3Николоски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје -Блаце
3Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
2Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
МакедонијаРадеска: Хаос на Онкологија, пациентите со рак на бели дробови власта повторно ги остави без терапијаСостојбата во здравството е катастрофална и нечовечна.Владата на ВМРО-ДПМНЕ, министерот за здравство и директорот на Фондот за здравство ги оставија пациентите со рак на бели дробови без терапија. Додека министрите заедно со уште по мининимум 5 до 10 луѓе од кабинетите патуваат на скапи службени патувања, пациенти со рак умираат во неизвесност, без основна хемотерапија, без лек. На Клиниката за Онкологија нема лекови за пациентите со рак на бели дробови – ниту класична хемотерапија, ниту неопходната биолошка терапија како што е лекот erlotinib, која е недостапна на клиниката од средината на Мај. Скоро месец и половина. Ова не е бирократски пропуст. Ова е загрозување на човечки животи поради неспособност на актуелната власт и директорот на Фондот за здравство. Министерот нема појма што се случув, „мисли“ дека лековите се пристигнати, и продолжува да се бави со криминалниот проект на неговиот претходник за тендерот за паркинг места. Додека пак директорот на Универзитетската клиника за Онкологија и Радиотерапија признаваат дека „понекогаш недостигаат лекови“ но не преземаат ништо. Лековите ги нема, а пациентите страдаат. Тоа е вистината Како може во 2025 година, со сите ветувања дека ќе се надмине проблемот онколошките пациенти да бидат оставени без терапија? Како држава членка на ОН и потписничка на здравствени повелби дозволуваме лекот кој е на листата на основни лекови на СЗО (erlotinib) да не е достапен? Каде се парите од Фондот за здравство? Зошто нема итен план кога пациентите зависат од лекови за да преживеат? Бараме владата на ВМРО-ДПМНЕ, директорот на Фондот, Клековски и новиот Министер за Здравство очекуваме уште во текот на денешниот ден да обезбедат хемотерапија. Министерството за здравство јавно да соопшти каде е проблемот и кој ќе сноси одговорност за оваа хумана катастрофа. Гаранции за непрекинат третман за сите пациенти со рак. И конечно одговороност, и тоаа онаа иста одговорност на премиерот што нема да поштеди никого. А што ние до сега не ја ни видовме Здравството не е трошок. Тоа е обврска! Животот нема алтернатива! Затоа, не прифаќаме молк! Не прифаќаме празни ветувања! Одговорност мора да има! Прес - конференција на СДСМ, Елена Радеска – Комисија за здравствоТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНасилни протести против мигрантите во Јужна Африка- горат продавници и автомобили (ВИДЕО)Вчера во јужноафриканските градови Совето и Дурбан избувнаа насилни антиимиграциски протести, поттикнати од одлуката на Уставниот суд за ублажување на правилата за барање азил. За време на немирите, автомобили беа запалени, а продавници во сопственост на странски државјани беа ограбени, објавува „Еуроњуз“. Според полициските податоци, во Совето, десет автомобили беа запалени во близина на канцеларијата на Министерството за внатрешни работи во Орландо Вест. Неколку продавници чии сопственици се странски државјани, исто така, беа ограбени. Пожарникарите ги изгаснаа пожарите на возилата, а полицијата ги блокираше околните улици. Во Дурбан, ситуацијата беше слична. Полицијата за итни случаи беше испратена таму поради пријави за грабежи и палење, а 14 автомобили беа запалени. XENOPHOBIA IN SOUTH AFRICA 🇿🇦 AGAIN 🤦 Violence rocks Durban, a coastal city in eastern South Africa’s KwaZulu-Natal province, and Soweto as anti-migrant protesters torch vehicles, loot foreign-owned shops and clash with migrants. https://t.co/xMufkdO9Fu — Aristotlektv (@aristotledada) October 8, 2026 Судска одлука како повод Немирите следеа по одлуката на Уставниот суд во јули со која се отстранија пречките за барања за азил. Оваа одлука важи и за мигрантите кои нелегално влегле во земјата. Властите објавија дека канцелариите за прием на бегалци се преоптоварени со барања. More than 20 vehicles have been torched in Soweto and Durban as protests against illegal migration descended into violence, with police making arrests in both areas. Tune in to #eNCA on #DStv403. https://t.co/PaXqWPyFDf — eNCA (@eNCA) October 9, 2026 Владата на Јужна Африка објави проширен капацитет за обработка на податоци и зголемени проверки на идентитетот. Исто така, нагласи дека судската одлука не доделува автоматски статус на бегалец. Полицијата потврди дека нема повредени во Совето и рече дека одговорните за насилството и уништувањето на имотот ќе бидат гонети.Тагови: Јужна Африка мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаО. Карпош: Дваесет новозасадени украсно-декоративни дрвја во „Паркот на борците“По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, а на барање на Сојузот на борците на Македонија, во паркот пред споменикот на борците од Првиот скопски партизански одред, во населбата Карпош 3, беа засадени 20 нови украсно-декоративни дрвја.&nbsЗасадени се 18 фотинии и 2 спирални туи, обезбедени со средства од буџетот на Општина Карпош. Во засадувањето учествуваа градоначалникот Сотир Лукровски и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов. Општина Карпош, преку годишната програма на Секторот за екологија и енергетска ефикасност, континуирано издвојува средства за набавка и засадување нови садници на претходно утврдени локации. Засадувањето во пролетните и есенските акции придонесува кон облагородување на јавните простори, унапредување на животната средина и зголемување на зелениот фонд на територијата на Општина Карпош. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаНиколоски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје -БлацеЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Подгорица, Црна Гора, каде оствари средби со премиерот Милојко Спајиќ, вицепремиерот за европски и надоврешни работи, Филип Ивановиќ.Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Подгорица, Црна Гора, каде оствари средби со премиерот Милојко Спајиќ, вицепремиерот за европски и надоврешни работи, Филип Ивановиќ, како и со министерот за транспорт, Радош Зечевиќ. Во продолжение интегралната изјава на заменик претседателот на Владата, Александар Николоски: “Денеска сме во официјална посета во Подгорица, на Црна Гора, каде што имаме богата и продуктивна агенда. Остваривме средби со премиерот Милојко Спајиќ, со вицепремиерот Филип Ивановиќ, како и со министерот за сообраќај, Зечевиќ. Разговаравме за блиската соработка којашто ја имаат Македонија и Црна Гора. Македонија и Црна Гора се две пријателски држави коишто имаат добра, одлична соработка. Разговаравме за поврзувањето. Веќе почнавме да го градиме автопатот Скопје – Блаце, кој што значи отворање на Македонија кон трето пристаниште – тоа е отворање кон пристаништето Бар, покрај пристаништето Солун кон кое што имаме и автопатска и железничка конекција и покрај пристаништето Драч, каде што во моментот градиме и автопатска и железничка конекција. Исто така, со изградбата на автопатот од Скопје до Блаце зборуваме и за поврзување со пристаништето Бар. Исто така, зборувавме и за авионското поврзување и очекувам во многу кратко време да се потпише договор којшто ќе значи директен лет помеѓу Скопје и Подгорица, со што ќе имаме уште еден главен град со којшто сме поврзани. Тоа многу ќе помогне за развојот на туризмот, но исто така и за развојот на бизнисот и конекцијата помеѓу двете држави. Аеродромите и во Скопје и во Подгорица растат и ова е добар начин да продолжиме да соработуваме и да продолжат да растат двата аеродроми. Исто така, зборувавме за заеднички настап пред европските фондови и пред европските банки во делот на финансирањето, пред сè во делот на интелигентни транспортни системи и поврзување на коридорите, а зборувавме и за соработката помеѓу двете држави во делот на политиката и економијата. Сè на сè, една плодна средба од којашто се враќаме дома со нова авиолинија, како и со убава вест дека автопатот којшто го градиме Скопје – Блаце ќе значи поврзување и со пристаништето Бар” – изјави Николоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook