Радев: Бугарија нема да поддржи санкции против руското нуклеарно гориво - Канал 5

Радев: Бугарија нема да поддржи санкции против руското нуклеарно гориво

Бугарија нема да поддржи санкции против руското нуклеарно гориво и ќе понуди гранична безбедност финансирана од ЕУ.

Радев: Бугарија нема да поддржи санкции против руското нуклеарно гориво

Бугарија не може да прифати санкции против руското нуклеарно гориво, бидејќи тоа директно ќе влијае на енергетското снабдување во државата, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев во Брисел, каде што пристигна да учествува на вонредниот состанок на Европскиот совет, јави БТА.

- Тоа не може да се случи. Ги разгледуваме сите можни области каде тоа би можело да се случи, но онаму каде што директно се загрозени нашите интереси, ние сме многу внимателни. Доколку е потребно ќе наметнеме вето, нагласи Радев.

По повод помошта за Украина, претседателот на Бугарија изјави дека преодната влада ја исполнила задачата поставена од Народното собрание, да обезбеди вооружување од резервите на бугарската армија.

-Се надевам дека владата ќе покаже разум во иднина да не го дозволи ова. Тоа е крвава војна, сè помалку слушаме гласови за мир, слушаме повици за победа без никој да може да дефинира што значи победа, додаде тој.

Радев најави дека со средства од ЕУ ќе предложи пилот проект за заштита на бугарската граница. - Ние инвестираме голем дел од нашиот буџет и во граничната инфраструктура и во системите за технички надзор... Но, нашите ресурси се недоволни, истакна Радев.

Според него, во последните месеци се направени напори за поголема солидарност и поддршка за сите земји на првата линија на надворешните граници на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. 

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Претставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. 

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ.

Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа.

Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката.

Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.

Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка.

Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување.

На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот.

Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа.

Во таа насока, беше истакнато дека присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава претставува потврда за развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и за потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство.

Соговорниците ја потврдија важноста на продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција во повеќе области, со посебен акцент на економијата, поврзувањето на граѓаните и развојот на туризмот.

Во делот на туризмот, беше нагласено дека постојат огромни потенцијали за поврзување меѓу двете земји, со цел поттикнување на туристичките посети и продлабочување на меѓусебните врски.

Средбата претставува можност за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во интерес на економскиот развој, новите инвестиции и унапредувањето на севкупните билатерални односи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер