Пукотница во Турција: Убиени се најмалку тројца полицајци во престрелка со терористи од ИД (ВИДЕО) - Канал 5

Пукотница во Турција: Убиени се најмалку тројца полицајци во престрелка со терористи од ИД (ВИДЕО)

Тројца турски полицајци се убиени, а девет се ранети во размена на оган со членови на терористичката група Исламска држава за време на антитерористичка операција во покраината Јалова, соопштија властите.

Пукотница во Турција: Убиени се најмалку тројца полицајци во престрелка со терористи од ИД (ВИДЕО)

Конфликтот избувнал околу 3 часот наутро по локално време, кога полицијата изврши рација во куќа во селото Елмалик, околу девет километри од центарот на Јалова на северозападниот дел од земјата. Се претпоставуваше дека во куќата живееле членови на Исламска држава, објави Сабах.

Осомничените отвориле оган кога полицајците се приближиле. Според достапните информации, шест членови на Исламска држава биле убиени во престрелката. На ранетите полицајци им била укажана медицинска помош во Болницата за обука и истражување во Јалова.

YouTube video

Специјалните сили од соседната покраина Бурса исто така биле вклучени во операцијата, а безбедносните мерки околу местото на настанот биле дополнително зајакнати. Наставата била прекината во пет блиски училишта, а патиштата што водат до куќата биле затворени.

Зголемени антитерористички активности

Регулаторното тело за електронски медиуми на Турција воведе привремена забрана за известување за инцидентот, со упатства за објавување само официјални информации. Операцијата се спроведува во време кога турските власти ги засилија антитерористичките активности пред новогодишните прослави, по предупредувањата од разузнавањето за можни напади од Исламска држава.

На 25 декември, полицијата во Истанбул приведе 115 осомничени членови на Исламска држава во рации на 124 локации, по извештаите дека групата планирала напади за време на прославите за Божиќ и Нова Година. Издадени се налози за апсење за 137 лица, а полицијата конфискува оружје и муниција. Потрагата по преостанатите 22 осомничени сè уште е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

60-годишен скопјанец ја раскажа двенеделната сага со западнонилската треска по каснување од комарец

60 годишен маж од скопско Кадино, ја раскажа две неделната сага преживеана со нилската треска.

60-годишен скопјанец ја раскажа двенеделната сага со западнонилската треска по каснување од комарец

Маката започнала три дена по големото невреме во јули во Скопје. Тој расчистувал паданти дрва, кровови и верува дека тогаш бил каснат од комарец. Почнало со треска и силна главоболка, чувство на нервоза и страв, по два дена лекување дома одма отишол на инфективната клиника.

Десет дена се лекувал во болница, но излегувањето од болница значи надминување на треската, но не и на уморот. Бара редовни контроли и одмор.

Во инфективната клиника има шест пациенти, двајца се критични. Нови приеми нема. Диреркторот на клиниката Фадил Цана во вести плус на канал 5 посочи дека за да се спречат потешки последици е едукација на населението за зашитата но и навремено прскање на каналите и нивно чистење.

60 годишниот скопјанец објасни дека последен пати на клиниката бил пациент со ковид, но овој пат вирусот на нилска треска бил многу потежок. Тој со апел заштита со средства против комарци, но општините да ги одржуваат водните површини и редовно да прскаат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта

За 35 лица е намален бројот на загинати во сообраќајни несреќи во првите осум месеци годинава, споредено со истиот период лани.

По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта

Од 96 жртви во 2025, бројот годинава е намален на 61. Бројките ги сподели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешниот старт на „Безбеден град“ во Велес. Тој посочи дека намалувањето на бројот на жртви е резултат на повеќе фактори, меѓу кои и зголемената контрола и санкционирањето на сообраќајните прекршоци.

Со пуштањето во функција во Велес, системот го опфаќа целото подрачје на СВР Велес – Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Само за ден и пол системот во Велес веќе регистрирал 151 сообраќаен прекршок. Од нив, 124 се регистрирани во саботата, а уште 27 денеска до пладне. Најголем дел се за прекумерна брзина, додека три до четири прекршоци се за минување на црвено светло.

-Вчера (сабота) регистрирани се 124 казни, а денес до пладне 27 казни, односно за ден и пол вкупно 151. Ова е многу помалку во споредба со бројките што ги имавме во некои претходни периоди. Велес доби и команден центар за овој систем, сместен во поранешните простории на Министерството за одбрана, кои се целосно реконструирани. Тој го покрива подрачјето на СВР Велес, односно градовите Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Најголем дел од овие 151 казна се за брзо возење, а само три-четири се за минување на црвено светло на семафор. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи

Но, црниот биланс на патиштата и натаму е присутен. Само во изминатите два дена во две тешки сообраќајки загинаа три лица – двајца кај Илинден, меѓу кои татко и неговиот 17-годишен син, и 21-годишен млад фудбалер во несреќата на патот Гостивар–Стража. Во двете несреќи има и повеќе повредени. Во сообраќајката кај Илинден повредени беа две лица, едното повредено 17 годишно момче е во кома, а 17 годишната девојка е тргната од респиратор, велат од Ургентен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Ќе се намалува ДДВ-то за дизел горивата

На владина седница денеска ќе се донесе мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти – информира премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Ќе се намалува ДДВ-то за дизел горивата

Во продолжение погледнете ја целосната изјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер