Пуштена новата катна гаража „Разловечко востание“ во центарот на Скопје - Канал 5

Пуштена новата катна гаража „Разловечко востание“ во центарот на Скопје

Среде строгиот центар во Скопје, онаму каде паркингот е и најпотребен, свечено отворена е новата катна гаража Разловечко Востание. Граѓаните ќе можат да паркираат во оваа современа катна гаража за 30 денар час.

Пуштена новата катна гаража „Разловечко востание“ во центарот на Скопје
Автомобилите тука ќе бидат под 24 часовен видео надзор со 48 камери на сите 9 ката и едно подрумско ниво а има обезбедено и лифтови за симнување и качување по нивоата.

Ново изградената катна гаража има место за 516 возила на 20 илјади квадратни метри и дополнителни 3000 метри квадратни деловен простор. Инвестицијата е околу 8 милиони евра од кои 70 % е кредит а останатиот дел од акционерското друштво за станбен и деловен простор од интерес на Република Македонија.

-Ќе има две шалтерски наплатни места, но исто така граѓаните добиената услуга ќе можат да ја платат и преку поставените два паркомат. Од аспект на сигурност оваа катна гаража ќе биде 24 часа под целосен видео надзор покриен со вкупно 48 камери. Во склоп на самата катна гаража ќе има и посебен простор наречен чекална којшто ќе можат граѓаните коишто ќе сакаат да ги сочекаат возилата да не мора да се качуваат горе во самата катна гаража него во самата чекална да ги почекаат и да нормално потоа се упатат во саканиот правец. Сите овие услуги граѓаните ќе можат да ги добијат само за 30 денари за паркирање од еден час. АД ова им го овозможува на граѓаните само со цел решавање на паркирањето на градот Скопје како и заживувањето на ГТЦ, изјави директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов.

Премиерот Груевски на свеченото отворање порача дека со конкретно реализирање на дела и со решавање на проблемите на граѓаните кои со години никој не сакал да ги реши најдобро се честита народниот празник.

-На тој начин, систематски го решаваме еден од најголемите проблеми кои го мачеа Скопје, а тоа е паркинг просторот и метежот по улиците. Она што долго време беше проблем и што многумина пред нас не знаеле или не сакале да го решат, ние, заедно со ПУИК во изминатите неколку години чекор по чекор, со јасна визија и со многу работа, полека но сигурно го решаваме. За тоа придонесуваат катните гаражи кои ги градиме, улиците и булеварите кои се проширија и изградија во овие неколку години, како и сите идни проекти кои ќе се реализираат во оваа насока, рече премиерот Никола Груевски.

Ова е трета од вкупно седумте предвидени катни гаражи која се пушта во употреба а за еден месец ќе биде готова уште една катна гаража во Скопје. Со ова Скопје полека но сигурно се трансформира во совреме град кој ќе одговори на потребите на современото живеење и на сите домашни и странски посетители кои доаѓаат во главниот град.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кетрин Зета-Џонс: Бракот со Даглас ќе пропаднеше ако престаневме да работиме

Кетрин Зета Џонс (56) откри дека нејзиниот брак со Мајкл Даглас (81) е успешен веќе 26 години. Клучот, тврди, е што времето го поминуваат одделно, посветено на кариерата. 

Кетрин Зета-Џонс: Бракот со Даглас ќе пропаднеше ако престаневме да работиме

Холивудската двојка се заљубила пред речиси три децении, а Даглас наводно и рекол на првата средба: „Јас ќе бидам татко на твоите деца“.

Двојката која има две деца Дилан (26) и Керис (23) исто така помина низ тешки времиња. Тие накратко се разделија во 2013 година, кога на Даглас му беше дијагностициран рак на грлото, а Зета-Џонс се справуваше со биполарно растројство. Набрзо се смириле, а актерката за „The Sunday Times Culture“ објаснила како опстанала нивната врска.

„Мајкл ми вели: „Прифати ја работата, супер е“. Потоа може да лета и да ме посети. Многу е подобро отколку да се разбудите со прашањето: „Што сакаш за појадок, душо?“ Мислам дека нашиот брак немаше да опстане ако изгледаше така“, рече таа.

Посветеност на работата и семејниот живот

Додека Даглас се повлече од актерството во 2022 година по речиси 60-годишна кариера и рече дека ќе се врати само за „специјална“ улога, Зета-Џонс продолжува да работи. По успехот на серијата на Нетфликс „ Wednesday“, нејзиниот следен проект е главната улога во серијата „Kill Jackie“. Кога не снимаат, парот живее во Њујорк, каде што се преселиле откако живееле на Бермуди десет години.

Нивните деца, Дилан и Керис, исто така градат актерска кариера по завршувањето на факултетот. „Тие се обидуваат. Мора да ја следите вашата страст“, ​​рече Зета-Џонс.

Театарско деби на ќерката Керис

Керис, која дипломираше на Универзитетот Браун минатата година, дебитираше во театарот во Њујорк во јули. Таа глумеше во претставата на Чехов „Галеб“, која беше одиграна на крајот на јуни во Бруклин, а видеото од нејзиниот настап стана вирално на социјалните мрежи.

Семејна пријателка потврди дека нејзините родители се „многу горди“ на нејзиниот успех. Самата Керис зборуваше за списанието „People“ за нејзината желба да продолжи да глуми. „Пораснав во театар. Не студирав глума, но среќна сум што сум во креативна средина и се надевам дека ќе продолжам по тој пат“, вели таа.

Во 2018 година, таа го опиша растењето со познати родители за „Town & Country“: „Ме држат приземјена и ме потсетуваат: „Погледни околу себе. Животот што го имаш е извонреден“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавена е листа на 10-те најдобри европски дестинации за есен

Европа нуди долга и разновидна есен, со пејзажи кои се движат од планински долини и шуми до лозја, од кои сите добиваат препознатливи сезонски бои.

Објавена е листа на 10-те најдобри европски дестинации за есен

Европа може да биде навистина убава за време на есента, па затоа е објавена листа од десет европски дестинации во кои навистина може да се ужива по летото.

10 европски дестинации за посета за време на есента:

1. Езерото Блед, Словенија

2. Баварските Алпи, Германија

3. Езерскиот округ, Англија

4. Трансилванија, Романија

5. Пертшир, Шкотска

6. Доломити, Италија

7. Долина на Лоара, Франција

8. Лапонија, Финска

9. Долина Дуро, Португалија

10. Национален парк Плитвички Езера, Хрватска

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брод нападнат во близина на оманскиот брег, морнар исчезнат

Индија соопшти дека 13 членови на екипажот се спасени, додека едно лице сè уште се води како исчезнато по нападот врз брод во близина на оманскиот брег во Ормузскиот теснец.

Брод нападнат во близина на оманскиот брег, морнар исчезнат

Осудувајќи го нападот врз трговскиот брод МТ Ел Гаја, индиското министерство за надворешни работи соопшти дека 14 индиски членови на екипажот биле на бродот во времето на нападот, а еден сè уште се води како исчезнат.

„Нашата амбасада во Оман внимателно ја следи ситуацијата и проактивно се координира со оманските власти во тековната операција за пребарување и спасување. Им благодариме на оманските власти за нивната поддршка во спасувањето на нашите државјани“, соопшти министерството.

Повикувајќи на „итна деескалација и дијалог и дипломатија за да се донесе мир во регионот“, Њу Делхи рече дека „таргетирањето на трговските бродови, морнарите, цивилите и цивилната инфраструктура во регионот е неприфатливо“.

Ситуацијата во теснецот не се смирува

„Исто така, повикуваме на итно враќање на слободната и безбедна пловидба и протокот на трговија преку меѓународните водни патишта во регионот“, соопшти министерството.

Британскиот орган за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти рано во неделата дека брод што минувал низ Ормускиот теснец бил погоден од неидентификувана муниција.

Во соопштението објавено на интернет се вели дека нема достапни информации за состојбата на екипажот, обемот на штетата или потенцијалното влијание на бродот врз околната средина.

Поморскиот орган соопшти дека е во тек истрага и им советува на бродовите да продолжат да пловат со претпазливост и да пријавуваат каква било сомнителна активност.

Сообраќајот низ критичниот Ормуски теснец останува далеку под нивоата забележани пред почетокот на војната меѓу САД и Иран во февруари оваа година, поради тековните безбедносни ризици и нападите врз трговски бродови што минуваат низ регионалните води.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер