Радев: Бугарија го прифаќа договорот меѓу Македонија и Грција

Бугарија е многу загрижена од ескалацијата во Македонија во врска со договорот за новото име на државата, рече бугарскиот претседател Румен Радев на денешната прес-конференција во Софија по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Радев го повика Иванов да не биде само учесник, туку и водач во дијалогот меѓу институциите во Република Македонија, бидејќи, како што истакна, тоа е важен услов за постигнување на стратешките приоритети - членство во ЕУ и НАТО.

- Бугарија го прифаќа договорот меѓу Македонија и Грција за името, особено заради тоа што ќе ги отстрани пречките на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, рече Радев.

Бугарската поддршка на договорот за името, како што истакна, е поврзана со стриктно почитување на договорите што Скопје и Атина ги имаат со Софија.

Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов во Софија требаше да се сретне и со бугарскиот премиер Бојко Борисов и бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, но средбите во последен момент беа откажани.

- Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на нашиот сосед. Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Јасна е и позицијата на претседателот на Македонија. Бугарската Влада не гледа причина да биде искористена за внатрешно-политички дебати во Скопје. Клучно за идниот развој на нашата соседна држава е интеграцијата во ЕУ и НАТО и тоа да не се доведува во прашање, се наведува во соопштението од Владата на Бугарија.

Направано е најголемото тирамису на светот, влезе во Гинисовата книга (ВИДЕО)

Нема некој што не сака тирамису, омилениот италијански десерт, а во чест на Светскиот ден на Тирамису, што се одбележуваа секоја година на 21 март, италијански ресторан во Лондон го направи највисокото тирамису на светот.

Тимот од ресторанот Луси во лондонскиот Ковент Гарден го помина целиот ден градејќи го највисокото тирамису на светот. И кога го „изградиле“, го измериле и бил висок два метри – повисок од просечниот маж – и така влегол во Гинисовата книга на рекорди.

Од страна на персоналот во ресторанот љубезно наречен „Торемису“ (доаѓа од италијанскиот збор „торе“, што значи кула), овој џиновски десерт е направен од сите класични состојки на тирамису и е целосно јадлив. Биле потребни пет часа за да се состави, но дури 24 часа за да се подготват сите состојки.

„Торемису“ стана толкав хит што тимот направил уште една реплика неколку дена подоцна, а тој ден решија сите што вечераат во овој ресторан да ги почестат со бесплатно тирамису.

@viziesfizii #CapCut ♬ suono originale - Viziiesfizii

Инаку, италијанскиот ресторан Luci во Ковент Гарден е познат по широкиот избор на италијански колачи, меѓу кои најмногу се издвојува тирамисуто. Но, освен десерти, овде наутро може да се купи свеж леб и пецива, а од пладне во понудата има фокача, чабата и италијанска пица.

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите

Коносителката на ИЕ5 и министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го Светскиот ден на слободата на медиумите потсети дека СДСМ во целиот свој мандат поттикнува демократска и слобода атмосфера во општеството.

„Направивме законски измени со кои нападот врз новинар се квалификува како напад на службено лице, заради поголема заштита на луѓето кои ја вршат оваа значајна општествена професија“, вели Костадиновска-Стојчевска.

Таа додава дека наспроти децениската репресија и прогон кон медиумите и новинарите, насилното затворање медиуми и користење на институциите за пресметка со новинарите, СДСМ значително го подобри медиумскиот амбиент и критичкото новинарство.

„Не приведуваме новинари за искажан збор, не тужиме редакции за објавени текстови, не затвораме медиуми кои не критикуваат“, вели Костадиновска-Стојчевска на Светскиот ден на слобода на медиумите кога „Репортери без граници“, во својот извештај забележа прогрес за Северна Македонија.

Според овој извештај, државата годинава има напредок и е рангирана на 36 место на Индексот за слобода на медиумите, што е за две места подобор од 38 место лани. Во 2016 бевме на 118 место.

„СДСМ е демократска партија која на дело покажува како се почитува слободата на медиумите и новинарската мисла. Остануваме лидери во регионот по слободата на новинарското изразување“, вели Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека актуелните времиња носат и нови предизвици за медиумите и медиумските работници, а технолошкиот развој носи и бројни ризици за самата професија.

Според Костадиновска-Стојчевска, слободата на новинарската мисла и подобрување на условите за медиумските работници остануваат приоритет на социјалдемократите кои остануваат силни поддржувачи на професионалното и непречено изразување, се наведува во партиското соопштение.

ФАЗ: Балканот останува без население

Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува за тешкотиите што во балканските земји ги предизвикува од една страна емиграцијата и падот на наталитетот, а од друга имиграцијата од Азија, за која овие земји не се подготвени.

Авторот на текстот, Мајкл Мартенс, споменува анегдота од конференција на која се разговарало за опасноста од избувнување на војна во Југоисточна Европа, каде еден од учесниците тврди дека нема опасност бидејќи во тие земји има недостиг од војници.

Авторот на текстот не смета дека опасност од војна не постои, тврдејќи дека дури и добро вооружените специјалци можат да направат многу штета, но дека овие земји се уште страдаат од недостаток на војници. Тој како пример ја наведува Србија.

„Србија, на пример, веќе неколку години силно се вооружува со ракети, беспилотни летала и противвоздушни системи од Кина и Русија, кои наскоро треба да бидат дополнети со француски борбени авиони Рафал, тоа е еден дел од сликата дека на Србија, како и другите земји и регионот, ѝ недостигаат војници кои знаат да управуваат со оваа скапа техника, така што српската армија има, всушност, повеќе од 300 тенкови, но најмногу една третина има обучени екипажи. “

Тој како пример го наведува тоа што офицерите често преминуваат во стопанството и што има малку млади луѓе, бидејќи воената служба повеќе не е толку привлечна и затоа што се раѓаат сѐ помалку деца. Дополнително, се наведува дека емиграцијата го влошува проблемот, бидејќи „земјите од регионот не се доволно атрактивни да го задржат своето младо население или да привлечат мигранти“.

Авторот на написот ја споредува ситуацијата во Србија со онаа во Романија или Бугарија, наведувајќи дека во тие земји понекогаш е можно да се забави емиграцијата од големите градови или дури и да се смени трендот, но забележува дека овие земји се членки на Европската унија. .

„Во шесте земји од Западен Балкан, кои сè уште не се членки на Европската унија и немаат еднаков пристап до нејзиниот пазар, ситуацијата не изгледа толку добро“, пишува FAZ, наведувајќи дека за многу млади луѓе во тие земји , се чини дека емиграцијата сепак е најдобрата опција.

Намалувањето на бројот на жители влијае и на однесувањето на западните инвеститори, забележува ФАЗ, објаснувајќи дека нема доволно работна сила за големи проекти во трудоинтензивните индустрии. „Еден западен концерн, кој сака да изгради голема фабрика во една балканска земја, пред почетокот на работата се согласи две третини од вработените да бидат увезени од Филипините.“

Се зборува дека политичарите во тој регион доцна ја сфатиле сериозноста на демографската состојба и дека сега се натпреваруваат да донесат странски работници. „Во меѓувреме, градскиот превоз на Белград вработува возачи на автобуси од Индија или Шри Ланка, бидејќи нема локални заинтересирани лица. Најсиромашната земја во Европа, Косово, донесе работници од Бангладеш со авиони за големи проекти.

Оваа нова реалност ќе ги стави општествата во балканскиот регион пред тешки предизвици, предупредува ФАЗ, бидејќи имигрантите од Азија и Африка ќе имаат деца, ќе купуваат недвижнини, ќе ги негуваат своите традиции и религии и ќе го променат изгледот на градовите во југоисточниот дел на Европа, нешто на што не се навикнати во тој регион.

„Потенцијалот за конфликт е очигледен. Балканот, точно е, е мултиетнички со векови. Но, да се признае дека областа е имигрантски регион или дека мора да стане таков, за да се одржи економски, е тешко за оние со моќ да прифатат“, заклучува Frankfurter Allgemeine Zeitung.

притисни ентер