Работа од соништата: Цел ден гледање серии и филмови - Канал 5

Работа од соништата: Цел ден гледање серии и филмови

Верувале или не, гледањето филмови и серии е всушност добро платена работа на „Netfiks”.

Работа од соништата: Цел ден гледање серии и филмови
Луѓето кои ја работат оваа работа, неделно гледаат помеѓу 3 и 8 наслови, а потоа за тие филмови и серии запишуваат податоци.

Прво ги категоризираат, а потоа ја следат приказната на серијата и обележуваат одредени делови на кои треба да се посвети внимание или укажуваат на нивната контроверзност.

Џош Гарел и Кип Шол моментално се занимаваат со оваа работа и двајцата имаат различни методи на работење.

Гарел ги навлекува завесите, гаси светло, зема грицки и пиво и на голем екран пушта филм или серија и така започнува неговата работа.

Филмот кој трае два часа, му одзема дополнителни час и половина време за да го анализира после гледањето.

Кип Шол, кој оваа работа ја добил благодарејќи на тоа што познава повеќе јазици, а посебно данскиот веднаш се фокусира на главните ликови и на нивниот начин на живот.

Бидејќи за анализирањето му треба концентрација, филмовите и сериите воглавно ги гледа сам.

Првата работа која повеќето луѓе се го прашуваат некој кој се занимава со оваа работа е тоа како можат и тие самите тоа да го работат. За жал тоа е многу тешко.

Во светот моментално постојат само 40 луѓе кои се занимаваат со оваа работа и за сега „Netfiks” не планира да вработи нови луѓе.

„Многу сме селективни во процесот на вработување. Бараме луѓе кои имаат аналитички ум и кои умеат филмовите, сериите или ТВ емисиите да ги разложат на суштински делови. Повеќето од нашите вработени студирале режија и имаат искуство како сценаристи или филмски критичари“ – изјави Тод Јелин, потпретседателот на „Netfliks”.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата да се адаптираат на новите текови кои ги носи ВИ

Утринава се дискутираше на темата новата ера на вештачката интелигенција во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата  да се адаптираат  на новите текови кои ги носи ВИ

Целта според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со проектот Везилка целта е државаните институции и пртепријатијата полесно да се адаптираат на новите современи текови кои ги носи вештачката интелегенција

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Во среда (11.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Петровска.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. пилешки стек

300 гр. кашкавал

400 гр. кисели краставички

500 гр. кисела павлака

150 гр. мајонез

3 јајца

150 гр. кикиритки

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Финскиот претседател Александар Стуб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната во Украина. 

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Стуб за британскиот весник „Фајненшел тајмс“ изјави дека е неодговорно задачата за преговарање за мир во Украина да им се препушти на Соединетите Американски Држави.

„Предолго им препуштавме на другите да се занимаваат со односите меѓу Европа и Русија; сметам дека тоа беше неодговорно“, рече Стуб.

„Сега, кога го имаме рамковниот пристап (европски претставници за преговори), верувам дека европските лидери треба директно да стапат во контакт со Путин, да му ја пренесат истата порака и да разговараат за истите теми“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер