Радев од Атина : Кога ќе се потпише меѓународен договор, треба да се исполнува од сите влади

Бугарскиот претседател Румен Радев не откри дали на средбата со грчкиот премиер Мицотакис во Атина изградиле заедничка позиција кон Македонија..

По изјавите на премиерот Мицкоски дека договорот со Бугарија може да се репреговара, Радев вели дека договорот за добрососедство мора да се спроведува, а не да се ревидира.. Оцени дека македонскиот државен врв очигледн немал доволни познавања од меѓународно и уставно право..

„Очигледно државниот врв на Македонија не е подготвенo за функцијата од многу причини. Прво, неопходно е познавањето на меѓународното право, што очигледно недостасува. Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој треба да се исполнува од сите влади, а не да се ревидира.Се разбира дека овие процеси кои се случуваат во земјата забрзано ја оддалечуваат земјата од евроинтеграциите и со тоа ги загрижуваат и Бугарија и Грција.“ , изјави Радев од Атина.

Трамп се вози во голф- количка и ги пцуе Бајден и Камала Харис (ВИДЕО)

Доналд Трамп ги нарече американскиот претседател и неговиот ривал на претстојните избори „скршен куп го*на“ кој е на работ да „испадне од трката“, во тајно снимено видео објавено од Дејли Бист.

На видеото се гледа како 78-годишниот Трамп седи во количка за голф и држи куп пари, објави Дејли Бист.

„Како поминав во дебатата пред некоја вечер? Го клоцав тој стар, скапан куп го*на. Тој се откажува од трката“, им рекол Бајден на толпата луѓе во близина.

„Го исфрлив од трката, а тоа значи дека ја имаме Камала. Мислам дека таа ќе биде подобра. Таа е толку лоша. Таа е толку патетична. Таа е само толку е*ана лоша“, продолжи Трамп.

„Можете ли да замислите Бајден да има работа со Путин и претседателот на Кина, кој е тврд човек? Тој е тврд човек. Многу тврд човек“, заврши Трамп.

Да потсетиме, по лошиот настап на Бајден на минатонеделната дебата, многу демократи и аналитичари побараа Бајден да се откаже од трката поради сѐ повидливите проблеми со неговото здравје. Воедно, тоа беше и голема победа за Трамп, кој според анкетите води во трката за претседателската функција, иако оваа предност најчесто е на ниво на статистичка грешка.

Човек поминал 3 дена заглавен во канализација- сакал да ја истражува (ВИДЕО)

Бизарна приказна е снимена во градот Леон, северозападно од Мексико Сити, каде човек по име Антонио решил да ја истражи градската канализациска мрежа - но се изгубил.

Несреќниот човек не можел да најде излез, па почнал да повикува помош. Наводно поминале три дена додека извиците ги слушнале минувачи.

Кога властите пристигнале на местото на настанот, не можеле веднаш да ја утврдат неговата локација, пренесува Метро.

Се вели дека влегол во одводниот систем, сместен во блиската река, по што ја изгубил ориентацијата и исчезнал во темен лавиринт.

Снимката од спасувачката операција стана вирална на социјалните мрежи, а гледаме човек кој излегува на површина, очигледно измачуван од искуството.

Антонио веднаш бил пренесен во болница, но не се знае неговата состојба.

Потсетуваме, сличен инцидент се случи и во Есекс, каде маж падна во канализација и остана заробен три дена.

Тој бил спасен откако пешачел 9,5 километри низ одводниот систем, а штом излегол на површината ги прашал пожарникарите: „Има ли некој цигара?“.

Ја задавил сопругата пред децата, нејзиното тело го ставил во куфер и го фрлил во река (ВИДЕО)

Маж од Велика Британија се соочува со доживотна казна затвор за убиство на својата сопруга, по што го фрлил куферот со нејзиното тело во притока на реката Темза.

Аминан Рахман (46) вчера е прогласен за виновен за убиство на неговата сопруга Сума Бегум (24) во стан во Лондон на 29 април 2023 година.

Сведоци на убиството биле нејзините деца, како и нејзиното момче преку видео повик додека бил во Обединетите Арапски Емирати, пренесува Sky news.

По убиството, телото на жената го ставил во куфер и потоа надзорна камера го снимила како го фрла во реката Леа.

Куферот со распаднатото тело на жената е пронајден 10 дена подоцна на брегот на реката.

На судот му беше кажано дека нејзиното момче, Шахин Мија (24) снимил онлајн видео од настаните што довеле до нејзината смрт, кое подоцна ѝ било предадено на полицијата.

Мија плачеше на суд додека го опишуваше видеоповикот на Рахман во кој тој се заканувал дека ќе ја убие жената.

„Сакаше да побегне, а тој ја фати за врат“, изјави тој пред судот.

Пред да замрзне видеото се слушна вресок и веќе ништо не се гледа.

Во друг видео повик таа вечер, обвинетиот му рекол на Мија дека „ја убил Сума и дека сега треба да се подготви“.

За време на неговото сведочење, Рахман го признал убиството, но тврдел дека никогаш немал намера да ѝ наштети и дека дејствувал во одбрана на постарото дете, тврдејќи дека Сума се заканила дека ќе го убие двегодишното дете и дека го фрлил детето кон ѕид - тврдење кое го негира обвинителството.

Казната ќе му биде изречена на 31 јули.

притисни ентер