Путин на активен викенд-одмор во сибирската тајга (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин помина викенд одмор во сибирската тајга, каде возеше џип и шеташе на снегот во придружба на неговиот министер за одбрана, објави официјален Кремљ.

Облечени во темни спортски зимски јакни и без капи, рускиот претседател (68) и министерот за одбрана Сергеј Шојгу (65) шетаа низ шумите покриени со снег, преминуваа преку висечки мост направен од јаже, гледаа диви животни со двоглед, објави Кремљ.

Потоа тие посетија работилница во тајгата каде министерот Шојгу му покажа на својот шеф како го поминува слободното време во резбање дрва.

„Претседателот шета со министерот за одбрана Сергеј Шојгу во Сибир“, според соопштението за печатот во кое Кремљ објави десетина фотографии од патувањето, без да прецизира каде се снимани двајцата политичари.

На неколку фотографии, претседателот и министерот се облечени во кафеави зимски јакни украсени со бело крзно, а на нивните нозе се валенки, традиционални руски чизми направени од овча волна. На една слика, тие седат на дрвена маса на чист воздух среде шумата и се подготвуваат за „закуска“.

Некои фотографии ги прикажуваат како расположени и насмеани возат теренско возило управувано од Владимир Путин..

Рускиот претседател со години го негува имиџот на силен човек во медиумите, редовно покажувајќи дека е во одлична физичка форма.

Кремљ веќе објави фотографии и снимки од неговите патувања во сибирската тајга, каде учествувал во риболов, управувал со брод или се сонча гол до половината.

Не треба да заборавиме на снимките од неговото возење во подморница на дното на Бајкалското Езеро, како управува автомобил Формула 1 и воен авион, како и совладува див тигар, додава агенцијата Франс Прес.

Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје

 Под мотото „Заштитуваме генерации“, со детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава, денеска во  Градскиот парк во Скопје, на отворената сцена „Школка“, ќе биде одбележана Европската недела на имунизација.

На настанот организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, СЗО и УНИЦЕФ, поддржани од УСАИД и ЕУ, обраќања ќе имаат евроамбасадорот Дејвид Гир, специјалната претставничка на СЗО д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ д-р Патриција ди Џовани и претставник од Министерство за здравство.

- Заедно да ја подигнеме свесноста за важноста на имунизацијата, како значаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија, истакнуваат од Министерство за здравство.

Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО

 Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски е нов светски професионален првак во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1, до 88,6 кг, откако синоќа во борба за титулата го совлада Берк Дузенли од Турција.

Бодрен во СЦ „Јане Сандански“ од домашната публика и навивачката група „Комити“, Илиоски го совлада актуелниот аматерски светски првак со судиска одлука од 2-1.

Илиоски во ноември лани го освои златниот медал на Светското ВАКО првенство во категоријата лоу кик до 86 килограми и ја обедини светската и европската титула.

За своите успеси на меѓународната сцена Илиоски беше избран за спортист на Македонија во 2023 година.

Свечена промоција на нови полициски службеници во Центарот за обука на МВР во Идризово

Свечена промоција на нови полициски службеници - генерација 2023-2024 година, ќе се одржи денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово, со почеток во 11:00 часот.

На промоцијата обраќања ќе имаат премиерот на техничката Влада Талат Џафери, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и Сузе Трајковска, раководител на Центарот за обука на МВР.

Настанот ќе биде пренесуван и во живо на официјалната страница на Министерството за внатрешни работи.

притисни ентер