3Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела
БалканРадев: Очекувам победа, ќе направиме сѐ што е возможно да нема повторни избори Очекувавм да победиме. Да ги видиме конечните резултати, рече поранешниот претседател Румен Радев, откако првите резултати од излезните анкети од социолошките агенции ја посочија „Прогресивна Бугарија“ како победник по денешните парламентарни избори.Многу партии поднесоа барање Врховниот судски совет да се смени. Се надевам дека со ПП-ДБ ќе гледаме во иста насока кога зборуваме за замена на ВСС, рече и Радев, објавиБГНЕС. Кога беше прашан за малцинска влада или нови избори, Радев рече дека сака да ги почека конечните резултати и гласањето од странство. Ќе направиме сè што е можно за да избегнеме нови избори, рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамГолемо изненадување меѓу кандидатите за „Светски автомобил на годината“: Кина доминира„Светски автомобил на годината“ за 2027 година: Кинеските производители имаат дури 27 модели на листата.Организаторите на наградите „Светски автомобил на годината“ ги објавија 56-те кандидати кои се натпреваруваат за престижните награди за 2027 година. Речиси половина – поточно 27 модели – доаѓаат од Кина. За да се квалификува за главната награда „Светски автомобил на годината 2027“, автомобилот мора да се произведува во обем од најмалку 10.000 примероци годишно и да се продава на најмалку два големи светски пазари на најмалку два континента. Меѓу кандидатите за главната награда се: BMW i3, BYD Ti7, Chery Q, Cupra Raval, Deepal S07, Exeed RX, GAC Aion V, Geely Starray EM-I, Hyundai Ioniq 3, Jetour T2, Kia Telluride, Leapmotor T03, Lynk & Co 900, Mazda CX-5, MG4 EV Urban, Onvo L90, Subaru Trailseeker, Volvo EX60 и Zeekr 8X. Погледнете ја целосната листа: Објавени се и кандидатите за категориите „Светски градски автомобил“, „Светски луксузен автомобил“ и „Светски автомобил со високи перформанси“, додека листите за „Светски електричен автомобил“ и „Светски дизајн на автомобил“ ќе бидат објавени подоцна. Кандидати за „Светски градски автомобил“ се, меѓу другите: Chery Q, Cupra Raval, Geely EX2, Hyundai Ioniq 3, Kia EV2 и Leapmotor T03. Категоријата за луксузен автомобил ги вклучува: Audi Q7, Avatr 07, BMW X5, Genesis GV80 Hybrid, Jaguar Type 01, Polestar 5, Range Rover GT, Xpeng X9 и Zeekr 9X. За наградата за најдобар спортски автомобил ќе се натпреваруваат Chevrolet Corvette ZR1 и ZR1X, Genesis GV60 Magma, Kia EV4 GT, Lotus Eletre X, Lynk & Co 02, Zeekr 7GT и Porsche Cayenne Turbo Electric. Победниците во сите категории ќе бидат објавени на 24 март 2027 година. Извор: Б92Тагови: автомобил на годината Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветТрамп: Европа штотуку се согласи веднаш да ослободи огромни количества дизелТрамп ја објави одлуката на социјалните мрежи без да прецизира кои земји ќе ги ослободат резервите или за кои количества станува збор.Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Европа се согласила „веднаш“ да ослободи дел од своите резерви на дизел, додека тој и неговата Републиканска партија се соочуваат со притисок да реагираат на вртоглавиот раст на цените пред ноемвриските избори за Конгресот. Трамп ја објави одлуката на социјалните мрежи без да прецизира кои земји ќе ги ослободат резервите или за кои количества станува збор. „Европа штотуку се согласи да ослободи огромно количество од своите големи резерви на дизел гориво. Процесот ќе започне веднаш“, напиша тој. Опаѓање на популарноста на Трамп и раст на цените на горивото Популарноста на претседателот опаѓа бидејќи војната со Иран и неговите трговски конфликти ги зголемуваат цените на нафтата и другите суровини во САД. Цените на горивото во САД и во странство нагло пораснаа за време на осуммесечната војна, а Трамп постојано изјавуваше дека плаќањето на таква цена е оправдано за да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје. Трамп тврди дека цените ќе паднат штом ќе заврши војната, иако засега не се гледа крај на конфликтот. Просечната цена на галон (3,785 литри) дизел во САД денес изнесуваше 6,37 долари, според податоците на Американската автомобилска асоцијација (AAA), откако на 22 септември достигна рекордно ниво од 6,52 долари. Одржани серија состаноци Трамп разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон – кој моментално претседава со Г7 – за потребата да се решат проблемите со растот на цените на горивото и достапноста на нафтените деривати. Потоа, Макрон претседаваше со видеоконференција на лидерите на Г7 за да се разговара за ова прашање. Новите информации доаѓаат откако земјите од Европската унија денес разговараа за француски предлог според кој европските земји би ослободиле 50 милиони барели дизел од стратешките резерви, додека членките на Меѓународната агенција за енергетика би ослободиле дополнителни 50 милиони барели сурова нафта. Трамп ја оцени својата работа на полето на економијата со највисока оценка (А+) Новата анкета на „AP-NORC“ покажа дека мнозинството возрасни Американци го сметаат Трамп за одговорен за високите цени, додека поддршката за начинот на кој тој ја води економијата падна на ново најниско ниво. Трамп е сè повеќе фрустриран од она што го доживува како несовпаѓање меѓу неговите постигнувања и начинот на кој јавноста ја оценува неговата работа. Оваа недела тој на својата работа на полето на економијата си даде оценка „А+“, но нагласи: „Исклучително лошо стоиме со промоцијата.“Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаШто може да очекуваме по посетата на Урсула фон дер Лајен во Македонија?Дали најавата за активен дијалог со Софија може да резултира со некаков епилог во македонските евроинтеграции, може ли да се потпреме на европско посредништво, колку Унијата е подготвена да го оживи процесот во наша корист?На овие прашања по посетата на Урсула фон дер Лајен побаравме одговори од политичкиот аналитичар Петар Арсовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter