Пушка за Counter-Strike е продадена за над милион долари- не се знае купувачот (ВИДЕО) - Канал 5

Пушка за Counter-Strike е продадена за над милион долари- не се знае купувачот (ВИДЕО)

Играта Counter-Strike е бесплатна, но играчите можат да ги трошат своите пари за скинови, т.е. варијанти на бои и дезени, како и за оружје во играта што достигнува високи бројки.

Пушка за Counter-Strike е продадена за над милион долари- не се знае купувачот (ВИДЕО)

Но, иако тие редовно достигнуваат стотици, па дури и илјадници долари, еден скин неодамна го разбранува светот на игри кога беше продаден за повеќе од еден милион американски долари.

Креаторот на содржината Џејк Лаки објави скриншот од скинот на својот X (Твитер) и напиша: „Ова не е најскап скин во CS, но е најскап што е јавно продаден“. Исто така, не се знае точно колку е платен скинот, само што чинела над милион долари. Ова е StatTrak Factory New AK-47 Blue Gem 661 пушка.

„Само кловновите веруваат дека овие „продажби“ се легални“, „Ова мора да е перење пари“, „Не би го користел ова дури и да го добијам бесплатно“, „Нема шанси скинот да вреди толку“, „Проклетство , штедев џепарлак за ова“, „Дали е ова НФТ?“, „Ова не е нормално“, „Какво губење пари“, „Милион за пиксели“, „Нема да ме убедите дека ова не е перење пари“, се само дел од коментарите на објавата.

Продавачот на скинот е Сем (@roflmonster), кој на својот X (Твитер) изјави дека не може да каже кој е купувачот или точната сума за која е продаден скинот, но рече дека „понудите од милион долари неколку пати беа одбиени“.

Толку висока сума за продажба била возможна затоа што скинот е уникатен, односно има само една во Counter-Strike, а играчите првпат дознаа за тоа претходно оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Путин може да присуствува, ако сака, на самитот на Г20 на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знае дали рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на самитот на Г20 што ќе се одржи во Флорида следниот месец, но дека би можел да дојде доколку сака.

Трамп: Путин може да присуствува, ако сака, на самитот на Г20 на Флорида

„Ако сака да дојде, сигурно може да дојде“, им рече Трамп на новинарите во неговиот голф-центар во Флорида во четвртокот, велејќи дека некои луѓе нема да бидат среќни да го видат Путин на состанокот на 14 и 15 декември и дека се сомнева дека самиот Путин би сакал да присуствува, објави Ројтерс. Трамп истакна дека лично би сакал Путин да дојде на самитот на Г20 во Флорида.

Кремљ синоќа објави дека сè уште не е донесена одлука за учеството на Путин на самитот на Г20.

По средбата со Трамп минатата недела, Путин рече дека ќе размисли да дојде на состанокот откако ќе разговара со американскиот претседател, но истакна дека ќе мора да ја земе предвид ситуацијата во Русија при донесувањето одлука за патување во Соединетите Држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Годишно собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ

Земјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање .

Годишно собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ

Земјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање – ова е една од клучните пораки од Годишното собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ, на кое учествуваше Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Регулатори, креатори на енергетски политики, финансиски институции и учесници во енергетскиот сектор дискутираа за унапредување на регионалната енергетска соработка, интеграцијата на енергетските пазари и забрзувањето на енергетската транзиција на медитеранските земји.

Учесниците посочија дека неопходни се јасни и предвидливи правила за надминување на бариерите, при што нагласија дека неопходно е енергетската инфраструктура да се модернизира за поголема ефикасност и флексибилност.

Во фокусот на дискусиите беше и стратешката иницијативата на Европската Унија T-MED чија цел е поврзување на земјите од јужниот Медитеран со ЕУ со цел поттикнување инвестиции во обновливи извори на енергија и зајакнување на регионалната соработка.

МЕДРЕГ е асоцијација на регулатори којашто обединува 30 членки од 24 држави кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц: „Немаме повеќе пари за се“

Рекордниот буџет на Германија за 2027 година во износ од 560 милијарди евра „може да се оправда“, но во наредните години ќе биде потребно значително намалување на расходите, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во Бундестагот, пренесува ДПА.

Мерц: „Немаме повеќе пари за се“

Канцеларот Мерц зборуваше за владината политика, која е централен дел од последната еднонеделна дебата за буџетот.

Пратениците ја започнаа последната дискусија во вторник. Се очекува пратениците да го усвојат буџетот вечерва.

„Во овие времиња мора да разбереме и да учиме заедно... дека повеќе немаме пари за сè“, рече Мерц.

„Сите ние овде ќе мора да се откажеме од некои идеи што ни се блиски до срцето“. Даночните приходи повеќе нема да можат да покријат сè на што се навикнати Германците, истакна канцеларот и додаде дека без заштеди, идните генерации нема да имаат простор сами да ги одредат буџетските приоритети.

Даночните приходи повеќе нема да можат да покријат сè на што се навикнати Германците, истакна канцеларот и додаде дека без заштеди, идните генерации нема да имаат простор сами да ги одредат буџетските приоритети.

„Имаме должност и одговорност заедно да го спречиме тоа“, рече Мерц.

Тој ги повика граѓаните да пристапат кон одлуките за распределба на јавните пари како „заедница на луѓе со добра волја“. Како што рече, за тоа не постои едноставна формула. „Нема калкулатор што може да пресмета што е совршено фер“, заклучи германскиот канцелар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер