Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лица
1Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лица
3Реконструкцијата влегува во завршна фаза – предложените имиња до петок ќе бидат доставени до Собранието
АвтомобилизамРаботниците на „Фолксваген“ штрајкуваат против планираните отпуштањаПознатиот германски производител на автомобили се соочува со проблеми како резултат на падот на побарувачката за електрични возилаВработените во германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ денеска започнаа предупредувачки штрајкови со привремени прекини на работата низ цела Германија, откако преговорите меѓу синдикатот и менаџментот за намалување на трошоците засега не донесоа резултати. - Доколку е потребно, ова ќе биде најтешката битка во историјата на колективното преговарање на 'Фолксваген', изјави водечкиот преговарач на синдикатот ИГ Метал, Торстен Грегер. Карактеристичната корпоративна структура на „Фолксваген“ им овозможува на работниците значително влијание врз носењето одлуки, што му отежнува на менаџментот еднострано да спроведе мерки за намалување на трошоците или радикални резови, пренесува Блумберг. Работничките претставници заземаат половина од местата во надзорните одбори на компанијата, додека сојузната држава Долна Саксонија, каде што е седиштето на компанијата, има уште две места. Познатиот германски производител на автомобили се соочува со проблеми како резултат на падот на побарувачката за електрични возила, зголемените оперативни трошоци и растечката конкуренција од кинеските производители. Менаџментот на „Фолксваген“ планира да затвори три фабрики во Германија и да отпушти илјадници работници за да ги намали трошоците. Сепак, синдикатите инсистираат на алтернативни решенија кои би ги зачувале работните места и правата на работниците. Акциите на „Фолксваген“ денеска паднаа за 1,9 проценти, додава њујоршката агенција. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРеконструкцијата влегува во завршна фаза – предложените имиња до петок ќе бидат доставени до Собранието08:56 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Реконструкцијата влегува во завршна фаза – предложените имиња до петок ќе бидат доставени до Собранието08:56
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
ЕвропаРуските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лицаРуските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, при што загинаа најмалку 10 лица, соопштија официјални лица.Неколку населби беа евакуирани откако беа нападнати станбени згради низ градот, неколку часа откако украинскиот претседател Зеленски предупреди дека Русија се подготвува за „масовен“ напад. Деца беа меѓу „значајниот број“ жртви, рече Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на киев.„непријателот повторно намерно ги таргетира станбените области и убива цивили“ рече тој . Руското министерство за одбрана тврди дека ги таргетирало енергетските објекти како одговор на неодамнешните украински напади.Тагови: русија Украинка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПремиерот мицкоски во посета на Општина НеготиноПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети општина Неготино каде ќе ја пушти во употреба реконструираната улица „29 ноември“ и ќе изврши увид во Градежните активности за изградба на кружен тек на спојот на улицата „Маршал Тито“ со улиците „Партизанска“, „Даме Груев“ и „Христо Ботев.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРеконструкцијата влегува во завршна фаза – предложените имиња до петок ќе бидат доставени до СобраниетоВладината реконструкција влегува во завршна фаза. Познати се имињата и на министрите од ВРЕДИ кои ќе седнат во министерските фотељи во рамки на владината реконструкција.Од партијата за Канал 5 потврдуваат дека Јетон Шасивари ќе биде предложен за нов министер за правда, а Седат Сулејмани за култура. Но според нашите извори во ВРЕДИ се уште се кршат копјата околу изборот на Агон Ферати, на местото на Иван Столковиќ во министерството за односи меѓу заедниците. Предложените пресонални решенија се прифатливи и за премеирот Христијан Мицкоски. ВРЕДИ по реконструкцијата на владата ќе има едно вицепремирско место. Беким Сали останува прв вицепремиер и министер за европски прашања, а на партијата ѝ остануваат и секторите животна средина и економија и труд. Вицепремиерската функција за добро владеење, која ја извршуваше Арбен Фетаи нема да постои во реконструираната влада, а овој ресор ќе се покрива од кабинетот на премиерот. Кадар на знам пак ќе раководи со министерството за земјоделство, каде Димитриевски го номинира Борче Серафимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook