Путин и Си Џинпинг се сретнаа на маргините на самитот на ШОС: Кина и Русија го засилуваат стратешкото партнерство - Канал 5

Путин и Си Џинпинг се сретнаа на маргините на самитот на ШОС: Кина и Русија го засилуваат стратешкото партнерство

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Киргистан.

Путин и Си Џинпинг се сретнаа на маргините на самитот на ШОС: Кина и Русија го засилуваат стратешкото партнерство

Кинескиот претседател Си Џинпинг му рече на рускиот претседател Владимир Путин дека под нивното „стратешко водство и заеднички напори“, темелите на билатералните односи ќе бидат посилни, со посветла перспектива, објави кинеската државна новинска агенција Синхуа.

„Неизвесностите и непредвидливите фактори во меѓународната ситуација значително се зголемија“, рече Си, додавајќи дека аспирацијата на народот за мир, развој и соработка останува непроменета.

„Кина е подготвена да соработува со Русија и другите земји за зајакнување на силите што ја водат реформата на глобалното управување и промовирање на рамноправен и уреден мултиполарен свет“, рече Си за време на состанокот на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Киргистан.

Двајцата лидери, исто така, разговараа за меѓународни и регионални прашања од заеднички интерес, според Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот

Европската интеграција да се гледа како модел за трансформација на институциите, а не како обид да се трансформира нашиот идентитет.

Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот

Европската интеграција да се гледа како модел за трансформација на институциите, а не како обид да се трансформира нашиот идентитет, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на панел дискусија на Бледскиот форум во Словенија..

На дебатата насловена „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, на која учествуваа и неговите колеги од Словенија, Хрватска и Унгарија, Муцунски рече дека Балканот е изморен од ветувања и дека Брисел треба да покаже поголема посветеност..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го отворија патот за спорната градба кај „Кузман“

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на денешната 11. седница на Советот на Општина Центар не ја поддржаа Предлог-одлуката за суспензија на дел од ДУП „Буњаковец 1“.

Герасимовски: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го отворија патот за спорната градба кај „Кузман“

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на денешната 11. седница на Советот на Општина Центар не ја поддржаа Предлог-одлуката за суспензија на дел од ДУП „Буњаковец 1“, со која требаше да се спречи реализацијата на спорната градба кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, сè додека не се обезбедат безбедни и правно сигурни услови за пристап и реализација на објектот.

За суспензијата гласаа 10 советници, што не беше доволно за донесување на одлуката. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не дадоа поддршка.

Станува збор за градежна парцела на аголот на булеварите „Климент Охридски“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“, за која Општина Центар уште минатата година укажа на сериозни безбедносни и правни проблеми.

Единствениот пристап до парцелата минува покрај студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, каде што се наоѓа резервоар со запаллива материја што се користи за греење, што претставува потенцијален ризик од пожар.

Дополнително, пристапот до парцелата минува преку подземни инсталации што ја снабдуваат околната населба и студентскиот дом, како и преку објекти легализирани во минатото, за чие отстранување се потребни дополнителни постапки кои можат да предизвикаат сложени правни последици.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оцени дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, со тоа што не дадоа поддршка за суспензијата, наместо да го заштитат јавниот интерес, го отворија патот за реализација на спорната градба.

„Минатата година Советот со 19 гласа ЗА ја поддржа суспензијата затоа што сите бевме свесни за ризиците што ги носи оваа градба. Денес, проблемите се исти – нема соодветен и безбеден пристап, трасата минува покрај резервоар со запаллива материја, преку подземни инсталации и преку легализирани објекти. И покрај тоа, советниците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ останаа воздржани и не дозволија суспензијата да биде изгласана. Кога знаете дека постојат вакви ризици, а сепак не гласате за суспензија, тогаш оправдано се поставува прашањето чиј интерес штитите – на граѓаните или на инвеститорот? За мене безбедноста и интересот на граѓаните мора да бидат пред секој друг интерес“, изјави Герасимовски.

Ставот на градоначалникот останува непроменет – на оваа локација не треба да се дозволи реализација на објект додека не се обезбедат целосно безбедни и законски услови за пристап, без загрозување на жителите, студентите и постојната инфраструктура.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Левица во Скопје не гласаше за помош на онколошките пациенти ниту за поддршка на ученици

Изгласан новиот ребаланс на буџетот – нов мост и кружен тек во Сарај, нов влез на Скопје, нови улици и уште многу други проекти, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Левица во Скопје не гласаше за помош на онколошките пациенти ниту за поддршка на ученици

– Повеќе капитални инвестиции, поголема поддршка за граѓаните и историско намалување на обврските – тоа се резултатите од одговорното и домаќинско управување со Град Скопје.

Со ребалансот го зголемуваме Буџетот за дополнителни 61,76 милиони денари, со што основниот Буџет на Град Скопје достигнува рекордни 5.324.649.755 денари.

Ова е резултат на остварените заштеди, финансиската дисциплина и кратењето на непродуктивните трошоци.

Во минатото ребалансите значеа кратење на инвестициите и создавање нови долгови.

Ние покажавме дека може поинаку – нашиот ребаланс носи нови проекти и поголема поддршка за граѓаните.

Обезбедуваме:

– Нови 61 милион денари за Европската престолнина на културата – Скопје 2028.

– Нов капитален проект за изградба на мост и улица што ќе ги поврзат Ѓорче Петров и Сарај и ќе создадат нов влез во Скопје, за што во Развојната програма се предвидени 420 милиони денари.

– Дополнителни средства за онколошките пациенти.

До почетокот на август пристигнаа 1.265 уредни барања и сите беа исплатени.

Средства ќе има и за секој пациент што ќе поднесе барање до крајот на годината. Никој нема да биде изоставен!

– Нови клупи и столчиња, ИТ-опрема, училишни кабинети, игралишта и фитнес-зони, како и средства за ски-викенд за средношколците по успешната реализација на бесплатниот летен камп.

– Нови 25 милиони денари за реконструкција на помалите улици во скопските општини и 10 милиони денари за чистење на депониите.

Истовремено, додека ги зголемуваме Буџетот и инвестициите, ги намалуваме наследените обврски.

За само девет месеци, вкупните обврски на Град Скопје, јавните претпријатија, културните установи и средните училишта ги намаливме за 60,2 милиони евра!

Заклучно со 27 август 2026 година, Град Скопје ги намали тековните обврски за 322,1 милион денари и за дополнителни 743 милиони денари по основ на кредити, неисплатени експропријации, изгубени судски постапки со камати и судски трошоци, неисплатени субвенции и преземени програмски активности.

Обврските се значително намалени во сите јавни претпријатија:

– „Водовод и канализација“ – за 1,66 милијарди денари – ЈСП „Скопје“ – за 634,9 милиони денари – „Комунална хигиена“ – за 122 милиони денари

– „Паркови и зеленило“ – за 113,9 милиони денари – „Градски паркинг“ – за 52,9 милиони денари – „Улици и патишта“ – за 31,9 милиони денари

Половина од културните установи се целосно раздолжени, а кај останатите обврските се значително намалени.

Музејот на Град Скопје, кој минатата година имаше сериозни долгови и исклучена струја под раководство на кадри предложени од Левица, денес има нула денари обврски.

КИЦ, кој беше препознатлив по долгови, репрезентации и конгреси на ДУИ и Левица, до крајот на септември ќе има нула обврски, додека ДКЦ и Културниот дом „Кочо Рацин“ веќе се целосно раздолжени.

МКЦ ги намали обврските за 7,6 милиони денари, а обезбедени се средства за Планетариумот, киното „Милениум“ и е-спорт центарот. Зоолошката градина ги намали обврските за околу пет милиони денари, а Градската библиотека за 2,5 милиони, со дополнително намалување од 2,5 милиони денари до крајот на годината.

Заклучно со вториот квартал, обврските беа намалени за речиси 55 милиони евра, а до 27 август намалувањето достигна 60,2 милиони евра.

И додека ги враќаме старите долгови, инвестираме повеќе од кога било!

По најдобриот прв квартал во историјата на Град Скопје, зад нас е и најдобриот втор квартал според реализацијата на капиталните проекти.

Тоа го постигнавме и покрај наследената задолженост од речиси 300 милиони евра и девастираните јавни претпријатија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер