште Ашкелон, јужно од Ашдод. Ракетите го пресретнал израелскиот противракетен систем ,,Железна купола”.

Двојно убиство во Стајковци: Возрасен маж си ги убил братот и снаата

Попладнево во пукање во скопско Стајковци убиени се две лица.

Неофицијално, повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел. Во моментов е хоспитализиран во болницата „Свети Наум Охридски“, потврдуваат за Канал 5 од СВР Скопје.

Кара-Мурза останува во затвор 25 години, одбиена е жалбата на најголемиот непријател на Путин

Рускиот Врховен суд ја отфрли жалбата на пресудата за 25-годишна затворска казна за предавство поднесена од критичарот на Кремљ, Владимир Кара-Мурза, објавија денеска странските агенции.

Кара-Мурза е со двојно државјанство, руско и британско, и постојано ја критикуваше војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин и лобираше за санкции од Западот против Русија.

Опозицискиот политичар беше уапсен два месеца пред почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година и беше обвинет за ширење лажни информации за руските вооружени сили и прогласен за „странски агент“.

Руската полиција го приведе неколку часа откако Си-Ен-Ен емитуваше интервју со него во кое тој тврдеше дека Русија ја води „режим на убијци“. Тој подоцна беше обвинет за предавство за говорите што ги одржа, вклучително и еден во Претставничкиот дом на Аризона, кога рече дека Русија бомбардирала украински домови, болници и училишта, што Москва го негира.

Државното обвинителство го обвини дека „свесно шири лажни информации“ за акциите на руските сили во Украина, а неговата сопруга Евгенија изјави дека се плаши за неговиот живот по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални во февруари.

Кара-Мурза во жалбата наведува дека не сторил никакво кривично дело и дека е осуден исклучиво затоа што го искористил правото на слобода на говор и јавно се спротивставил на Путин и војната во Украина.

Тој овој месец ја доби Пулицеровата награда за есеј на Вашингтон пост.

Во Турција уапсени 544 лица поради врски со Фетула Ѓулен

Турските власти уапсија 544 лица осомничени за врски со  свештеникот Фетула Ѓулен, кого претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвинува дека е организатор на обидот за пуч во 2016 година.

-Во операцијата спроведена во 62 од 81 турски провинции се уапсени 544 лица, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на мрежата Х.

Осомничените се обвинети дека аплицирале за испит за државна служба по налог на движењето Фетула Ѓулен и користеле шифриран комуникациски систем Бајлок. /МИА

притисни ентер