Пуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија - Канал 5

Пуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија

Неврофизиологија доби нов лик – подобри услови за пациентите и посовремена работна средина за медицинскиот персонал. 

Пуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија

Внатрешниот дел е целосно реновиран, а обновата продолжува во втора фаза со реконструкција на фасадата и кровот.

Со вкупно 20 болнички легла, од Клиниката велат дека се зголемуваат капацитетите за хоспитализација и се подобруваат условите за третман на пациентите.

Новина е и Кабинетот за когнитивна стимулација, кој треба да овозможи нов пристап во работата со пациентите со деменција.

Директорот Јован Божиновски најавува и набавка на апарат за магнетна резонанца, како еден од приоритетите на Клиниката.

Но, инвестициите не се насочени само кон просторот и опремата. Од Клиниката велат дека во изминатиот период е зајакнат и медицинскиот кадар.

Ангажирани се нови лекари и друг медицински персонал, а 25 млади здравствени работници одлучиле својата професионална иднина да ја продолжат во земјава и да придонесуваат во домашното здравство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Психолошка креативна работилница во ООУ „Војдан Чернодрински“

Во ООУ „Војдан Чернодрински“, се реализираше психолошка креативна работилница на тема „Мојот внатрешен чувар“, наменета за учениците од II-б одделение. 

Психолошка креативна работилница во ООУ „Војдан Чернодрински“

Целта на работилницата беше учениците да го препознаат стравот како природен заштитен сигнал на телото, да ги забележуваат телесните реакции при вознемиреност, како и да усвојат едноставни техники за смирување и начини за барање поддршка.

Преку приказната за ежето Боцко, активноста „Семафор за сигурност“ и практични вежби, учениците учеа дека храброста не значи отсуство на страв, туку способност да се препознае стравот, да се реагира соодветно и да се донесе правилна и безбедна одлука. Во рамки на работилницата, учениците изработија цртежи под наслов „Мојата картичка за храброст“, преку кои ги претставија знаците на вознемиреност, начините кои им помагаат да се смират, како и личностите од кои би побарале помош кога им е потребна. Работилницата ја реализираше училишниот психолог Наталија Наумовска Велковска, со цел преку креативни и интерактивни активности учениците да стекнат корисни знаења и вештини за препознавање и справување со сопствените емоции.

Преку реализација на вакви активности, ООУ „Војдан Чернодрински“ придонесува кон развивање на емоционалната писменост, самодовербата, чувството на сигурност и социјално-емоционалните вештини кај учениците.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп симулираше положување заклетва со приврзаниците: „Ако не излезете на гласање, ќе одите во пеколот“

Со апел до Републиканците да излезат масовно на изборите за Конгресот на трети ноември и соочен со можноста да го загуби мнозинството во двата дома, американскиот претседател Трамп ја заокружи дводневната конвенција во Далас.

Трамп симулираше положување заклетва со приврзаниците: „Ако не излезете на гласање, ќе одите во пеколот“

Тој приреди необична сцена во салата, симулирајќи положување заклетва со присутните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание

Врз основа на досега прибраните докази, постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривични дела Примање поткуп и Примање награда за противзаконито влијание. 

По пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание

Постапувајќи по пријава од граѓанин, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден во соработка со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР реализираше акција во рамки на која од слобода е лишено службено лице – помошник – директор на Секторот за административно – технички работи во Царинската управа.

Врз основа на досега прибраните докази, постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривични дела Примање поткуп и Примање награда за противзаконито влијание. Во периодот од април/мај до септември 2026 година, осомничениот, користејќи ја својата службена положба, во повеќе наврати побарал и примил парични средства во вкупен износ од 17.500 евра. Дел од средствата, во износ од 7.500 евра, биле побарани и примени во врска со веќе склучен договор за јавна набавка за потребите на Царинската управа, со цел договорот да продолжи да се реализира без пречки и без ризик од негово раскинување.

Дополнително, во врска со друга постапка за јавна набавка што била предмет на жалбена постапка, осомничениот побарал уште 10.000 евра, при што се повикал на свое претпоставено влијание врз натамошниот тек на постапката. Според прибраните докази, за возврат тој требало да влијае врз постапувањето во жалбената постапка и да делува во однос на условите и техничката спецификација.

Пријавата на граѓанинот овозможи ОЈО ГОКК навремено да преземе законски дејствија за проверка на наводите, обезбедување докази и реализација на случајот.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

За неполна седмица, ова е втор случај во кој ОЈО ГОКК постапувајќи по пријава од граѓанин, презеде дејствија што резултираа со успешна реализација. Ваквите случаи ја потврдуваат важноста на соработката меѓу граѓаните и надлежните институции во навременото откривање и гонење на коруптивните кривични дела. Обвинителството ги охрабрува граѓаните кои располагаат со сознанија или информации за можни коруптивни дејствија да ги пријават до надлежните органи. Секоја основана информација се проверува со должно внимание, а идентитетот и личните податоци на лицата кои пријавуваат се заштитуваат согласно законските можности и потребите на постапката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер