3Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови
ЕкономијаРаботниците излегоа на улица по најавите на Фолксваген за отпуштање на 100.000 луѓеПланот за реструктуирање на „Фолксваген“, кој вклучува можност за намалување на до 100.000 работни места и затворање на четири фабрики во Германија, е на дневен ред на денешниот состанок на надзорниот одбор.Планот за реструктуирање на „Фолксваген“, кој вклучува можност за намалување на до 100.000 работни места и затворање на четири фабрики во Германија, е на дневен ред на денешниот состанок на надзорниот одбор, каде што работниците протестираат против планираните промени. „Фолксваген“ е под силен притисок од високите трошоци, вишокот производствен капацитет во Германија, зголемената конкуренција од Кина и американските царини, и размислува за промена на својот бизнис модел кој носи успех со децении. Можните затворања на фабрики и бранот отпуштања во една од најпознатите германски компании дополнително ги истакнуваат проблемите на најголемата европска економија, која се соочува со слаб раст и високи трошоци за работна сила и енергија. Блуме мора да ги убеди претставниците на работниците На состанокот на надзорниот одбор во седиштето на компанијата во Волфсбург, извршниот директор Оливер Блуме мора да ги убеди претставниците на работниците дека се потребни значителни намалувања на трошоците во целата група, која ги вклучува брендовите „Ауди“ и „Порше“. Работниците во Волфсбург протестираа со свирчиња и синдикални знамиња, а синдикатот IG Metall соопшти дека на демонстрациите присуствувале околу 400 луѓе. Портпаролот на „Фолксваген“ изјави дека менаџментот ги разбира загриженостите на работниците, но тие треба да го рационализираат работењето, да ги фокусираат инвестициите во технологија и да се справат со вишокот капацитет. На четири фабрики им се заканува затворање Според извори, Блуме размислува за затворање на четири германски локации, во Хановер, Емден, Цвикау и фабриката на „Ауди“ во Некарсулм, и намалување на до 100.000 работни места, како дел од најголемиот план за реструктуирање во историјата на „Фолксваген“. Производството во Цвикау и Емден би можело постепено да се укине во следните пет години, додека фабриката за возила во Хановер би можела да се затвори во 2032 година, а фабриката на „Ауди“ во Некарсулм во 2034 година. Надзорниот одбор на „Фолксваген“ вклучува претставници на семејствата сопственици „Порше“ и „Пих“, како и претставници на синдикатите и на сојузната покраина Долна Саксонија, што често го отежнува донесувањето одлуки. „Мора да останеме заедно“ Синдикатот IG Metall ги повика менаџментот и политичарите да најдат решенија за зачувување на производството во Германија и заштита на работните места. „Во тешки времиња, мора да се држиме заедно и да најдеме решенија што ќе обезбедат целосно искористување на капацитетите на нашите фабрики и ќе ги заштитат од нелојална конкуренција“, изјави претседателката на IG Metall, Кристијане Бенер. Во потрага по алтернативи Вработените добија ветување од менаџментот во реструктуирањето на крајот од 2024 година дека нема да затворат фабрики во Германија, а менаџментот почна да бара алтернативи за зголемување на искористеноста на капацитетите. Напорите вклучуваат долгогодишна потреба од партнер за производство на оружје за фабриката во Оснабрик и можност за производство на модели за кинескиот пазар. Податоците од Mobility Global, што ги виде Ројтерс, проценуваат дека германските фабрики на групацијата ќе работат со 81 процент од стандардниот капацитет оваа година. До крајот на деценијата, се очекува искористеноста на капацитетите да падне на 73 проценти, дури и ако Оснабрик се исклучи, како што се очекува. Меѓу четирите фабрики што се соочуваат со затворање, се очекува Цвикау да ја забележи највисоката стапка на искористеност оваа година, од 88 проценти, но до 2030 година треба да се преполови приближно, покажуваат податоците. Состанокот на надзорниот одбор беше закажан да започне во 14:30 часот, но беше одложен за 16:00 часот поради консултации, соопшти компанијата како одговор на барање од ДПА.Тагови: фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗемјотрес од 7 степени ја погоди Кина Земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четврток, 22 октомври 2026 година, во 16:33 часот во регионот Шизанг-Ќингхај во Кина, во регионот Тибет.Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 32,4415 и географска должина 93,8549. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата. 🚨🇨🇳#BREAKING | NEWS ⚠️ A Powerful 7.0⚡️Magnitude Earthquake has just struck Nagqu,Tibet, China Xizang region. Searching for a video will update soon. https://t.co/loF6mXvYg5 — Todd Paron🇺🇸🇬🇷🎧👽 (@tparon) October 22, 2026 Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтре голем број дронови ќе летаат по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борбаЗголемена употреба на дронови по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, соопштуваат од МВР.Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на утрешниот ден (23.10.2026), по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ќе има употреба на беспилотни летала (дронови) за снимање од воздух. Паркинг просторот на Музејот на современата уметност за реализирање на свеченост ќе биде обезбеден во периодот од 10:00 до 23:30 часот и за таа цел апелираме до граѓаните да ги отстранат возилата од паркингот. Активностите ќе се реализираат во рамки на планираните мерки поврзани со одбележувањето на празникот, при што на одредени локации ќе биде забележливо зголемено присуство и движење на беспилотни летала. Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека станува збор за однапред планирани активности и апелира за разбирање, со цел нивно непречено и безбедно спроведување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаБитиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски плановиЕдинствената стабилна работа во економската политика на оваа Влада е нестабилноста на нејзините буџетски планови, оцени пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.Тој предупреди дека Владата за неполни десет месеци понуди три различни буџетски конструкции, додека дефицитот останува значително повисок од првично планираниот, а средствата за капитални инвестиции се намалуваат. „Во рок од десет месеци имаме три буџетски конструкции и едно исто раководство кое постојано ни објаснува дека сè се одвива според планот. Изгледа дека единствената стабилна работа во економската политика на оваа Влада е нестабилноста на нејзините буџетски планови. Народот одамна рекол: „Двапати мери, еднаш сечи“. А оваа Влада, изгледа, прво сече, па потоа мери колку погрешила. И така трипати. Само што цената на секоја погрешна мерка ја плаќаат граѓаните, а не оние што ја направиле“, истакна Битиќи. Тој посочи дека првично планираниот буџетски дефицит од 39,239 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП, со јулскиот ребаланс се зголеми на 46,264 милијарди денари или 4,1 процент од БДП, а со октомврискиот останува непроменет. Истовремено, капиталните расходи се намалуваат од 45,879 на 40,124 милијарди денари, односно за 5,755 милијарди денари, додека со вклучување на посебната компонента КАПЕФ, намалувањето на вкупната капитална компонента достигнува околу 6,3 милијарди денари. Според Битиќи, ваквата прераспределба го потврдува предупредувањето на Фискалниот совет дека дополнителниот дефицит практично повеќе не е наменет за зголемување на капиталните инвестиции, туку за покривање на тековните расходи. „Во јули го браневте зголемувањето на дефицитот со аргументот дека обезбедувате дополнителни средства за капитални инвестиции. Тоа беше главното развојно оправдување за поголемиот фискален јаз. И доаѓаме до суштинскиот пресврт. Капиталните инвестиции се враќаат речиси на почетното ниво, но дефицитот останува за седум милијарди денари поголем од првично планираниот. Во јули се задолжувавме повеќе за наводно да инвестираме повеќе. Во октомври инвестициите се намалуваат, задолжувањето останува, а Владата продолжува да зборува за развој“, нагласи Битиќи. Осврнувајќи се на развојните приоритети, пратеникот од СДСМ укажа дека со ребалансот се намалуваат средства од основниот буџет за малите и средните претпријатија, технолошко-индустриските развојни зони, странските инвестиции, рамномерниот регионален развој, енергетиката и образовната инфраструктура. Тој предупреди и на нестабилните приливи од странски директни инвестиции, кои од 218,6 милиони евра во првиот квартал на 2026 година се имаат сведено на 18,7 милиони евра во вториот квартал. Дополнително, додаде дека расходите за пензии растат, но нивното номинално зголемување не гарантира и поголема куповна моќ, додека растечката зависност на пензискиот фонд од буџетските трансфери отвора прашања за долгорочната одржливост на системот. „Каматите, за разлика од капиталните инвестиции, имаат една голема предност: тие не зависат од способноста на Владата да реализира проекти. Доаѓаат редовно, дури и кога развојот доцни, во овој дел нема промашување“, рече Битиќи, укажувајќи дека расходите за камати изнесуваат 21,094 милијарди денари, што е повеќе од половина од планираните капитални расходи. Тој предупреди дека јавниот долг, кој на 30 јуни достигна 10,726 милијарди евра, до крајот на годината може да надмине 11 милијарди евра, и побара од министерката за финансии да објасни како дополнителните најавени задолжувања се третираат во официјалната евиденција на јавниот долг. Битиќи побара од Владата и конкретен план за подмирување на доспеаните, а неплатени обврски на јавните субјекти, кои во јуни достигнаа 42,66 милијарди денари, како и поголема транспарентност за тоа кои обврски се опфатени со ребалансот. Според него, државата не смее да ја загрозува ликвидноста на компаниите со одложување на сопствените плаќања, вклучително и навремениот поврат на ДДВ. На крајот од обраќањето, пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи порача дека зад буџетските ставки стојат работници, пензионери, млади и компании што очекуваат стабилна и одговорна држава, нагласувајќи дека вистинската цена на лошото буџетско планирање се плаќа со пропуштената можност за развојот што нема да го оствариме, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05