Радев на 15 мај на партијата ГЕРБ ќе и го врачи првиот мандат за формирање влада - Канал 5

Радев на 15 мај на партијата ГЕРБ ќе и го врачи првиот мандат за формирање влада

Претседателот на Бугарија, Румен Радев следниот понеделник - на 15 мај, на партијата ГЕРБ ќе и го врачи првиот мандат за формирање влада.

Радев на 15 мај на партијата ГЕРБ ќе и го врачи првиот мандат за формирање влада

„Мандатот ќе го врачам следниот понеделник, на 15 мај. Верувам дека ова време ќе биде најдобро искористено и од Народното собрание и од партиите“, изјави денеска Радев.

Неофицијалните очекувања беа дека шефот на државата неделава ќе ја почне процедурата за врачување на мандатите, но одлучи да им даде уште една недела на политичките сили во Парламентот.

„Помина цел месец од свикувањето на Народното собрание, а досега не даде никаков резултат. Лудост е народните избраници да зборуваат за нови избори без да исполнат барем дел од обврските кон своите гласачи“, вели претседателот Радев.

Народното собрание досега не ја започна својата законодавна активност, а дури кон крајот на минатата недела беа формирани собраниските комисии и тоа со нова нестандардна одлука - не беа избрани нивните шефови.

Според Радев, партиите одбиваат да преземат одговорност за управувањето со државата, а „сакаат и да и ги врзат рацете на преодната влада и да ја остават без буџет“.

Според Уставот, претседателот е должен да го предаде првиот мандат за формирање влада на најголемата пратеничка група - т.е. на победникот на изборите, кој во овој случај е ГЕРБ. Во Основниот закон нема рок во кој тоа треба да се случи. Роковите почнуваат да течат дури по врачувањето, а партијата ќе има рок од една недела да го реализира мандатот за формирање влада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема промена кај цените на горивата

Нема промена на цените на бензините и дизелот. Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 останува 98,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава по 100,50 денари, а дизелот по 97 денари за литар.

Нема промена кај цените на горивата

Единствено поскапува мазутот, за 2,14 денари и сега чини 51,74 денари за килограм. Во актуелните цени на горивата се вклучени владините мерки за намалено ДДВ на дизелот од 18 на 10%, како и намалената акциза за бензините и дизелот за 4 денари по литар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

Министерството за внатрешни работи распиша потерница по 23-годишната Ива Михаилова, по барање на Основниот суд во Кочани..

МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од кривичниот законик, објави МВР, откако Михаилова пред три дена побегна во Бугарија и беше утврдено дека таа нелегално ја напуштила земјава..

Претходно, судот во Кочани и одреди 30-дневен притвор на Михаилова, која е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици..

Иако таа и нејзиниот адвокат за бугарските медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, од МВР соопштија дека на ниту еден граничен премин не е евидентиран нивни излез од Македонија, ниту влез во Бугарија..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Економист“ за војната со Иран: Досега Америка потроши 265 милијарди долари

Војната со Иран, која ужива многу мала поддршка меѓу Американците, сè повеќе го оптоварува буџетот на домаќинствата. 

„Економист“ за војната со Иран: Досега Америка потроши 265 милијарди долари

Од поскапото гориво и повисоките каматни стапки за станбени кредити до зголемените цени на авионските билети, конфликтот дополнително ги зголемува трошоците за живот на граѓаните кои веќе се соочуваат со инфлација.

Сето ова се случува во пресрет на изборите за Конгресот на САД, пренесува Си-Ен-Ен (CNN).

Според проценките на Марк Занди, главен економист во фирмата за економска анализа „Мудис аналитикс“ (Moody’s Analytics), војната ги чинела американските потрошувачи приближно 265 милијарди долари (или 236 милијарди евра) од почетокот на конфликтот во февруари.

Ова претставува дополнителен трошок од околу 2.000 долари (или 1.785 евра) по просечно американско домаќинство. „Многу Американци со право ја поврзуваат војната со Иран со болно високите трошоци за живот, поради што сакаат таа да заврши“, изјави Занди. Во меѓувреме, растот на платите не го следи растот на цените; во септември, растот на платите забави на најниско ниво во последните пет години.

Кога ќе се земе предвид инфлацијата, реалната вредност на платите опаѓа речиси секој месец од почетокот на војната. Како последица на тоа, некои Американци се принудени да посегнат по заштедите или да се потпрат на кредитни картички за да ги покријат секојдневните трошоци.

Цените на енергенсите претставуваат најголем проблем. Војната со Иран со месеци го блокираше Ормускиот Теснец – еден од најважните поморски премини за глобалната трговија со нафта. Ова го запре извозот на големи количества сурова нафта, гориво и течен природен гас од Персискиот Залив.

Иако транспортот на нафта низ теснецот е обновен, трошоците за транспорт од регионот значително се зголемија. Ова резултираше со повисоки цени на бензинот, дизелот и горивото за авиони. Поради зголемените трошоци за енергија – вклучително и повисоките сметки за греење – просечното американско семејство потрошило околу 1.100 долари повеќе од почетокот на војната отколку што би потрошило во нормални околности.

Занди проценува дека, при сегашните цени, овој дополнителен трошок се зголемува за околу 50 долари (приближно 45 евра) секоја недела. Дизелот, кој се користи во камиони, трактори и возови, и понатаму е на ниво близу до рекордните цени. Иако наглиот раст на цените на бензинот е стабилизиран, цената останува значително повисока од вообичаеното за овој период од годината.

Според податоците на Американската автомобилска асоцијација (AAA), просечната цена на бензинот изнесува 4,34 долари за галон (приближно 1,02 евра за литар). Пред почетокот на војната, еден галон чинеше 2,98 долари (околу 0,70 евра за литар). Тоа значи дека цената на бензинот во САД е зголемена за речиси 46 проценти од почетокот на конфликтот.

Вчера беше забележан 165-тиот ден во годината во кој просечната цена на бензинот во САД изнесуваше најмалку четири долари по галон – или приближно 0,94 евра по литар. Според анализата на CNN врз основа на податоци од AAA, ова претставува рекорд од почетокот на следењето на овие податоци во 2000 година. Претходниот рекорд беше поставен во 2022 година, кога цената на бензинот изнесуваше најмалку четири долари по галон во текот на 158 дена.

Цените тогаш нагло пораснаа поради руската инвазија врз Украина. Единствената друга година кога бензинот го достигна тоа ценовно ниво беше 2008 година, кога се задржа на таа висина 48 дена во текот на летото. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека повисоките цени на бензинот и дизелот се мала цена што треба да се плати за да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје. Зголемените трошоци за авионско гориво особено силно ги погодија авиокомпаниите.

За да ги намалат трошоците, некои од нив ги укинаа поевтините и помалку профитабилните линии, ги зголемија надоместоците за багаж и ги покачија цените на билетите.

Според податоците на Бирото за статистика на трудот на САД, авионските билети во август биле дури 23 проценти поскапи отколку во истиот месец минатата година. Растат и трошоците за греење. Американската Управа за енергетски информации проценува дека домаќинствата што користат масло за греење ќе плаќаат 21 процент повеќе за греење оваа зима во споредба со минатата.

Покрај поскапото гориво и греење, Американците сè повеќе се оптоварени и со кредити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер