Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
ЖивотПознат боксер го предал автомобилот на човекот на паркинг, внатре ја заборавил ќерка му (ВИДЕО)Амир Кан стана вирален откако беше објавено видео на кое го дава својот автомобил на човекот на паркинг, но заборава дека ја оставил ќерка си на задното седиште.Поранешниот боксерски шампион (37) го остави својот Range Rover вреден 120.000 фунти кај вработениот на паркинг во Дубаи, а видеото споделено на социјалните мрежи го покажува моментот кога сфатил дека неговата ќерка Алајна (6) се уште е на задното седиште. Амир снимил додека чекал возачот да го врати автомобилот како пред камерата говори: „Го испратив автомобилот на вработениот и погодете што? Ја оставив ќерка ми во автомобилот“. Продолжил да снима додека нетрпеливо чекал да се отвори вратата од автомобилот. Кога задната врата конечно се отворила, Алајна се појавила на задното седиште, вознемирена, држејќи го розовиот мобилен телефон. Видеото, кое повеќе не се појавува на социјалните мрежи на Кан, завршува со таткото и ќерката како си заминуваат држејќи се за рака додека возачот постојано се извинува. Amir Khan is 1 of 1 😭😭😭 pic.twitter.com/WoPD3auVRG — AV (@Amira_Valli) July 3, 2024 Амир и неговата сопруга Фаријал Макдо имаат и ќерка Ламаиса и син Мухамед. Двојката е во брак од 2013 година, а во 2017 година на одредено време раскинаа, но набрзо открија дека повторно се заедно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсени се двајца кавадарчани, одземени им с епари и дрога за време на „Тиквешки гроздобер“Лишени од слобода две лица во Кавадарци, при преглед пронајдена дрога и пари, соопштуваат од МВР. На 04.09.2026 во 20:50 часот за време на одржување на културна манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес и ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Г.П.(42) и В.Ќ.(42), двајцата од Кавадарци. При преглед кај Г.П. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај В.Ќ. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, пари и телефон. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно на Г.П. му биле измерени 0,53 промили, а на В.Ќ. му биле измерени 0,44 промили алкохол во крвта. Лицата се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаСДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?Осум недели поминаа од труењето со водата во Гостивар, кога околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош.Осум недели нема извештај за водата. Нема одговори. Нема одговорност. Осум недели институциите молчат. Зошто не се објавува извештајот за водата? Што се крие од граѓаните? Случајот во Гостивар не беше единствен. Во околу 50 населени места низ државата беа регистрирани проблеми со безбедноста на водата. Четири реки беа загадени, како и локални извори од кои граѓаните користат вода. Станува збор за прашање кое директно го засега здравјето на илјадници граѓани. Зошто осум недели јавноста, граѓаните не ги добиваат одговорите? Што крие Мицкоски?, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНа украинските војници им е наредено да ги прекинат борбите- Русија веднаш изведе нападРусија го нападна градот Камјанске во регионот Дњепропетровск во раните утрински часови, при што загинаа четири лица. Нападот се случи само неколку часа откако Украина еднострано прогласи привремен прекин на огнот пред пристигнувањето на американските претставници кои патуваат во Киев и Москва за да ги оживеат мировните преговори, објави „Украинска правда“. Руски напади и покрај прекинот на огнот Според регионалниот гувернер, Олександр Ханжа, Русија го нападна регионот Дњепропетровск преку ноќ и наутро со ракети, беспилотни летала и артилерија. Во нападот врз Камјанске загинаа четири лица, а пет беа ранети. Тројца од повредените се однесени во болница, вклучувајќи 30-годишна жена која е на интензивна нега. Ханжа рече дека бил погоден индустриски погон, но не даде дополнителни детали за целта. Украинските воздухопловни сили претходно во текот на ноќта издадоа предупредување дека руски балистички ракети се упатуваат кон Камјанске. Додека Киев се воздржуваше од напади врз руски цели, сирените за воздушен напад се огласија во градовите низ Украина. Во нападите врз Киев и неговата околина, беше погодена станбена зграда, а најмалку две лица беа повредени. Дипломатска мисија на американските пратеници Привременото прекинување на непријателствата беше објавено поради посетата на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои планираат да ги посетат Киев и Москва за да разговараат за предлогот за прекин на војната. Претседателот Володимир Зеленски потврди дека делегатите ќе пристигнат во Киев утре, по посетата на Москва. Ова е нивна прва посета на Украина како дел од дипломатските напори на Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, го потврди патувањето и рече дека пратениците носат предлог за прекин на војната. „Тоа прашање мора да се реши. Затоа ги испратив Стив Виткоф и Џаред Кушнер“, рече Трамп. „Ги испративме да видат дали може да се постигне нешто и има големи шанси да успееме.“ Условите на украинскиот прекин на огнот Според информации од воени извори, на украинските војници им беше наредено да ги прекинат борбените операции од полноќ на 5 септември до крајот на денот на 8 септември. Прекинот на непријателствата е иницијатива на Украина, иако не е објавен официјален договор за прекин на огнот. Претседателот Зеленски вети дека, заради безбедноста на американските преговарачи, Украина нема да изврши воздушни напади врз Русија за време на нивната посета. Тој ја повика Москва да го стори истото. Русија одговори на предлогот со напади со млазни беспилотни летала, кои летаа кон Киев веднаш по полноќ. Тагови: русија украински војници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook