Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
ТехнологијаРаботни места што ќе исчезнат- и оние што ќе процветаат во 2026 годинаПазарот на трудот забрзано се менува под влијание на вештачката интелигенција, автоматизацијата, зелената транзиција и демографските поместувања. Додека дел од професиите тивко исчезнуваат, други бележат силен раст, особено таму каде што човечкиот фактор останува незаменлив. Според анализа на дневниот весник Д Телеграф (The Telegraph), која се однесува на состојбата во Велика Британија, трендовите се јасни: рутинските и административните работни места се под сериозен притисок, додека здравството, ИТ- секторот и „зелените“ професии доживуваат експанзија. Иако истражувањето се фокусира на британскиот пазар, слични податоци се забележуваат и во другите технолошко развиени економии. Во Велика Британија невработеноста достигна највисоко ниво во последните пет години, платите стагнираат, а работодавачите се повнимателни при нови вработувања. Секоја шестта компанија размислува за намалување на бројот на вработени поради воведување системи базирани на вештачка интелигенција. Најпогодени се административните и канцелариските позиции, како и дел од финансиските и осигурителните услуги. Малопродажбата веќе подолго време се трансформира: самопослужните каси, автоматизираните продавници и онлајн платформите постепено го намалуваат бројот на класични продавачи. Промени има и кај медиумскиот и маркетинг-секторот. Алатки како „Чет ГПТ“ сè почесто се користат за генерирање содржини, анализа на податоци и комуникација со клиенти. Во транспортот, пак, развојот на автономни возила и дронови ја ставаат под прашање за иднината на професионалните возачи и доставувачи. Но, истовремено со згаснувањето на одредени работни места, други сектори бележат недостиг од кадар - здравствената и социјалната грижа. најбарани се негуватели, медицински сестри и персонал во домови за стари лица. Причината е јасна - стареењето на населението. Платите во овој сектор во Обединетото Кралство лани пораснале за 8,8 проценти, што дополнително укажува на потребата од кадар кој ниту роботите ниту алгоритмите засега не можат целосно да го заменат. Амбициозните климатски политики и енергетската трансформација создаваат илјадници нови работни места. Инсталатери на соларни панели, техничари за ветерни електрани, стручњаци за енергетска ефикасност и инженери за одржливи проекти се меѓу најбараните професии. Преминот кон обновливи извори на енергија не е само еколошка, туку и економска стратегија што отвора простор за нови индустрии и долгорочни вработувања. Технолошките професии, особено оние поврзани со вештачката интелигенција, кибер-безбедноста и управувањето со податоци, продолжуваат да растат. Компаниите инвестираат во развојот на сопствени дигитални решенија, што ја зголемува побарувачката за програмери, аналитичари и експерти за безбедност на информации. Покрај тоа, расте и потребата од наставници, обучувачи и ментори кои ќе овозможат преквалификација на работната сила. Соочени со брзите промени, многумина ќе мора да стекнат нови вештини за да останат конкурентни на пазарот. Во пораст е и побарувачката за стручњаци за менталното здравје -индикатор дека динамичните економски и технолошки промени носат и психолошки предизвици. Заклучокот од анализата е јасен: иднината им припаѓа на оние што навреме ќе се адаптираат. Работниците сè повеќе ќе мора да инвестираат во нови знаења и вештини, особено во области каде што човечката емпатија, креативност и критичко размислување се незаменливи. Вештачката интелигенција и автоматизацијата нема целосно да го уништат пазарот на трудот, но ќе го трансформираат. Прашањето повеќе не е дали ќе има промени -туку кој ќе успее да се прилагоди на нив.Тагови: вештачката интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаГерасимовски: Уште едно ветување, исполнето – Центар прва во државата со дигитален увид во бучаватаОпштина Центар е прва општина во државата која на граѓаните им овозможува директен дигитален увид во мерењата на бучавата преку општинскиот ГИС-портал.Со новата услуга, граѓаните можат да ја следат состојбата на 30 локации низ општината, каде што се поставени мерни уреди за бучава, и на својот компјутер да проверат дали измерените вредности се во законски дозволените граници. Пристапот е едноставен: потребно е граѓаните да се регистрираат на порталот, да кликнат на „Категории“ и да ја изберат опцијата „Мониторинг на бучава“. Со избирање на секоја локација се прикажуваат просечните измерени вредности на бучавата по час, како и просечната дневна вредност за периодот од 19:00 до 07:00 часот во текот на претходниот ден. Мерењата се изразуваат во децибели, во скала од 0 до 145, а секое мерење е обележано со боја-индикатор. Црвената боја означува надминување на законски дозволената граница на бучава. Проектот се реализираше во две фази, прво беа поставени 30 уреди на локациите каде граѓаните најчесто пријавуваа проблеми, а сега, со поврзувањето со ГИС-порталот, мерењата се јавно достапни. „Ова е уште едно исполнето предизборно ветување. Како што ветив, воведовме паметен систем за мерење на бучавата. Прецизно ги мапиравме најгорливите точки, а сега секој граѓанин може сам да се увери во нивото на бучава во општината и во својата непосредна околина, како и да алармира кога ќе забележи надминување на дозволените граници. Доволно е да се најави на нашиот ГИС-портал, мерењата сега се целосно транспарентни“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Воедно, добиените податоци од мониторингот се индикативни и за општинските инспектори, кои врз основа на истите, можат да излезат на терен и да извршат проверки на конкретните локации. Општина Центар во иднина планира проширување на системот за мониторинг со нови локации, согласно барањата на жителите. Поставување на овој дигитален систем е само уште еден чекор кон целосна дигитализација на општинските услуги.Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ТенисТалон Грикспор: „Вие сте медиокритети“: Тешко на тенисот по Ѓоковиќ – сега тоа им е јасно на сите!Холандскиот тенисер Талон Грикспор упати критики кон финалето на УС Опен, оценувајќи ги играчите како просечни, медиокритетни. Како возраста и повредите на Новак Ѓоковиќ влијаат врз тениската сцена? Па, да речеме само дека тоа веќе не е истиот спорт. Германецот Саша Зверев го победи Бен Шелтон во финалето на УС Опен во 2026 година – меч што љубителите на тенисот очигледно не сакаа да го видат, иако со години се зборуваше дека сакаат „нови лица“. Сега, кога Новак Ѓоковиќ е далеку од формата потребна за финале на Грен слем, а Карлос Алкараз и Јаник Синер се повредени и не се на своето највисоко ниво, станува очигледно колку остатокот од тениската турнеја е незанимлив за гледање. Токму на ова укажа холандскиот тенисер Талон Грикспор, познат по својот остар јазик, тој упати остри критики кон своите колеги кои не одиграа особено квалитетен меч во Њујорк, иако Зверев сепак беше малку подобар и ја освои втората Грен слем титула во кариерата. „Мислам дека финалето на Ју-Ес Опен беше прилично просечно, одиграа како медиокритети“, изјави Грикспор за холандскиот весник „Телеграф“ по не толку интересното финале во Њујорк: „Шелтон беше многу непостојан и подаруваше по два или три поена во секој гем.“ „Во исто време се одржуваа и други спортски настани, а мене едноставно ми е тешко да го гледам Зверев. Особено на овој турнир, каде што го удираше топчето од подлогата по 400 пати пред секој сервис. Тоа беше навистина екстремно, но очигледно му помогна. Можеби и јас треба да го правам истото“, рече Грикспор, кој беше елиминиран од турнирот од страна на Бен Шелтон (3:1) и смета дека Американецот имал среќа што бил подобар од Алкараз: „Карлитос требаше да го победи Шелтон во четвртфиналето, но одигра ужасен тај-брејк во петтиот сет.“ „Ниту една влакно на мојата глава не верува дека Зверев ќе ја заврши годината како светски број еден“, заклучи тој. Талон Грикспор (30) досега има освоено три титули во кариерата, а најдобриот пласман му е 21-то место на АТП-листата. Моментално е 56-ти во светот и настапува за холандската репрезентација во Дејвис купот против Колумбија, па споменатите изјави беа дадени пред тие мечеви, во малку поопуштен тон со „домашни“ новинари. Инаку, тој доживеа голем подем во 2023 година и влезе во најдобрите 100, а тогаш и Ѓоковиќ пофално зборуваше за него: „Има многу силни удари во својата игра. Има одличен сервис и форхенд, а тоа му се омилените удари. Се обидува да го диктира темпото на поените од основната линија и знаев дека морам да ја ’преземам’ таа позиција за да го победам.“-изјавил тогаш Ѓоковиќ.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
СветКорпусот на гардата на исламската револуција погоди танкер за нафта во Ормускиот ТеснецПоморските сили на Корпусот на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) соопштија дека танкерот за нафта „Тренд“, кој плови под знамето на Того, бил погоден и запрен откако на него избувнал пожар додека се обидувал да помине низ Ормускиот Теснец.Во соопштението објавено во четвртокот вечерта, контраадмиралот Али Азмаеи, командант во поморските сили на ИРГЦ, изјави дека танкерот се обидел да помине низ овој стратешки воден пат „по поттик и преку измама на американската војска што убива деца“. Според ИРГЦ, танкерот се обидел да помине низ Ормускиот Теснец без дозвола, што ги натерало иранските сили да интервенираат. „Храбрите воини на исламот и одлучните морнари од морнарицата на ИРГЦ продолжуваат цврсто да ја одржуваат контролата врз виталниот воден пат на Ормускиот Теснец и не дозволуваат ниту еден агресор да помине низ него“, се наведува во соопштението. Морнарицата на ИРГЦ соопшти дека бродот „Тренд“ бил „погоден и запрен откако на него избувнал пожар“. Иранските сили го повторија своето предупредување дека – како што тврдат – секој обид за нелегално минување низ Ормускиот Теснец би резултирал со „ништо друго освен уништување на бродот што го прекршил правилото“.Тагови: Иран нафта Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter