Радев и го врачи првиот проучувачки мандат на Марија Габриел од ГЕРБ-СДС - Канал 5

Радев и го врачи првиот проучувачки мандат на Марија Габриел од ГЕРБ-СДС

Радев и го врачи првиот проучувачки мандат на Марија Габриел од ГЕРБ-СДС за состав на новата бугарска Влада.

Радев и го врачи првиот проучувачки мандат на Марија Габриел од ГЕРБ-СДС

Бугарскиот претседател Румен Радев и го додели првиот проучувачки мандат за формирање влада на кандидатката за премиер на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел, јави БТА.

-Треба да сфатите дека на овој пат Ве очекуваат многу пречки, но јас ќе ве чекам следниот понеделник со составот на Министерскиот совет. Денеска и утре, гледам, се одлучувачки денови за Вас, и кажал Радев на Габриел и притоа и посакал успех.

Според Уставот, Габриел има рок од седум дена да го предложи составот на новиот Совет на министри. Доколку не успее, претседателот потоа мандатот му го доделува на кандидат за премиер именуван од втората по големина пратеничка група („Промените продолжуват - Демократска Бугарија“).

-Планирам да предложам да продолжат разговорите за формирање на едногодишна експертска влада врз основа на приоритетите, изјави вчера Габриел.

Кандидатката на ГЕРБ-СДС претходно денеска имаше средби со претставници на „БСП за Бугарија“, ДПС и „Има таков народ“.

БТА јавува дека БСП не дала конечен одговор дали ќе поддржат кабинет со мандат на ГЕРБ и посочиле дека ќе побараат став од членовите на партијата. Од ДПС изјавиле дека профилот на кабинетот треба да изгледа европски и имаат експерти во речиси сите области. ИТН, пак, посочиле дека тие нема да поддржат нов буџет за непромислено трошење што ќе биде на товар на Бугарите и затоа нема да поддржат ниту ваков тип на влада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!

Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. 

Мицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!

„Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“

На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија

По повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.

ЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија

Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава.

Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска.

Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех.

Македонија е наша татковина.

Независноста е наше наследство.

Иднината е наша заедничка обврска.

Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија.

Честит 8-ми Септември!

Честити 35 години независна Македонија!

Движење ЗНАМ за наша Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утрово Охрид го стресе земјотрес од 3,9 степени

Утрово во 05 часот и 40 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9.

Утрово Охрид го стресе земјотрес од 3,9 степени

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 05 часот и 40 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9.

Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, особено во Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот:

https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112

Сеизмолошка опсерваторија

при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер