ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот на Буџетот за 2026 година се зголемуваат вложувањата во здравството образованието и социјалната заштита
2ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот на Буџетот за 2026 година се зголемуваат вложувањата во здравството образованието и социјалната заштита
3МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска
КошаркаРаботнички противник на Кожув во финалето од купотСо добра тимска игра и водство во најголемиот дел од натпреварот, Работнички синоќа го совлада Куманово со 76:63 и му се реваншира за минатогодишната елиминација од кошаркарскиот Куп на Македонија. Тодор Гечевски со 16 поени и 9 скокови беше најефикасен во победничкиот тим, а двоцифрени беа и Димчевски и Гечевски со 14, односно 13 поени. Особено впечатлив меч со важни реализации во второто полувреме имаа и Јане Петровски и Игор Бјелиќ. Во составот на Куманово, Урош Луковиќ заврши со дабл-дабл од 18 поени и 12 скокови во тешката битка под кошевите главно со Чековски и Бјелиќ, а меѓу најистакнатите беа и Јанески со 16 поени и Костоски кој додаде 13 поени со 7 асистенции. Со овој триумф, Работнички обезбеди свое 13-то финале во Куп натпреварувањата и вечер за својот деветти трофеј ќе игра против Кожув. Почетокот на тој натпревар е закажан за 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“. Како увертира на таа средба, ќе се одигра и младинското финале од Купот во кое од 17:00 часот ќе играат МЗТ Скопје Аеродром и Вардар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија55. Семакедонска средба Трново 2026!Во 1971 година за првпат е одржана Иселеничка Средба во македонската православна црква “Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново во организација на Матицата на иселениците од Македонија.Утре, на 2 август, на големиот христијански празник Свети Пророк Илија - Илинден и Денот на државноста на Македонија, во дворот на црквата “Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, битолско, ќе се одржи традиционалната 55. Светска Македонска Иселеничка Средба и 46. Погранична Средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија како Една и единствена СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА ТРНОВО 2026! Организатори на 55. Семакедонска средба се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес. Во 1971 година за првпат е одржана Иселеничка Средба во македонската православна црква “Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново во организација на Матицата на иселениците од Македонија. Во 1981 година, на истото место, една недела пред 2 август, за првпат започнува да се одржува и Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Битола. Од 1998 година Средбата е преименувана во Светска Македонска Иселеничка Средба во организација на Светскиот Македонски Конгрес. Во 2014 година, 34-та Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и 43-та Светска Македонска Иселеничка Средба се обединија во една и единствена Семакедонска Средба под покровителство на градоначалникот на Општина Битола. На Семакедонската средба 2026 се очекуваат Македонци од сите делови на Македонија, од светот и татковината. Од 7.30 до 10.30 ќе се одржи света богослужба во црквата “Успение на Пресвета Богородица“, на која чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство г. Петар, Митрополит Преспанско-Пелагонсики. Семакедонската средба започнува во 10.30 часот а ќе трае до 12.30 часот, по што ќе продолжи со општонародна веселба. Македонската национална химна “Денес над Македонија“ ќе ја отпее оперскиот пеач Никола Зачевски. Средбата ќе ја благослови Неговото Високопреосвештенство г. Петар Митрополит Преспанско-Пелагониски. Присутните ќе ги поздрават градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски како покровител на Средбата, претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Александар Јаневски и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров. Посебно слово за Македонците во светот ќе одржи проф.д-р Васил Тоциновски. На Семакедонската средба ќе присуствуваат градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски, градоначалникот на општина Могила Драганчо Саботковски, градоначалникот на општина Прилеп Дејан Проданоски и градоначалникот на општина Карпош Сотир Лукровски, како и пратениците од Битола Пеце Милевски, Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, советниците во Советот на општина Битола, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола Горан Исков и членот на УМС Мартин Ивановски. Се очекува присуството и на отец Никодим архимандрит Мегленски од Егејскиот дел на Македонија, копретседателот на ОМО Илинден ПИРИН проф.д-р Стојко Стојков од Пиринскиот дел на Македонија, претседателот на единствената македонска партија во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција м-р Васил Стерјовски, претседателката на Македонската заедница во Србија и на Македонското здружение “Кочо Рацин” во Белград Лидија Демниева и претседателот на Македонското друштво “Преспа” Едмонд Темелко. Подготвена е богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат КУД “Гоце Делчев“ од Битола и Хорот “Сирма војвода“ од Битола. Од Битола до Трново и назад има организиран автобуски превоз. Организаторите упатуваат јавна покана за масовно присуство на Семакедонската средба до сите Македонци, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината! Повелете!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот на Буџетот за 2026 година се зголемуваат вложувањата во здравството образованието и социјалната заштитаСо ребалаансот на Буџетот за 2026 година се обезбедува дополнителна поддршка за граѓаните и се обезбедуваат повеќе средства за плати, здравство социјална заштита капитални инвестиции.Третиот столб на Ребалансот е економскиот развој, кој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги. Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Ова значи поголема поддршка за семејствата, за најранливите категории граѓани и за сите оние на кои им е потребна сигурност и стабилност. Здравството добива дополнителни околу 1 милијарда и 811 милиони денари, затоа што граѓаните заслужуваат подобри услуги, модерна опрема и функционални здравствени установи. Образованието со повеќе од 1 милијарда денари дополнителни средства, инвестиција во училиштата, студентите, учениците и иднината на нашата држава. Паралелно, се обезбедуваат повеќе средства за земјоделците, за железничкиот сообраќај, за породилното боледување, за МОЈ ДДВ и за поддршка на ученичкиот и студентскиот стандард. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството добива дополнителни 1 милијарда и 331 милион денари. Министерството за земјоделство добива речиси 300 милиони денари повеќе, со засилување на средствата за водостопанство и стабилност на земјоделското производство. Овој Ребаланс не е само збир на бројки. Ова се реални средства зад кои стојат реални луѓе родители, пензионери, земјоделци, работници, наставници, здравствени работници и млади кои ја градат својата иднина. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска трескаМинистерството за здравство информира дека состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се примени 1.028 формални пријави за заразна болест и изработени се 730 нови епидемиолошки анкети, со опфат од 71 процент. Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања. Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен епидемиолошки надзор и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови сознанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08