Оваа иницијатива има за цел да им овозможи на децата еднаков почеток и сигурна училишна иднина.
Денеска, во кабинетот на градоначалникот, дечињата кои ја завршија градинката „Росица“ заедно со градоначалникот ги избраа своите нови училишни ранци, кои ќе ги користат од септември.
Покрај тоа, Општината и оваа година ќе обезбеди бесплатна ужинка за секое дете од прво одделение, со цел да се промовираат здрави навики и правилна исхрана.
„Грижата за децата е наша најголема обврска и посветеност. Со овие проекти создаваме услови за еднаков почеток, охрабрување и сигурност во нивниот образовен пат“, истакна градоначалникот Стојкоски.
Општина Ѓорче Петров останува посветена на развојот на локалната заедница, особено преку поддршка на образованието и создавање поволна средина за раст и развој на децата.
Општина Ѓорче Петров