3Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
3Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
СветПутин предлага директни разговори меѓу Русија и Украина в четврток во ИстанбулРускиот претседател Владимир Путин предложи Русија и Украина да одржат директни преговори, без предуслови, на 15 мај во Истанбул.„Предлагаме властите во Киев да ги продолжат преговорите што ги прекинаа на крајот од 2022 година, да продолжат со директните преговори, без никакви предуслови. Предлагаме без одложување тие да започнат во четврток, 15 мај, во Истанбул, каде што претходно се одржаа и каде што беа прекинати“, рече синоќа Путин на прес-конференција. Како што посочи, тој лично ќе се обрати до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, да ги организира преговорите. Рускиот претседател Владимир Путин денеска предложи одржување директни разговори со Украина во Истанбул на 15 мај, за кои рече дека треба да имаат за цел постигнување траен мир и елиминирање на коренските причини за војната. Неговата објава е неколку часа откако Киев и европските лидери повикаа на безусловно 30-дневно примирје што ќе почне в понеделник. Лидерите на Украина, Велика Британија, Франција, Германија и Полска вчера во Киев и се заканија на Москва со нови санкции и воена поддршка за Украина доколку Русија не се согласи со предлогот. Путин не се осврна експлицитно на тој повик во својата изјава - дадена по 1 часот наутро во Кремљ - наместо тоа го наведе контрапредлогот за нови преговори меѓу Русија и Украина. Тој рече дека Русија предлага директни разговори со Украина во Истанбул во обид да се „елиминираат корените на конфликтот“ и „да се постигне обновување на долгорочен, траен мир“. „Им предлагаме на властите во Киев да ги продолжат разговорите што ги прекинаа во 2022 година, и, нагласувам, без никакви предуслови“, рече Путин. Руските и украинските преговарачи водеа директни разговори во Истанбул во првите недели од конфликтот, но не успеаја да се договорат за запирање на борбите, кои беснеат оттогаш. „Предлагаме да започнеме (преговори) без одложување в четврток, 15 мај, во Истанбул“, рече Путин, додавајќи дека наскоро ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердогдан за да побара негова помош за олеснување на разговорите. Десетици илјади се убиени откако Русија ја започна својата офанзива, а милиони се принудени да ги напуштат своите домови. „Не исклучуваме дека за време на тие разговори ќе можеме да се договориме за некаков нов договор за прекин на огнот“, рече Путин. Тој, исто така, ги обвини западните поддржувачи на Украина дека сакаат „да ја продолжат војната со Русија“ и - без да го спомене конкретниот предлог на Украина и Европа за 30-дневен договор за прекин на огнот - ги критикуваше европските „ултиматуми“ и „антируската реторика“.Тагови: путин русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06
МакедонијаНародната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД БитолаНародната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола, откако вчера Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата на Алта банка на бизнисменот Давор Мацура .Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола, откако вчера Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата на Алта банка на бизнисменот Давор Мацура и која спред најавите утре ќе влезе во стечај. Според одлуката на НБРМ грааните во следниот период ќе можат неделно да подигаа само по 10 ооо денари .За само едноноќие од банката се подигнати околу 2 000 000 евра , соопшти на вонредна прес конференција гувернерот Трајко Славевски. Одлуката за преземање на банката ја донел Ивршниот одбор на НБРМ и мерката која е веќе на сила е од привремен карактер, за најмалку т месеции е вонредна заради зачувување на имото на банката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓетоСлавниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ – по овие фотографии, сигурно нема да ви биде важно ништо друго. Познатиот германски модел, Хајди Клум, приреди вистински спектакл на јубилејното, 25-то издание на нејзината прочуена забава за Ноќта на вештерките во Њујорк, појавувајќи се во костим од кој на многумина им застана здивот – стануваше збор за огромна, крвава, отсечена човечка рака! Иако со денови наназад наговестуваше детали за тоа каков би можел да биде костимот, никој не можеше да претпостави вакво нешто. Традиционалната забава се одржа во областа „Катедрал“ на Менхетен и собра бројни славни личности, кои вложија максимални напори да привлечат внимание со своите костими. Сепак, како и секоја година, најголем интерес предизвика домаќинката на вечерта, која уште еднаш ги помести границите на креативноста и трансформацијата. Годинава, Хајди се одлучи за прилично морничава идеја – човечка рака со црвени нокти, масивни златни прстени и верна реплика на нејзиниот венчален прстен. Целокупниот изглед беше заокружен со крвави детали, поради што моделот изгледаше како огромен, отсечен дел од човечко тело. Инаку, Хајди низ годинитеизгради репутација на жена која многу сериозно ги сфаќа костимите за Ноќта на вештерките, а нејзините трансформации редовно се главна тема на разговор по секоја забава.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06
МакедонијаДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачитеСпоред пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија. Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter