Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
2Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
БалканПуштена во употреба втората електрична конекција меѓу Грција и БугаријаОператорите за пренос на електрична енергија на Бугарија и Грција во петокот ја пуштиле во употреба новата, втора по ред електрична линија што ги поврзува двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкиот Независен оператор за пренос на електрична енергија (АДМИЕ) денеска соопштија дека значително се зголемуваат можностите за енергетска размена меѓу системите на Грција и Бугарија, „со што се надградуваат можностите и за прекугранична трговија и енергетска безбедност во Југоисточна Европа и на Балканот“. Вкупната должина на меѓународната интерконекција што почнува од трафостаницата Неа Сантас во Родопи и завршува во трафостаницата Марица Исток во Бугарија изнесува 151 километри, од кои 29 километри се на грчка територија. Министерот за животна средина и енергетика на Грција Теодорос Скилакакис рече дека станува збор за важен енергетски проект од европски интерес, а непосредните придобивки вклучуваат унапредување на прекуграничната трговија и зајакнување на енергетската безбедност во Југоисточна Европа и на Балканот. Паралелно најави дека следуваат и други меѓународни конекции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Нашата цел е електронските услуги да стигнат до секој граѓанинМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, го посети новиот Центар за услуги – ЕТУ Струмица, сместен во општинската зграда. Со отворањето на 18-тиот Центар за услуги во Македонија, граѓаните на Струмица и на околните општини добиваат пристап до 350 услуги од Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk, со непосредна помош од вработените во центарот. Во изјавата за медиумите, министерот Андоновски истакна дека новиот центар е резултат на успешната соработка меѓу Министерството за дигитална трансформација и локалната самоуправа, која го обезбеди просторот. „Како што ветивме во текот на кампањата и како што разговаравме со градоначалникот, Струмица е во фокусот на Министерството за дигитална трансформација. Големо е задоволството што тука го отвораме 18-тиот Центар за услуги во Македонија. Во одлична соработка со локалната самоуправа, нашите вработени сега се достапни да им ги понудат 350-те услуги од Националниот портал на граѓаните од Струмица и од целиот регион“, изјави Андоновски. Министерот посочи дека центарот е наменет за сите граѓани, особено за оние кои немаат можност, не сакаат или не знаат самостојно да ги користат електронските услуги од својот дом. Со поддршка од вработените, тие ќе можат полесно да пристапат до потребните услуги на едно место. „Секој граѓанин кој не е во можност или не знае како да користи електронски услуги од дома, тоа ќе може да го направи тука, во Центарот за услуги. Уверението за државјанство, потврдите за неосудуваност, за кривична и казнена евиденција, изводите од матичните книги на родени, венчани и умрени, како и услугите од Агенцијата за катастар, се достапни на едно место во Струмица“, нагласи министерот. Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, се заблагодари за успешната соработка со Министерството за дигитална трансформација и изрази желба таа да продолжи и во иднина, во интерес на граѓаните на општината. Тој ги повика граѓаните да ги користат услугите на новиот Центар за услуги, кои ќе им заштедат време и ќе го олеснат процесот на добивање на потребните документи. Покрај пристапот до услугите, центарот има и едукативна улога, преку која граѓаните ќе добиваат насоки и помош за користење на електронските услуги. Андоновски истакна дека соработката со Општина Струмица продолжува и преку други проекти за подобрување на дигиталната достапност. „Намената на центарот е и едукативна, а соработката со општините не запира тука. Во Струмица реализиравме и две зони за бесплатен интернет преку проект на ГИЗ и Европската Унија. Во периодот што следи, граѓаните треба да очекуваат новини од соработката на Министерството со општините, секако и со Општина Струмица“, рече Андоновски. Министерот ја потврди заложбата до крајот на годината да бидат отворени 20 центри за услуги, најавувајќи дека следни се Ресен, Кичево и Гостивар. Воедно, најави и кампања од пролет за доближување на електронските услуги до жителите на руралните средини. „Целта е до крајот на мандатот да стигнеме до секој граѓанин. Ветив дека до крајот на годината ќе имаме 20 вакви центри за услуги и тоа ќе го исполниме. Следни се Ресен, Кичево и Гостивар, со што веќе покриваме најголем дел од градовите во Македонија. Од пролет најавувам и кампања за руралните средини, за електронските услуги да ги доближиме до сите граѓани, бидејќи само во тој случај дигиталните услуги се корисни“, порача Андоновски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Забава180 тркачи на стартот на првото издание на „Каменица Треилс“На 10 октомври Македонска Каменица ќе биде домаќин на првото издание на „Каменица Треилс“, нова треил трка која ги поврзува градот, Калиманското Езеро и Осоговските планини.Интересот за првото издание е голем – пријавени се вкупно 180 тркачи. Трката е организирана во две категории: „Сива Кобила Треил“, долга 33 километри со 1.800 метри висинска разлика, и „Буов Треил“, долга 15 километри со 700 метри искачување. Двете патеки стартуваат и завршуваат во Македонска Каменица. Дополнително ќе има организирано и детска трка која ќе биде од ревијален карактер. „Каменица Треилс“ е создаден со идеја преку планинското трчање да се промовираат природните убавини и туристичкиот потенцијал на овој дел од Источна Македонија. Трките тргнуваат од “Паркот на Рударите” во Каменица и набрзо се искачуваат кон планината, низ шумски предели и отворени планински пространства, со панорамски погледи кон Калиманското Езеро и Осоговските планини. Првото издание на „Каменица Треилс“ ќе биде можност за тркачите да запознаат нова планинска дестинација, но и почеток на една нова спортска приказна во Македонска Каменица. На 10 октомври, Каменица трча кон планината. Агенда на настанот Петок, 09 октомври 17:00 – 21:00 | Дом на Културата – Каменица Подигнување на стартни пакети и можност за запознавање со организацијата и информациите за трката. Сабота, 10 октомври 07:00 – 08:45 | Дом на Културата – Каменица Подигнување на преостанатите стартни пакети. 09:00 | Парк на Рудари 🏃 Старт на Буов Треил 15К и Сива Кобила Треил 33К 09:45 – 10:00 | Парк на Рудари 👧 Детска трка 10:30 | Парк на Рудари 🏁 Очекуван прв финишер на Буов Треил 15К 12:40 | Парк на Рудари 🏁 Очекуван прв финишер на Сива Кобила Треил 33К 14:00 | Парк на Рудари 🎵 Музички настап – Grooveitup 15:00 | Парк на Рудари 🏆 Прогласување на победниците и доделување на наградите 15:30 – 16:00 | Парк на Рудари 🎵 Музички настап – Grooveitup 17:00 | Парк на Рудари Крај на настанот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДве децении ЈП ПОЦ: Средба на поранешните и актуелниот директорПо повод одбележувањето на 20-годишнината од основањето на ЈП Паркинзи на Општина Центар (ЈП ПОЦ), денес во просториите на претпријатието се одржа средба на поранешните директори со актуелниот директор Душко Коцевски.На средбата присуствуваа поранешните директори Тодор Делјановски, Вангел Андрески, Саша Богдановиќ и Васко Кичевски. Средбата беше можност за размена на искуства и сеќавања, како и за разговор за развојот на претпријатието, предизвиците со кои се соочувало во различни периоди и промените и достигнувањата во изминатите две децении. Со оваа средба воедно започнаа и подготовките за одбележување на значајниот јубилеј – 20 години од основањето на ЈП ПОЦ. „Дваесет години се значаен период во кој претпријатието поминало низ многу промени и предизвици. Денешната средба беше убава можност да се потсетиме на почетоците, да размениме искуства и да им оддадеме признание на сите кои низ годините придонеле за развојот на ЈП ПОЦ. Секој период оставил свој белег, а наша задача е да го продолжиме тој развој и да обезбедиме уште подобри услуги за граѓаните", истакна директорот Душко Коцевски. Како дел од јубилејните активности, предвидена е изработка на публикација посветена на 20-годишнината, која ќе го документира развојот на претпријатието низ годините и ќе содржи сведоштва, искуства и сеќавања од луѓето кои во различни периоди биле дел од неговото раководење и развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter