МакедонијаПуштен во употреба експресниот пат Фариш-Дреново во должина од 10,2 км. дел од коридорот 10дОткако на стартот на годинава, заедно со правиот дел Градско Дреново, беше пуштен 1 километар, денеска и официјално се пушти за сообраќај целата делница од Фариш до Дреново во должина од 10,2 киломтери. Од Скопје до Прилеп, ќе се патува околу еден час, а до Битола час и половина, делницата Фариш Дреново, дел од експресниот пат Градско Прилеп, која ја градеше кинески Синохидро, е во вредност од околу 45 милиони евра, прокет финансиран со заем од ЕБОР. Нагласувајќи ја важноста од завршувањето и пуштањето во употреба на овој пат, како дел од Коридодт 10 Д, премиерот Христијан Мицкоски вели ова ќе значи поголем економски и општествен развој на државата. „Дојде време кога државата повеќе не е банкомат на моќници, туку мотор на развој...Дојде време кога проектите не се рекламираат на хартија туку се градат на терен... дојде време парите на граѓаните се враќаат назад кај граѓаните, преку прокети, патишата, училишта, фабрики....“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Иако, како што беше нагласено, се работи за еден од најопасните патишта во земјава, денеска вицепремеирот и министер за транспорт Александар Николоски уверува имаме безебден пат. Според Николоски по автопатот Кичево Охрид, ова бил еден од најсложените проекти. „Тунелите позади нас и планината позади нив беа навистина голем предизвик... Буквално планина се помести за да се изгради овој експесен пат, меѓутоа да е безбеден што е најважно, ние решивме пуштањето да се пролонгира за да имаме максимално експресен пат...После година дена имаме реалност а не вештачка интелегенција и затоа ние сме каде што сме нашите опоненти се таму каде што се ...“ - Александар Николоски – министер за транспорт. Првиот човек на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски најави дека во перидот кој следи ќе се започне со изградба и на трета лента од каменоломот на Плетвар до Беловодица, а со владата вели се разгедуваат опции и за изградба на експересн пат до Прилеп. По свеченото пуштање на делнциата, преку соопштение реагираа од опозциската СДСМ. Од партијата и денеска ја обвинија Владата дека се слика со проекти кои биле во најголем дел завршени во време на нивниот мандат. ВМРО-ДПМНЕ, по цела година власт, се слика на отворање на пат кој 90% беше готов, за кој само санираа едно свлечиште, поставија сигнализација и неколку огради, стои во партиското соопштение. Тагови: Александар Николоски сообраќај Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лицеНа 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско. При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаКобила за ождребила на булеварот „Илинденска“Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.Тагови: Илинденска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветНовата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифатиМедведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност. Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин. Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите. Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура. Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру. Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.Тагови: москва украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook