Работна посета на министерот за надворешни работи Димитров на Берлин - Канал 5

Работна посета на министерот за надворешни работи Димитров на Берлин

Работната посета на Берлин министерот Никола Димитров, ја продолжи со учество на настан коорганизиран од парламентарните групи на Зелените и на германската секција на Унијата на Европските Федералисти.

Работна посета на министерот за надворешни работи Димитров на Берлин

Во Унијата на Европските Федералисти членуваат пратеници од четири политички партии – ЦДУ/ЦСУ, Социјал-демократите, Зелените и Либералите.

Зборувајќи како главен говорник на темата „Западен Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи", МНР Димитров пред присутните пратеници, претставници на Владата, дипломатскиот кор, медиумите, НВО секторот и останатите гости, се осврна на искуствата од решавањето на спорот со Грција и предизвиците за натамошната имплементација на Преспанскиот договор, притоа потенцирајќи ги значењето и придобивките од Договорот за земјата и Регионот. Во таа смисла, министерот Димитров потенцираше дека Договорот претставува добра вест за целиот Регион и ЕУ, и пример за тоа дека преку визионерско лидерство и јасна европска перспектива на Балканот се можни решенија дури и на најделикатните отворени прашања. Препознавање и зацврстување на придобивките од Договорот, заедно со резултатите во делот на домашните реформи, ќе претставува валоризација на системот на заслуги и условеност и јасен сигнал за Европската иднина на целиот Регион.

Во тој контекст Димитров подвлече: „И покрај тешката политичка ситуација во Европа денес, претстојните Европски избори, сите прашања кои се поврзани со тоа, едноставно го немаме луксузот да не успееме во создавањето на успешни приказни. Мојата земја денес, Северна Македонија, е успешна приказна која треба да биде охрабрена и поддржана ако сакаме да направиме разлика. Најголемата научена лекција од сето ова е дека ние можеме да направиме разлика. Ништо од ова, ниту помирувањето, ниту Преспанскиот Договор не беше неизбежно. Напротив, се случи бидејќи ние тоа го направивме, заедно со лидерството во Атина."

Навраќајќи се на потребата од одржување на дофатлива европска перспектива и активен европски ангажман во Регионот, Димитров истакна: „Јас искрено верувам дека ангажираниот однос со нашиот регион, признавањето на напредокот и неговото наградување е не само правилниот пристап, туку и помалку скапиот пристап. Неангажираноста би била далеку поскапа. Ова го видовме и преку мигрантската криза во 2015/6 и важноста на Западниот Балкан за безбедноста на самата Европска Унија. Мислам дека иднината на регионот е европска, нема алтернативна стратегија. Иако поголемиот дел од работата е на нас дома, сите мораме искрено и отворено да размислиме што ќе правиме со овој регион. Доколку сакаме државите во регионот да ги направиме европски, каде владее правото, постојат функционални спреги и кочници и подобри економии, тогаш единствениот пат е пристапниот процес."

Работниот ден во Берлин опфати и средби на Димитров и со пратеникот од СПД и член на Комисијата за надворешна политика во Бундестагот, Јосип Јуратовиќ, главниот советник на Канцеларката Меркел за Европски прашања, Уве Корсепиус и специјалниот пратеник за Југоисточна Европа, Турција и ЕФТА земјите во германското МНР, др. Кристијан Хелбах. Во разговорите со германските соговорници МНР Димитров го презентираше напредокот на Република Северна Македонија, реафирмирајќи ги аргументите и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со ЕУ до крајот на годинава и потенцирајќи ја важноста на германската поддршка во тој процес, се наведува во соопштението на МНР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масакрот во Краков ќе се истражува како терористички напад, напаѓачот сѐ уште не е испитан

Полската државна обвинителска канцеларија објави дека ќе го истражи масакрот во Краков, во кој вчера беа убиени шест лица, како кривично дело од терористичка природа. 

Масакрот во Краков ќе се истражува како терористички напад, напаѓачот сѐ уште не е испитан

Тоа е важен нов развој во истрагата за нападот, кој, заедно со трите тела пронајдени во домот на напаѓачот, го доведе вкупниот број на мртви на девет.

Портпаролот на Окружното обвинителство во Краков, Томаш Вашчук, изјави за TVP Info дека денес обвинителството планира формално да отвори истрага и правно да го квалификува нападот како терористички прекршок.

Ова сè уште не значи дека терористичкиот мотив е потврден. Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат што го навело 24-годишниот Михал О. да изврши крваво дивеење.

Напаѓачот сè уште не е испрашуван, го чува полицијата

Вашчук, исто така, откри дека поради сериозните повреди, напаѓачот сè уште не е испрашуван, ниту е извршено формално апсење против него во процедурална смисла.

Михал О. е во болница откако беше ранет од полицајци за време на интервенцијата. Тој беше подложен на операции и цело време беше чуван од полицајци.

„Доколку неговото здравје се подобри доволно за да можеме да преземеме процедурални чекори, ќе го сториме тоа“, рече Вашчук.

Тој додаде дека може да му се изрече доживотна казна затвор за кривичните дела за кои се товари.

Тие го истражуваат неговото минато и можните врски

Истражителите продолжуваат да испитуваат локации поврзани со нападот и собираат снимки од камерите за надзор за да ги реконструираат движењата на напаѓачот.

Поточно, ќе бидат истражени неговото минато, личните односи и околностите под кои го стекнал оружјето. Според досегашните информации, 24-годишникот имал дозвола за поседување оружје и претходно не бил казнет.

Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Киервински претходно изјави дека напаѓачот имал многу радикални ставови. Беше спомената и можна врска со крајно десничарски идеологии, но досега не е потврдено дека тие биле мотивот за нападот.

Девет мртви поврзани со масакрот

Да ве потсетиме дека 24-годишникот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Тој убил шест лица и ранил уште 15, вклучувајќи двајца полицајци кои помогнале да го запрат.

По пукањето, полицијата пронашла уште три тела во неговиот дом во Островјец Свјетокржиски. Потврдено е дека станува збор за негови родители и сестра. Околностите на нивната смрт се исто така под истрага.

Полска прогласи дводневна национална жалост како одговор на трагедијата, а во Краков жалоста ќе трае до среда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужас во рингот: Прекинат е меч поради страшна деформација на главата на боксерот (ВИДЕО)

Англискиот боксер Зак Милер влезе во рингот со големи амбиции и желба да ја освои британската титула во перо категорија, но неговиот меч против Гали Паувар заврши на начин што ги шокираше љубителите на боксот. 

Ужас во рингот: Прекинат е меч поради страшна деформација на главата на боксерот (ВИДЕО)

По десет рунди и драматични сцени во рингот, тепачката беше прекината поради страшниот оток на главата, кој целосно го промени изгледот на неговото лице.

Борбата за слободниот шампионски појас се одржа на боксерски настан, чии главни актери беа Џошуа Буатси и Вили Хачинсон. Пуар беше поактивен во поголемиот дел од натпреварот, но пресвртот дојде по ненамерниот судир на глави.

Над окото на Милер почна да се создава огромен хематом кој од минута во минута стануваше се поголем. Веќе на крајот од седмата рунда последиците беа застрашувачки. На лицето му се појавил голем оток, додека дополнителна загриженост предизвика расекотина над другото око.

Ситуацијата набрзо дополнително се влошила. Уште еден огромен хематом се појавил на спротивната страна од главата, а двата отоци продолжиле да растат. Во деветтата рунда беше побарана лекарска проценка, но Милер доби дозвола да ја продолжи борбата.

Не се откажа и покрај страшните повреди

Во десеттиот круг сцените станаа уште подраматични. Отоците толку многу ја искривиле главата на боксерот што судијата повторно го повикал докторот на ринг. Овој пат немаше дилема - по краток преглед беше препорачано прекинување на тепачката и итна медицинска помош.

Бидејќи повредите настанаа како резултат на ненамерен судир на глави, победникот беше решен според картоните на судиите. Паувар славеше со едногласна техничка одлука. Така 24-годишникот стигна до титулата британски шампион во перо категорија, додека Зек Милер и покрај големата желба и упорност мораше да се задоволи со пораз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!

Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во резолуцијата на Либералната интернационала усвоена изминатата недела на конгресот во Бангкок. 

ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!

Резолуцијата истакнува дека 78% од македонската економија е поврзана со европската и дека претворањето на евроинтеграцијата во подвижна цел за Македонија и за земјите кандидатки води кон слабеење на европските позиции.

Предлозите од оваа резолуција носат директни решенија за секојдневните маки на македонските граѓани и бизниси – крај на повеќечасовните чекања за камионџиите на границите поради новиот ЕЕС-систем, ослободување од дополнителни такси за влез во ЕУ како новиот ЕТИАС-систем, слободно движење и работа ширум Европа, како и силна економска ињекција преку фондовите што ќе го подобрат стандардот на граѓаните.

ЛДП во континуитет истакнува дека е потребна редовна координација на меѓународните секретари и раководствата на партиите кои имаат членство во меѓународните и европските политички семејства за да се промовираат координирани национални позиции. Водењето надворешна политика водена исклучиво од интересите на една партија е погрешно и штетно.

На овој значаен настан, Емил Кирјас ја доби силната доверба и реизбор за потпретседател на светското либерално семејство, потврдувајќи го угледниот македонски глас на меѓународната сцена.

„Од либералите имаме постојана, директна и сесрдна поддршка. Тоа е последица на напорна работа, блиски контакти, искрени односи и непоколебливо држење до вредностите. Тоа државата мора да го искористи сега, а не утре,” изјави по усвојувањето на резолуцијата потпретседателот на ЛИ, Емил Кирјас.

“Како народ и како нација немаме луксуз да чекаме подобри времиња преку илузорни странски гаранции. Градењето функционална, правична, некорумпирана и здрава држава, со самозаштитни клаузули за европската иднина и економскиот просперитет, мора да биде заедничка обврска за сите. Мора да ја промениме реалноста во која доминираат манипулациите и празните говори, наместо конкретните резултати“, додаде Кирјас.

ЛДП останува отворена да ги поддржи вистинските државни интереси кои водат кон итно деблокирање на европските интеграции и конкретни придобивки за македонските граѓани и македонскиот бизнис.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер