Пуштена во употреба делницата Фариш - Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување - Канал 5

Пуштена во употреба делницата Фариш - Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување

 Пуштена е во употреба делницата Фариш - Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување. Од денеска,  отворена е за сообраќај и оваа делница. 

Пуштена во употреба делницата Фариш - Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување

Проектот е со вкупна вредност од 44,74 милиони евра и е финансиран со заем од ЕБОР (Европска банка за обнова и развој). На пуштањето денеска присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

На настанот беше кажано дека се успеа да се заврши и пушти во употреба, по неполни 6 месеци откако на почетокот на годинава, беше пуштена првата делница Градско-Дреново. Всушност, се довршија градежните работи за изградбата на делницата Фариш-Дреново од експресниот пат А1 и се доби целина од 26 километри експресен пат во Коридорот 10д со кој се скратува на времето на патување од Градско кон Прилеп, Битола, Ресен и понатаму.

- Го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш – Дреново, во должина од 10,2 километри, со вредност од речиси 45 милиони евра – проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин. Овој пат е од витално значење и за Кавадарци, Прилеп, Битола и за Ресен. Овие пари, не завршија, како во минатото, во нечии џебови, не исчезнаа во провизии, тендери, фиктивни договори. Туку се тука, пред вас. Во асфалтот. Во оваа делница. Во реални, опипливи дела, истакна премиерот.

Дојде време, рече тој, кога државата не е банкомат за моќници, туку мотор на развојот.

- Дојде време кога проектите не се рекламираат на хартија, туку се градат на терен. Дојде време кога парите од граѓаните – се враќаат назад кај граѓаните, преку проекти, патишта, училишта, фабрики. Македонија се гради – чекор по чекор, делница по делница, проект по проект. Со чесна работа, домаќинска политика и партнерства како ова со ЕБОР – ја менуваме државата од темел, нагласи тој.

Притоа подвлече дека овој пат, Фариш – Дреново, не е само пат – тој е порака.

- Порака дека можеме поинаку. Порака дека ако се сака – се може. И доказ дека Македонија не е осудена на застој, туку е на патот на напредокот. Граѓаните имаат очекувања. И ние нема да ги изневериме. Кога велиме „Ги градиме темелите на промените“, тоа не се празни зборови. Тоа се патишта како овој. Тоа се училиштата кои ги обновуваме. Болниците што ги реконструираме. Тоа е новата економија, новата индустрија, новите работни места што ги отвораме. И тоа е новото време – време на одговорност, време на изградба. Доаѓа времето на Македонија. Време на чесна власт, јасна визија и видливи резултати, посочи премиерот.

Тој посака среќа за сите, делницата да им служи на сите, долги години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неверојатно количество алкохол во крвта- полицијата запрела Хрват со 5,41 промили

Осиечко-барањската полиција објави дека во текот на изминатиот викенд евидентирала дури 45 возачи кои возеле под дејство на алкохол.

Неверојатно количество алкохол во крвта- полицијата запрела Хрват со 5,41 промили

Меѓу нив имало 36 возачи на автомобили, седум велосипедисти, еден возач на трактор и еден мотоциклист, пишува порталот 24sata.hr.

Сепак, случај кој особено привлече внимание е забележан на 3 октомври во 16:59 часот во хрватското село Стриживојна. Во тој момент, полицијата запрела 58-годишен велосипедист во сообраќајот, чие ниво на алкохол во крвта било измерено на неверојатни 5,41 промили.

Оваа количина на алкохол во крвта, измерена од велосипедистот од Стриживојна, е исклучително високо и потенцијално смртоносно ниво на алкохолизам. Сепак, важно е што толеранцијата значително варира меѓу луѓето, па затоа промилот не значи потполно исто за секоја личност.

Класификација:

• 0,0 промили – без алкохол во крвта

• 0,2–0,5‰ – благ ефект; може да се доживее релаксација и намалено внимание

• 0,5–1,0‰ – забележлив ефект; лоша проценка и побавни реакции

• 1,0–1,5‰ – изразена интоксикација; нарушена координација и рамнотежа

• 1,5–2,0‰ – тешка интоксикација; значително нарушено движење и говор

• 2,0–3,0‰ – многу тешка интоксикација; можни проблеми со свеста, координацијата и ориентацијата

• 3,0–4,0‰ – потенцијално опасно по живот труење со алкохол; можно губење на свеста

• 4,0‰ и погоре – екстремно високо ниво на алкохол, со сериозен ризик од кома, респираторен застој и смрт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меган Маркл објави сника од кујната, сите ја исмеваат

Промотивната фотографија од Меган Маркл, направена по повод новата колекција на нејзиниот бренд за животен стил, предизвика дебата на социјалните мрежи. 

Меган Маркл објави сника од кујната, сите ја исмеваат

Корисниците забележаа детал на фотографијата што им се чинеше неубедлив, а набрзо стана главна тема на коментари.

Фотографијата беше објавена на Инстаграм профилот на брендот As Ever со најавата за празничната колекција „Празничната колекција: Поглавје еден“, која ќе биде достапна на 6 октомври. Иако коментарите под објавата беа исклучени, фотографијата се прошири низ платформата X, каде што бројни корисници го забележаа истиот детал.

Што не е во ред со шпоретот?

На фотографијата, Меган позира во кујната до шпоретот, а токму оваа сцена предизвика најмногу реакции.

„Ако веќе се преправате дека готвите на гас, направете барем две паметни работи. Прво, проверете дали шпоретот е воопшто вклучен, копчињата дури и не се свртени. Второ, обидете се барем да изгледа како да гори пламен под тенџерето“, напиша еден корисник.

Други, исто така, забележаа дека нема видлив пламен под тенџерето. „Сето тоа е само претстава“, заклучи еден корисник, додека друг праша: „Дали Меган Маркл знае дека шпоретот мора да се вклучи пред готвење?“

Некои се потсмеваа на целата ситуација, а еден корисник ја опиша сцената како подготовка на „чорба од имагинацијата“. На фотографијата, не можете навистина да го видите пламенот под тенџерето, додека копчињата за контрола на температурата се чини дека се во исклучена положба.

Некои корисници застанаа во нејзина одбрана

Не беа сите убедени дека станува збор за пропуст. Некои корисници веруваат дека фотографијата е едноставно изрежана за потребите на кампањата и дека Меган не требало навистина да готви.

„Жената само се преправаше дека готви за фотосесија“, напиша еден корисник. Друг понуди многу едноставно објаснување за тоа што шпоретот е исклучен: „Глупаво. Шпоретот може да се исклучи затоа што храната е готова и треба само повремено да се меша пред сервирање.“

Имаше и такви кои не се занимаваа со спорниот детаљ, туку го пофалија изгледот на кујната. Некои, исто така, потсетија дека адвент календарот што Меган неодамна го лансираше е веќе распродаден.

Што носи новата колекција?

Новата празнична колекција се промовира под слоганот „Веселба во изработка“. Понудата ќе вклучува кошничка за домаќините и сет карти за играње, како и три вида чоколадо со вкусови на ѓумбир и лимон, лаванда и мед, и хибискус и роза.

Колекцијата следи луксузен адвент календар кој чини околу 112 фунти.

„Празниците нè потсетуваат колку радост може да се најде во моментите што го сочинуваат животот. Тие нè покануваат да се зближиме, да создаваме со свои раце, внимателно да ја поставуваме масата и да бидеме дарежливи кон оние што ги сакаме“, се вели во описот на новата колекција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ја одобри егзекуцијата на напаѓачот од Форт худ кој усмрти 13 лица

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја одобри смртната казна за Нидал Малик Хасан, осуден за масовното убиство во воената база „Форт худ“ во Тексас во 2009 година кога загинаа 13 лица.

Трамп ја одобри егзекуцијата на напаѓачот од Форт худ кој усмрти 13 лица

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја одобри смртната казна за Нидал Малик Хасан, осуден за масовното убиство во воената база „Форт худ“ во Тексас во 2009 година кога загинаа 13 лица, соопшти портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, на социјалната мрежа „Икс“..

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет „препорача, а претседателот Доналд Трамп одобри осудениот терорист, Хасан, да биде погубен од стрелачки одред на американската армија, соопшти Парнел.

Датумот и местото на егзекуцијата ќе бидат одредени подоцна, додава тој.. Хасан, кој е роден во САД и има палестинско потекло во 2009-та година пукаше кон војници во медицински центар во базата „Форт худ“, со намера да ги спречи да учествуваат во, како што ги сметал, „незаконските“ војни во Авганистан и Ирак.. Сметан за „осамен волк“ на Ал Каеда, тој притоа уби 13 лица, меѓу кои 12 војници, и рани десетици други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер