Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
СветПутин со предупредување за западните трупи во УкраинаПутин кажа речиси се што западните сојузници не сакаат да го чујат.Евентуалното распоредување западни сили на украинска територија ќе биде легитимна воена цел на Русија, предупреди рускиот претседател Путин неполн ден откако Макрон соопшти дека 26 земји се обврзале да распоредат свои трупи за да го гарантираат мирот. Од економскиот форум во Владивосток, Путин кажа речиси се што западните сојузници не сакаат да го чујат. И наспроти тоа што неодамна беше одбиен, тој повторно го кани Зеленски на средба во Москва како идеално место, иако не гледал смисла за разговори, зашто невозможно било да се постигне договор за клучните прашања, особено за територијалните. -Што се однесува до можните воени контингенти во Украина. Тоа е една од главните причини за вовлекување на Украина во НАТО. Затоа, ако таму се појават некои војници, особено сега, за време на воени дејствија, тргнуваме од фактот дека тие ќе бидат легитимни цели за нивно уништување. , изјави владимир Путин, претседател на Русија Пораката на Путин следи откако синоќа западните сојузници во Париз договорија предлог – безбедносни гаранции. 26 земји формално се согласиле да распоредат војска на копно, море или во воздух за да ја гарантираат безбедноста по евентуалното постигнување прекин на огнот. Домаќинот Макрон појасни дека нивниот ангажман нема да значи војна со Русија, туку превенирање на нов конфликт, без да открие кои се тие држави. -Тие би биле распоредени во рамките на прекинот на огнот, не на линијата на фронтот, туку на територии кои ќе бидат дефинирани. Нивната цел ќе биде да превенираат нова голема агресија, на начин што ќе вклучи 26 земји јасно да ја гарантираат безбедноста на Украина. , изјави Емануел Макрон, претседател на Франција. Вашингтон продолжува со реториката топло – ладно во однос на Москва, откако во неколку наврати најави санкции за Русија ако нема напредок. Трамп сега признава дека постигнување мир во Украина бил поголем предизвик отколку што мислел. -Дали планирате да разговарате со рускиот претседател Путин во блиска иднина? Да, планирам. Имаме многу добар дијалог. Јас решив седум војни. Онаа за која мислев дека ќе биде полесна поради мојот однос со претседателот Путин и со Украина и сè друго... Мислев дека тоа ќе биде руско-украинската катастрофа, каде оваа недела беа убиени 7.400 војници. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Брисел денеска соопшти дека европска делегација наскоро ќе отпатува во Вашпингтон со цел да се прецизираат санкции против Русија.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter