Путин како никогаш досега го испофали Трамп, спомена и нуклеарно оружје - Канал 5

Путин како никогаш досега го испофали Трамп, спомена и нуклеарно оружје

Рускиот претседател Владимир Путин ги пофали енергичните напори на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за запирање на војната во Украина.

Путин како никогаш досега го испофали Трамп, спомена и нуклеарно оружје

Рускиот претседател Владимир Путин ги пофали енергичните напори на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за запирање на војната во Украина и посочи дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за контрола на нуклеарното оружје за време на нивниот самит утре во Алјаска.

Пред да отпатува за Алјаска за да се сретне со американскиот претседател, Путин денеска претседаваше со состанок на високи руски претставници за да ги информира за состојбата во разговорите со САД за Украина.

„Сегашната американска администрација... според мене вложува доста енергични и искрени напори за запирање на непријателствата, за завршување на кризата и за постигнување договори што се во интерес на сите страни вклучени во овој конфликт“, рече Путин.

Во кратки забелешки, Путин рече дека целта на самитот со САД е да „создадат долгорочни услови за мир меѓу нашите земји, како и во Европа и светот како целина“.

Тој посочи дека овој поширок мир може да се постигне ако, во „следните фази“ од разговорите со САД, „се постигнат договори во областа на стратешката офанзивна контрола на оружјето“, осврнувајќи се на нуклеарното оружје.

САД и Русија се согласија да ги ограничат своите арсенали за нуклеарно оружје преку договорот „Нов СТАРТ“, кој стапи на сила во 2011 година.

Според договорот, двете земји имаа седум години да достигнат дефинирани ограничувања за бројот на распоредени интерконтинентални нуклеарни боеви глави.

Сепак, договорот истекува во февруари 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 24. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 24. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 24. ноември 2026 година

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот позитивен став денеска ќе биде повеќе од доволен да ја надминете дистанцата во личните односи.

Кариера

Не сонувате за нешто неможно , но гледате дека се е можно. Тоа по малку ве збунува.

Здравје и совет

Зацврстете си го телото.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Не очекувајте ништо повеќе од сувопарно одржување на постојната состојба.За вас денеска едноставно не е ден за љубов.

Кариера

Вашите претпоставени ќе покажат дека ве поддржуват , па дури и ве сакаат , но вас тоа ни малку нема да ве импресионира.

Здравје и совет

Емотивни фрустрации.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ништо особено нема да ве загрижува, но нема ниту да ве поттикнува за поголеми љубовни подвизи.Доста мирен ден.

Кариера

Би сакале да ,,средите” некои од соработниците , но ако тоа го направите , ќе ви вратат со иста мерка.

Здравје и совет

Смирите се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денеска е добар ден за изразување емоции. ќе ви оди од рака да покажете што навистина чувствувате , па тоа и направете го.

Кариера

Секоја ваша акција ќе биде поддржана , дури и таму каде можеби не сте се надевале.Искористете ја шансата.

Здравје и совет

Се чувствувате одлично.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе заземете пријателски и опуштен став кон саканата личност.На тој начин ќе се браните од малите критики.

Кариера

Иако денеска нема да бидете највешти во преговорите,другата страна ќе биде склона да ве поддржи.

Здравје и совет

Нервоза и немир.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е пријател и исполнет ден во приватниот живот.Ќе може да ги остварите повеќето замисли.

Кариера

Денот е поволен за проширување на стручните знаења како и за соработка со деловни партнери од странство.

Здравје и совет

Радувајте се на личните успеси.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина денеска ќе излезат надвор со друштво или со саканата личност и убаво ќе си поминат.Самците лесно ќе воспоставуваат контакти.

Кариера

Ќе заклучите дека имате многу добра финансиска подлога , така што на неа може да градите понатаму.

Здравје и совет

Не се брзајте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе си дозволите мал луксуз за да го зголемите уживањето за себе и за саканата личност .Тоа ќе биде полн погодок.

Кариера

Повторно ќе ве фалат , а на вас ви е драго , но не се запирате. Малкумина се такви кои ќе се задржат само на старата слава.Работете понатаму.

Здравје и совет

Ќе бидете среќни.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе се чувствувате пријатно во друштво на личноста што ја сакате и ќе си поминете убаво ако ги потиснете малите семејни проблеми.

Кариера

Колегите ве сакаат и тоа ви го покажуваат , а таквиот став и вас ве поттикнува да направите нешто за нив.

Здравје и совет

Побарајте весели содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе издржите уште едно мало надмудрување со саканата личност, но со многу хумор и со добри намери.

Кариера

Забележувате дека вашите претпоставени се многу повлијателни , отколку што сте мислеле.Тоа ве охрабрува, но и во исто време ве ограничува.

Здравје и совет

Ќе бидете малку забавени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во приватните односи ќе се развие добра комуникација, но без некое подлабоко емоционално зближување.

Кариера

Се чини дека ги држите конците во свои раце, но делумно.Како што сакате контрола , веднаш ви е подобро.

Здравје и совет

Посетете стоматолог.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Најсигурно ќе се чувствувате во кругот на семејството.Нема да ви се излегува , иако ќе ве повикуваат. Како и да е, љубовта е само во мислите.

Кариера

Деловната кореспонденција ќе ви одземе поголем дел од денот , а при тоа ќе бидете прибрани и љубезни.

Здравје и совет

Ограничете ги калориите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бисера Костадиновска Стојчевска и Бране Петрушевски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Бисера Костадиновска Стојчевска и Бране Петрушевски

Бисера Костадиновска Стојчевска и Бране Петрушевски во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Генерации што сè помалку се движат

 – Светската здравствена организација предупредува на сериозен проблем меѓу тинејџерите

Генерации што сè помалку се движат

Без оглед дали станува збор за видеоигри, стриминг апликации или притисокот на училишните обврски, сè повеќе адолесценти ја занемаруваат физичката активност и играта на отворено, при што секој четврти признава дека немал барем 1 час физичка активност неделно.

Според истражување спроведено од научници од британски универзитети и Светската здравствена организација (СЗО), кое се заснова на анализа на податоци од анкети спроведени на 3,2 милиони деца и адолесценти од 140 земји, само 14% од младите на возраст од 11 до 17 години ширум светот изјавиле дека биле „физички активни“ секој ден во текот на претходната недела.

Тинејџерите од Финска и Канада биле меѓу најактивните; околу 30 % од младите во двете земји навеле дека се занимаваат со физичка активност секој ден во текот на претходната недела. Адолесцентите од Британија и од скандинавските земји имале резултат нешто над глобалниот просек, со 17%, додека оние од Германија (13%), Франција(11%) и Италија(9%), се нашле на дното на листата.

Посочувајќи на „значителни разлики меѓу земјите“, Светската здравствена организација истакнува дека во некои држави само 3 до 4 % од адолесцентите изјавиле дека во текот на претходната недела немале ниту еден ден физичка активност, додека во други, оваа бројка надминувала 40 %.

„Физичката активност за време на адолесценцијата го подобрува сегашното и идното физичко и ментално здравје, и придонесува за превенција од незаразни болести“, напишале истражувачите во труд објавен во британското медицинско списание “The Lancet“.

„Физичката неактивност е главен фактор на ризик за срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и одредени видови рак“, предупредуваат од Светската здравствена организација.

Податоците, откриваат и дополнителни разлики во зависност од полот и возраста. Според бројките од Универзитетот во Оксфорд, 21% од момчињата во Обединетото Кралство се занимаваат со физичка активност најмалку 60 минути дневно, додека тој удел кај девојчињата е 13%. Понатаму, единаесетгодишните деца покажувале повисоко ниво на физичка активност од седумнаесетгодишните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер