Пукотници во Призрен, убиен напаѓачот кој пукал кон полицајците

Косовската полиција вечерва објави дека во Призрен напаѓачот пукал кон полицајците кои одговориле со огнено оружје во самоодбрана.

Во соопштението, косовската полиција наведува дека нивните припадници вечерва во Призрен го пронашле осомничениот Б.Ш., со прекар „Слепи“, за кого е распишана потерница за делото „убиство во обид“.

Во моментот кога ја забележал полициската патрола, осомничениот започнал да пука кон полицајците, кои биле принудени да одговорат со огнено оружје во самоодбрана, се вели во полициското соопштение.

На осомничениот, кој бил повреден при размената на оган, му била укажана лекарска помош и бил испратен на лекување во болница.Сепак, надлежните лекари потврдиле дека лицето починало, се додава во соопштението.

На местото на настанот е пронајдено оружје, со кое осомничениот пукал кон полицајците, како и две рачни бомби.

Регистриран силен земјотрес на островот Суматра!

Силен земјотрес го погоди островот Суматра! 

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 30 километри.

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди денеска северниот брег на индонезискиот остров Суматра, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од градот Мулабо на длабочина од 30 километри, објавено е на веб-страницата ЕМСЦ.

Николовски: Верувам дека Владата ќе најде решение за платите во АД „Водостопанство“

Допираат информации од вработени дека не се исплатени неколку плати. 

Верувам дека Владата ќе најде решение, на тоа работи вицепремиерот Фатмир Битиќи, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со ситуацијата во АД „Водостопанство“.

Како што објасни Николовски, платите ги исплаќа АД „Водостопанство“ кое не е орган во состав на Министерството за земјоделство.

-Јас и неколку министри го отвораме постојано прашањето на Влада, зашто допираат информации од вработени дека не се исплатени неколку плати. Верувам дека Владата ќе најде решение. Ние го поддржуваме АД „Водосатопанство“ во капиталните инвестиции, во реконструкцијата и изградбата на системите за наводнување, во целосното одржување, а во тој дел предвидовме 180 милиони денари. Како што се склучуваат договорите од нивна страна, така се исплаќаат, истакна Николовски, по примопредавањето на опремата за шумската полиција од Италија.

Тој потсети дека уште во 2018 година на негово барање, МЗШВ доби грант од ЕУ за реорганизирање на АД „Водостопанство“.

-ИПА проектот е готов и во најскоро време ќе биде предложен модел за реорганизирање пред Владата, напомена министерот, додавајќи дека тоа ќе биде во контекст и на барањата на земјоделците кои сакаат да се врати стариот систем на водни заедници.

Бензините поевтинуваат, поскапуваат дизелот и екстра лесното

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95  ќе изнесува 84 денари,  а 86 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 91 денар, а по 87,5 денари  Екстра лесното 1 (ЕЛ-1)

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за денар, а за половина денар ЕУРОСУПЕР БС-95, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поскапуваат за денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 91 денар, а по 87,5 денари Екстра лесното 1 (ЕЛ-1)

Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,623 денари за килограм и ќе изнесува 49,768 денари.

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 проценти во однос на одлуката од 21. месецов.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,158 проценти, кај дизелот зголемување за 0,928 проценти, кај екстра лесното масло зголемување за 0,834 проценти, а кај мазутот намалувањето е за 2,998 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,762 проценти.

притисни ентер