Пуштена во употреба реконструираната сала „Расадник“ - Канал 5

Пуштена во употреба реконструираната сала „Расадник“

Заврши комплетната реконстуркција на спортската салата „Расадник“ во населба Кисела Вода.

Пуштена во употреба реконструираната сала „Расадник“

Салата која е со со капацитет за 1.000 гледачи се реконструираше со два милиона евра од министерството за спорт и во иднина ќе биде дом на ракометниот клуб „Вардар“. Објектот, како што потенцираа надлежните располага со сериозен капацитет и нуди врвни услови за спорт и рекреација на младите. За посетителите во текот на денот е подготвена богата целодневна програма која вклучува спортски демонстрации, дружење со познати македонски спортисти и репрезентативци, како и можност за разгледување на новите капацитети на салата. Посебно внимание е посветено и на најмладите посетители, за кои се организирани детски и забавни содржини во специјално подготвена зона.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од синдикатот на државната администрација бараат да се разгледаат нивните забелешки

Независниот синдикат на државната админстрација очекува минстерството администрација.

Од синдикатот на државната администрација бараат да се разгледаат нивните забелешки

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алиу: Реформите во здравство добиваат европска рамка - Македонија ќе се приклучи на програмата EU4Health

Најголемата вредност на EU4Health не е само во парите, туку во стандардите, знаењето, европските мрежи и можноста нашето здравство да учествува во заедничките европски здравствени процеси. 

Алиу: Реформите во здравство добиваат европска рамка - Македонија ќе се приклучи на програмата EU4Health

Министерот за здравство, Азир Алиу на денешниот брифинг со претставниците на медиумите потенцираше дека по една година од преземањето на функцијата, најважниот резултат не е само во поединечните проекти и процеси кои се започнати, туку во насоката што ја поставивме.

Пристапувањето кон EU4Health на 24 јуни во Брисел ќе биде најсилна потврда дека домашните реформи добиваат европска рамка и дека Македонија станува дел од најголемата здравствена програма на Европската Унија. Ова е отворање на европска здравствена врата за нашите институции, здравствени установи, академската заедница, професионалните организации и пациентските здруженија. Ако првата година од мандатот беше година на поставување правец, втората ќе биде година на користење на можностите на EU4Health и активно учество во европските здравствени процеси, посочи министерот Алиу.

EU4Health претставува програма со оперативен буџет од 4,4 милијарди евра за периодот 2021–2027 година, а со пристапувањето, нашата држава добива можност да учествува во повици, грантови, јавни набавки, заеднички акции и европски партнерства.

Најголемата вредност на EU4Health не е само во парите, туку во стандардите, знаењето, европските мрежи и можноста нашето здравство да учествува во заедничките европски здравствени процеси. Оваа програма отвора можности за проекти во дигитално здравство, European Health Data Space, превенција, скрининг, ментално здравје, подготвеност за кризи, пристап до лекови, медицински производи и јакнење на здравствениот кадар. По пристапувањето, нашата задача е да изградиме оперативен капацитет и да подготвиме конкретни проектни апликации, додаде Алиу.

Тој појасни дека пандемијата покажа дека ниту една држава не може сама да се справува со сите здравствени ризици, и токму затоа EU4Health е важен чекор кон здравствена безбедност што не зависи само од домашните капацитети, туку и од европската солидарност, координација и заеднички ресурси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони: Треба да го зголемиме притисокот врз Русија

 Италијанската премиерка Џорџија Мелони денес изјави дека Европа мора да продолжи да ја поддржува Украина и да го зголеми притисокот врз Русија, откако нејзината влада ѝ претстави нов пакет санкции на Москва пред самитот на Европската унија.

Мелони: Треба да го зголемиме притисокот врз Русија

„Ја поддржуваме одбраната на Украина. Нашата позиција останува непроменета. Поддршката на Киев и одржувањето на притисокот врз Москва останува единствениот начин за започнување преговори, затоа го поддржуваме 21-от пакет европски санкции“, рече Мелони, пренесува АНСА.

Таа додаде дека Европа треба да избере „авторитативна личност“ која ќе учествува во можните идни преговори за прекин на војната во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер