Украина ја презеде одговорноста за експлозијата во Москва и убиството на двајцата полицајци - Канал 5

Украина ја презеде одговорноста за експлозијата во Москва и убиството на двајцата полицајци

Воената разузнавачка служба на Украина (HUR) соопшти дека стои зад бомбашкиот напад во Москва во среда наутро во кој загинаа двајца полицајци.

Украина ја презеде одговорноста за експлозијата во Москва и убиството на двајцата полицајци

Според очевидци и локални власти, експлозијата во јужна Москва убила двајца полицајци кога се приближиле до осомничен во близина на нивното службено возило околу 1:30 часот по локално време.

Изворите на „Киев пост“ во HUR потврдија дека агенцијата била вклучена во нападот. Изворот рече дека двајцата убиени учествувале во руската инвазија на Украина и мачеле украински воени заробеници.

„Во раните утрински часови на 24 декември, двајца припадници на руското Министерство за внатрешни работи беа елиминирани на улицата „Елецка“ во Москва, кои учествувале во војната против Украина и, поточно, мачеле украински воени заробеници“, изјави изворот за „Киев пост“.

Потсетиме, претходно беше откриено дека жртвите биле полицајците Илја Климанов и Максим Горбунов, кои биле пријатели од детството.

Извор за „Киев пост“ изјави дека нападот го извршил локален дисидент.

„Околу 1 часот по полноќ, локален жител, како знак на несогласување со агресивната политика на Кремљ, елиминираше двајца припадници на руската полиција. Приближувајќи се кон полициски автомобил паркиран во близина на полициската станица, човекот фрли експлозивен пакет низ прозорецот на возилото, што предизвика експлозија“, рече изворот.

Според него, уште две лица, покрај загинатите полицајци, се „хоспитализирани со сериозни повреди“.

Да потсетиме, експлозијата се случила во близина на местото каде што рускиот генерал-полковник Фанил Сарваров беше убиен во понеделник кога под неговиот паркиран автомобил беше активирана експлозивна направа. Сарваров го водеше одделот за обука на Генералштабот на руските вооружени сили.

Од почетокот на војната во Украина, Киев изврши напади насочени кон руски воени функционери и проруски личности, како во Русија, така и на окупираните територии на Украина.

Во декември 2024 година, Игор Кирилов, началник на руските сили за радиолошка, хемиска и биолошка одбрана, беше убиен во Москва од експлозија на бомба од електричен скутер, во случај што го презеде Безбедносната служба на Украина (СБУ).

Во април 2023 година, рускиот воен блогер Максим Фомин беше убиен кога статуетка експлодираше во кафуле во Санкт Петербург. Во декември истата година, поранешниот украински пратеник Иља Кива, кој избега во Русија и беше осуден во отсуство за предавство, беше пронајден мртов со прострелни рани во парк во близина на Москва, во атентат што подоцна му се припишува на СБУ.

Во август 2022 година, СБУ изврши и напад со автомобил-бомба во кој беше убиена Дарја Дугина, ќерка на ултранационалистичкиот идеолог Александар Дугин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер