СветПукотница во парк во Филаделфија: Повредени деца, има и загинати (ВИДЕО)Тројца тинејџери се ранети во масовно пукање што се случи во Фермаунт Парк, најголемиот градски парк во Филаделфија, соопшти полицијата.Во пукотницата загинаа две лица, маж и жена, додека вкупно единаесет лица се повредени. Инцидентот се случил вчера навечер околу 22:30 часот по локално време на аголот од Лемон Хил Драјв и Поплар Драјв. Според полицијата, пукањето следело по собир на ентузијасти за автомобили, кој се претворил во хаос, пишува „Мирор“. A mass shooting on Monday night in Philadelphia's Fairmount Park left two people dead and nine others wounded, local media 6abc Action News reported. The shooting happened around 10:30 pm. At least two of the shooting victims are juveniles, police say, according to 6abc Action… pic.twitter.com/OOYaj8dIq3 — Global Times (@globaltimesnews) May 27, 2025 Меѓу ранетите има тинејџери на возраст од 15, 16 и 17 години. Сите повредени, вклучувајќи едно лице кое беше удрено од возило во хаосот што настанал, се однесени во болница и се во стабилна состојба. На местото на настанот е снимен драматичен материјал, на кој се гледа силно полициско присуство во паркот. Никој сè уште не е уапсен во врска со пукањето, не е пронајдено оружје, а информации за потенцијални осомничени не се објавени. 🇺🇸At least two people were killed and nine were injured in a #shooting in #Philadelphia. This was reported by the WPVI television channel. According to police, a man and a woman were killed, and three teenagers were among the injured. No other details of the incident were… pic.twitter.com/Pxl457ZiU1 — News.Az (@news_az) May 27, 2025 Полицискиот комесар на Филаделфија, Кевин Бетел, потврди дека маж и жена ги загубиле животите во пукањето, додека другите се надвор од животна опасност. Паркот Фермаунт, отворен уште во 1812 година, се простира на повеќе од 2.000 хектари и ги вклучува источниот и западниот дел од паркот, одделени со реката Шујкил. Пукањето се случило во источниот крај на паркот, кој се протега до центарот на градот како што се Бруери Таун и Стробери Меншн. Паркот ја вклучува и познатата зоолошка градина во Филаделфија. Полицијата апелира до сите граѓани кои имаат какви било информации за инцидентот да се јават кај надлежните органи.Тагови: пукотница Филаделфија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо пожар над селото Палиград на Китка спасено телеВчера додека бев на лице место на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, покрај тешката борба со пожарот имавме и една несекојдневна и убава случка.Во метежот и огнот, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да спасат едно мало теле кое останало на опожарениот терен. Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден. Во вакви моменти, секој спасен живот е важен. А денес, меѓу огнот и пепелта, успеавме да спасиме и едно мало суштество. За жал, пожарите не ја загрозуваат само природата, имотот и животите на луѓето. Загрозени се и животните, кои често остануваат беспомошни пред огнената стихија. Затоа, апелирам на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи суштества. Да ја чуваме природата, да ги заштитиме луѓето, имотот и животнитеинформира првиот човек на ЦУК, Мухамед Али.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
ФудбалЛиверпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескапАнглискиот гигант Ливерпул повторно ќе се обиде да го реализира трансферот на десното крило Јанкуба Минте (22) од Брајтон. Минатата сезона, гамбискиот репрезентативец постигна три гола и забележа четири асистенции на 34 натпревари во Премиер-лигата. Неговата пазарна вредност изнесува 45 милиони евра, а тој има договор со клубот до летото 2029 година. Главна цел на Ливерпул е Бредли Баркола од ПСЖ, но клубот не е подготвен да ги плати 160-те милиони евра (или повеќе) што францускиот гигант ги бара за него.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
МакедонијаГрад Скопје: Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на ВардарГрадот Скопје започна голема акција за целосно уредување и санација на пешачката зона долж кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае.Кејот на Вардар е едно од најпосетените и најзначајните места за скопјани, простор каде граѓаните спортуваат, се рекреираат, поминуваат време со своите семејства и создаваат пријателства и спомени. Токму затоа, неговото одржување и уредување претставува обврска и одговорност кон сите граѓани. Во рамки на акцијата се заменуваат уништените и оштетени подни плочки, се нивелираат нерамните површини и се санираат оштетувањата долж пешачката зона. Целта е кејот да биде повторно безбеден, функционален и уреден простор достапен и пријатен за сите генерации. Уредувањето на кејот е дел од пошироките активности за враќање на животот и содржините на овој простор. Во изминатиот период се изградени нови спортски терени и се поставува современа урбана опрема, а паралелно се реализира и голема акција за темелно расчистување на коритото на реката Вардар на територијата на Скопје. Кејот е пулсот на Скопје – место каде што градот живее и каде што секојдневно престојуваат илјадници граѓани. Затоа, неговото уредување, одржување и развој остануваат еден од приоритетите во создавањето подобар и поквалитетен јавен простор. Градот Скопје продолжува со активности за унапредување на кејот и негово претворање во современ, безбеден и функционален простор кој ќе им служи на скопјани и на идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook