Радио сигнал е откриен во атмосферата на Венера, научниците знаат од што потекнува - Канал 5

Радио сигнал е откриен во атмосферата на Венера, научниците знаат од што потекнува

Вселенското летало Паркер на НАСА открило нешто необично за време на блискиот лет во близина на Венера во јули 2020 година.

Радио сигнал е откриен во атмосферата на Венера, научниците знаат од што потекнува

Додека летало на само 833 километри над површината на таа планета, снимило нискофреквентен радио сигнал што доаѓал од атмосферата на Венера.

Мора да ги разочараме оние што мислеле дека станува збор за откривање на радио сигнал од некоја вонземска цивилизација што се крие под густите облаци на таа планета. Имено, сондата Паркер забележала сигнал од природно потекло, но тоа не значи дека не е интересно. Имено, ова откритие потврдило дека циклусите на нашата sвезда влијаат на атмосферата на Венера.

Ова е прв пат во скоро три децении леталото да може да прочита директни мерења на горната атмосфера на Венера. Податоците што ги собрало ни даваат ново разбирање за тоа како се менува Венера поради цикличните промени на Сонцето.

„Бев неверојатно возбуден кога добив нови податоци од Венера“, рече астрономот Глин Колинсон од Центарот за вселенски летови „Годард“ на НАСА, пренесува Science Alert.

Венера е фасцинантен свет за нас на Земјата. По големина и состав наликува на нашата планета, дури има и атмосфера. Од друга страна, тоа е отровно и пеколно блескаво тело, кое е веројатно комплетно непријателско за развојот на животот каков што го знаеме.

YouTube video

Вселенските агенции не испратиле многу мисии на таа планета. Нема многу смисла да се испраќаат летала или ровери затоа што тие не можат да преживеат на површина што се вари на 462 степени Целзиусови. Испраќањето летала во орбитата на Венера е исто така проблематично поради нејзините неверојатно густи облаци полни со јаглерод диоксид и сулфурна киселина.

Иако Венера не е најблиската планета до Сонцето, оваа позиција ја држи Меркур, сепак е најтопла во Сончевиот систем. Нејзината густа атмосфера полна со стакленички гасови заробува и ја задржува топлината, а на површината е потопло отколку на Меркур - на него, металите како олово се раствораат и стануваат барички на стопена метална течност.

Сондата Паркер поминала покрај Венера, сосема случајно, односно нејзината мисија немала никаква врска со таа планета. Со цел да се приближи што е можно поблиску до Сонцето и да се истражат мистериите на нашата sвезда, сондата ја користела Венера како гравитациска точка; односно ја искористила нејзината гравитација за да ја промени својата брзина и траекторија.

На еден од тие прелети, инструменти снимиле радио сигнал. Колинсон забележал нешто необично во внатрешноста на сигналот, но не можел веднаш да сфати што е тоа.

„Кога се разбудив следниот ден, помислив:‘ Боже мој, знам што е ова! ’“, вели Колинсон.

Сличен сигнал бил забележан и од вселенското летало Галилео додека минувал низ јоносферите на месечините на Јупитер; слоеви на атмосфера што ги имаме и тука на Земјата, но исто така и на Марс. Јоносферата е всушност јонизиран слој во атмосферата на една планета.

Кога научниците сфатиле каков е сигналот, го искористиле за да ја пресметаат густината на јоносферата на Венера и ги споредиле податоците со последните директни мерења од 1992 година. Откриле нешто интересно - јоносферата во новите мерења била поретка отколку во 1992 година.

Експертите веруваат дека овој процес е поврзан со сончевите циклуси. На секои 11 години, половите на Сонцето ги менуваат местата; југот станува север, а северот станува југ. Не е јасно што ги придвижува овие циклуси, но знаеме дека половите се менуваат кога магнетното поле на нашата sвезда е најслабо.

Бидејќи соларните активности како што се сончевите дамки (привремени региони на силни магнетни полиња) или исфрлање на коронална маса (исфрлање на плазма) зависат од магнетното поле на Сонцето, овие фази ги нарекуваме сончев минимум и соларен максимум.

Мерењата од Земјата покажале дека јоносферата на Венера се сменила во синхронија со соларните циклуси - станала погуста со сончевиот максимум и поретка со сончевиот минимум. Но, научниците не можеле да го потврдат ова без директни мерења.

Затоа ова откритие е толку интересно. Мерењата од 1992 година се направени во време близу до сончевиот максимум; а во 2020 мерења близу до сончевиот минимум. Двете мерења биле во согласност со мерењата на Земјата.

Засега, не е сосема јасно зошто Сончевиот циклус има таков ефект врз јоносферата на Венера, но постојат две главни теории.

Една од нив е дека горната граница на јоносферата за време на сончевиот минимум се спушта на помала надморска височина, што спречува проток на јонизирани атоми, што пак резултира во поретка ноќна јоносфера. Според друга теорија, јоносферата на Венера за време на сончевиот минимум истекува побрзо во вселената.

Податоците од истражувањето на Паркер не можат да исклучат ниту еден од овие механизми, но научниците се надеваат дека идните мисии и набљудувања би можеле да разјаснат што точно се случува.

Студијата наречена Depleted Plasma Densities in the Ionosphere of Venus Near Solar Minimum From Parker Solar Probe Observations of Upper Hybrid Resonance Emission , е објавена во списанието Geophysical Research Letters.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Сами против сите

Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови, напиша на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски по изборите во Брвеница.

Мицкоски: Сами против сите

Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа.

Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата.

Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер