Работна средба на претседателот Пендаровски во Стопанската комора на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Стопанската комора ствари работна средба со Бранко Азески, потпретседателите и членовите на Управниот одбор на Комората.

Претседателот Пендаровски посочи дека историски битен факт за нашата држава е тоа што сме на самиот праг за зачленување во НАТО Алијансата.

„Јас не се согласувам дека станува збор само за организација која се грижи за безбедноста. Не постои ниту една држава со добра економија, која не е членка на НАТО и не е асоцирана во поголемите организации од овој тип, особено не во Европа. И оние земји кои не се формално членки на ЕУ, како што е Швајцарија, се дел од европскиот заеднички пазар со серија потпишани договори. НАТО е значаен и очекуваме до крајот на годинава, или најдоцна во првиот месец од наредната година, да го заокружиме членството и да бидеме полноправна членка", рече претседателот Пендаровски.

„На немирниот Балкан е важно да сте член на НАТО Алијансата, бидејќи со влегување под безбедносниот чадор добиваме висока безбедносна гаранција, што е битно за водењето на бизнис", истакна Претседателот. Тој укажа дека во 35-те тима кои ќе го водат процесот на ЕУ интеграција мора да се вклучат и претставници од реалниот бизнис.

На средбата, претседателот Пендаровски најави дека при крајот на наредната недела ќе биде пополнето советничкото место за економски прашања во неговиот Кабинет, а за потпишувањето на укази на закони од оваа област, рече дека нема да дозволи само да ги потпишува, туку при подготовката на законските решенија ќе инсистира и на вклученост на бизнис заедницата.

Претседателот Пендаровски рече дека освен дипломатската компонента, на неговите меѓународни посети ќе биде застапен и економскиот аспект.

„За сите меѓународни посети бизнис заедницата ќе биде навремено информирана, додека Кабинетот ќе има постојани контакти и соработка, за да можат да се пренесат нивните ставови, што ќе подразбира подобрување на економските релации", истакна претседателот Пендаровски.

Претседателот порача дека во дипломатско-конзуларните претставништва е потребен и добар персонален состав и тим што се разбира во реална економија.

„Во дипломатскиот кадар мора да праќаме поинакви профили, личности коишто се и економски едуцирани. Од самиот почеток јас ќе имам јасен став за сите битни прашања во државата, без разлика дали се од моја надлежност или не", рече Претседателот.

Претседателот Пендаровски најави дека ќе оствари средби и со другите стопански комори во Република Северна Македонија,се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер